Прејди на содржината

Селјани

Координати: 41°1′N 24°17′E / 41.017° СГШ; 24.283° ИГД / 41.017; 24.283
Од Википедија — слободната енциклопедија
Селјани
Φίλιπποι
Селјани is located in Грција
Селјани
Селјани
Местоположба во областа
Селјани во рамките на Кавала (општина)
Селјани
Местоположба на Селјани во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°1′N 24°17′E / 41.017° СГШ; 24.283° ИГД / 41.017; 24.283
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&1000000000000007800000078 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно194
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Селјани (грчки: Φίλιπποι, Филипи[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 78 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Античка историја

[уреди | уреди извор]

Крај денешното село се наоѓаат урнатините на античкиот град Филипи (Кринидес), основан од колонисти од Тасос и преоснован од Филип II Македонски, познат по Битката кај Филипи во 42 п.н.е.

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 800 Турци и 200 Грци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1926 година, селото било преименувано во Месорема, но во 1932 година уште еднаш било променето во денешното име, Филипи[4].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 163 грчки семејства со 312 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1207 лица, додека во 1940 година селото броело 1445 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1668 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1353 жители, во 1971 година имало 732 жители, во 1981 година имало 728 жители, додека во 1991 година имало 778 жители[6]. Денеска, населението на селото е 894 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1445 1668 1353 732 728 778 894
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Φίλιπποι
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 77.