Свети Методиј
Св. Методиј Солунски | |
---|---|
Статуа на Св. Методиј Солунски во Тшебич | |
Роден(а) | 825 Солун, Византија, |
Починал(а) | 6 април 885, Моравија |
Почитуван(а) во | православие |
Слава | 24 мај (Ден на сесловенските просветители) |
Заштитништво | Охрид и Македонија |
Св. Методиј Солунски (825 — Моравија, 6 април 885) — сесловенски просветител и постар брат на Константин Филозоф (Кирил).
Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на старословенски најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.
Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во византиската армија и веќе бил познат и на царскиот двор во Цариград. Бил споредуван со Самсон (според силата) и Исус Навин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од царот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.
Брегалничката мисија на Методиј била да воспостави ред и да го наметне духовното и кулутурното влијание на Византија кај Словените – Струмјани, од источните краеви на Македонија.
Најмалиот брат на Методиј бил Константин. Константин се втурнал во водите на филозофијата, лингвистиката и мисионерството.
Активноста на Методиј била насочена пред сè кон воспоставување и зацрвстување на врските со Струмјаните, но не со силата на мечот туку преку придобивањето на ова моќно словенско племе. Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта резултирала со издавањето на т.н „Закон судњиј људим“ воен законик напишан на словенски јазик со грчки букви. Според Сергеј Троицки овој закон го смета за првенец на сета словенска литература.[1]
Основниот проблем било неразбирањето на грчките букви од страна на Словените и неможноста старословенскиот јазик да се преточи со грчката азбука.
Постариот брат Методиј (825-885), според византиските обичаи, требало да го следи животниот пат на својот татко. За тоа бил даден да се школува во училишта во кои слушателите главно се здобивале со воени знаења и се подготвувале за стекнување високи световни кариери. Методиј бил физички добро граден а покрај тоа и доста мудар. Тоа му овозможило уште на млади години да ги совлада воените вештини. По завршувањето школувањето исполнувал воени должности во рамките на солунската област. Како храбар воин уште млад стекнал голема воена слава. На дваесет годишна возраст бил удостоен од византискиот цар со војводски чин и како таков во 845 година бил испратен да управува со „Словенското кнежевство“ чиешто средиште го сочинувале струмичко-брегалничките краишта.[1]
Методиј го управувал словенското кнежевство 10 години, од 845 до 855 година.[1][2] За местоположбата на ова словенско кнежевство постојат повеќе хипотези, меѓутоа најблизу до вистината е дека истото се наоѓало во струмичко-брегалничкиот регион, каде во близина на денешното село Крупиште кај Штип се наоѓал град Равен каде веројатно и било седиштето на кнежевството[2]. Во Методиевото кнежевство живееле Струмјаните, кои биле доста немирни. Со испраќањето на Методиј за нивен управител Византија сметала дека тие ќе бидат смирени и претворени во мирни поданици, а тој имал можност и прилика да го запознае нивниот бит, нискиот степен на просветеност и паганските обичаи[2].
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Бранко Панов (1985). Годишен зборник на Филозофскиот факултет: КОН 1100-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ И СЕСЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛ МЕТОДИЈ* (PDF). Скопје: Филозофскиот факултет. стр. 36–37. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 Белчовски, Јован (2006). Црковна историја на македонскиот народ. 1 (Охридската архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 година. изд.). Скопје: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“. стр. 17.
|
|