Сергеј Рахманинов
Сергеј Рахманинов | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Сергеј Василевич Рахманинов |
Познат(а) и како | Сергеј |
Роден(а) | 1 април 1873 Семјоново, Русија |
Починал(а) | 28 март 1943 Беверли Хилс, САД |
Занимање/ња | композитор, пијанист |
Години на активност | 1891–1943 |
Мрежно место | [1] |
Сергеј Василевич Рахманинов (руски: Серге́й Васи́льевич Рахма́нинов; 1 април 1873 - 28 март 1943) — руски пијанист, композитор и диригент, еден од најпознатите руски пијанисти кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во неговите дела, најдоминирачки инструмент е пијаното, кое Рахманинов го научил до совршенство, проучивајќи ги можностите на овој музички инструмент. Неговата музичка филозофија потекнувала од руската духовна традиција, каде улогата на уметникот е да направи убавина и да ја зборува вистината од неговото срце. Неговите дела го претставуваат доцниот Руски Романтизам во класичната музика. Бил инспириран од Петар Илич Чајковски, Корсаков и другите познати Руски композитори. Како композитор пишувал хорски дела, опери, клавирски сонати, клавирски концерти, увертири и симфонии. Не била само вештината на свирење клавир, која го ловела вниманието на публиката, туку и харизмата која тој ја поседувал.
Живот
[уреди | уреди извор]Сергеј Василевич Рахманинов е роден на 1 април 1873 година во Семјоново, град во северноисточна Русија. Уште на четири години го покажал својот интерес кон музиката, учејќи да свири на клавир, а на девет годишна возраст се запишал на музичкото училиште во Санкт Петербург. Од 1988 година го продолжил своето образование во Московското музичко училиште.
Младост
[уреди | уреди извор]Уште како млад ја покажал својата талентираност во компонирањето. Првите сериозни дела за клавир ги компонирал и извел на тринаесет години. Додека студирал, ја напишал операта “Алеко”, која се состоела од еден чин и за која добил златен медал за композицијата на операта. На деветнаесет години, во 1892 година, го напишал Првиот Концерт за клавир, за кој ќе добие големи критики и кој ќе го преработи во 1917 година.
Почетни препреки и неуспеси
[уреди | уреди извор]Првиот Концерт за клавир бил промовиран на 27 март 1897 година, кој се здобил со големи критики. Исто така, Рахманинов сакал да се ожени со неговата братучетка Наталија, за која црквата нема да даде дозвола. Сите овие работи многу ќе му наштетат на неговото здравје, што ќе доведе до период на голема депресија.
Во наредниот период Рахманинов пишувал се помалку музика, сè додека не започнал аутосугестивна терапија. Како резултат на овие сеанси бил Вториот Концерт за клавир, кое е едно од неговите најдобри композиции. Уште повеќе закрепнал, кога по неколку години, црквата му дозволила да се ожени со Наталија. Церемонијата се одржала на 29 април 1902 година во Москва и нивниот брак траел сè до смртта на Рахманинов. По неколку успешни сценски настапи како диригент, понудена му е работа во Големиот театар , кој поради политични причини ќе го напушти две години подоцна.
Емиграција во САД
[уреди | уреди извор]Рахманинов првата турнеја во САД, како пијанист, ја направил во 1909 година. Оваа успешна турнеја ќе го направи славна личност во САД. По Октомвриската револуција во 1917 година и по губењето на својот имот, Рахманинов, покрај многуте други останати уметници, ја напуштил трајно својата татковина, Русија, заедно со неговото семејство.
Емиграцијата во САД во 1918 година, за Рахманинов била нов период на живеење и творење. Композиторската активност останала во втор план, бидејќи морал да одржува многу концерти за да го издржи семејството. Помеѓу 1892 и 1917 (кога живеел во Русија) напишал 39 композиции, а од 1918, па сè до неговата смрт во 1943 година (кога живеел во САД) напишал само 6 композиции. Тој кажал „Кога ја напуштив Русија, инспирацијата за компонирање ме напушти мене“. Неговото повторно оживување како композитор се вратило назад, откако ја изградил Вилата Сенар, во Швајцарија и таму ги поминал летата од 1932 до 1939 година. Вилата го потсетувала на неговиот поранешен имот во Русија. Таму, тој ги напишал Рапсодија на тема Паганини (една од најдобрите негови дела), Трета Симфонија и Симфонички танци (неговото последно завршено дело). Како поминуваа годините, Рахманинов сè повеќе стануваше свесен дека веќе никогаш нема да се врати во неговата сакана татковина, Русија.
Последните години од неговиот живот
[уреди | уреди извор]Рахманинов се разболел на неговата турнеја при крајот на 1942 година. Имал напредна меланома, односно рак на кожата. Тој одлучил дека 1942-43 ќе биде последната сезона како пијанист. Но проблемите допрвин почнувале. Докторите потоа констатирале меланхолија и плевритис. Рахманинов и Наталија, неговата жена, на 1 февруари 1943 година биле прогласени за државјани на Америка. Но тоа веќе било доцна за Рахманинов. Неговиот последен концерт бил на 17 февруари 1943 година, каде ја отсвирел Шопеновата композиција, познатиот Посмртен марш.
На 28 март 1943 година, неколку дена пред неговиот 70-ти роденден, починал од меланома, во Беверли Хилс, Калифорнија. Тој сакал да биде погребан во неговата вила во Швајцарија, но Втората светска војна ја направила неговата желба невозможна. Погребан е во Њујорк.
Дела
[уреди | уреди извор]Рахманинов пишувал опери, хорски дела, симфонии, увертири, клавирски сонати и клавирски концерти. Неговите најпознати дела се четирите Клавирски концерти и Рапсодија на тема Паганини.
Вториот Концерт за клавир е наијзведуваното негово дело во светот. Компонирано е во најубавиот период во неговиот живот и изобилува со богати музички идеи. Ваквиот начин на музикалност, кај Рахманинов ќе придонесе во понатамошното пишување на трите симфонии.
Година | Име на делото | Вид на композиција |
---|---|---|
1891 | Прв Концерт за клавир | Концерт за клавир и оркестар |
1896 | Алеко | Опера |
1896 | Шест музички моменти | Соло пијано |
1901 | Втор Концерт за клавир | Концерт за клавир и оркестар |
1904 | Сиромашниот витез | Опера |
1901 | Трет Концерт за клавир | Концерт за клавир и оркестар |
1913 | Ѕвона | Хорска Симфонија |
1926 | Четврт Концерт за клавир | Концерт за клавир и оркестар |
1934 | Рапсодија на тема Паганини | Рапсодија |
1940 | Симфонички танци | Симфонија |
Стил
[уреди | уреди извор]Без обзир на музиката, Рахманинов секогаш внимателно ги планирал неговите изведби. Тој сметал дека секое дело има своја кулминативна точка, за која уметникот морал да знае како да ја долови со пресметки и прецизност, инаку целата композиција ќе биде неефективна и нецелосна. Рахманинов поседувал неверојатен талент за клавир. Неговото свирење било многу прецизно, харизматично, и извонредно. Во неговите дела, најчесто доминирале тонови слични на ѕвоната, брзо и флексибилно темпо, складност и харизматичност.
|