Сибирска ригеста верверица
Сибирска ригеста верверица | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Оддел: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Rodentia |
Семејство: | Sciuridae |
Род: | Eutamias |
Вид: | E. sibiricus |
Научен назив | |
Eutamias sibiricus (Лаксман, 1769) | |
Подвидови | |
| |
Распространетост на сибирската ригеста верверица.[3] | |
Синоними | |
Tamias sibiricus (Laxmann, 1769) |
Сибирска ригеста верверица (Eutamias sibiricus) е претставник од семејството верверици. Таа живее само во тајги. Телото и е долго 12-17 см, а опашката 6-9 см. На прстите има остри канџи со помош на кои одлично се искачува, иако воглавно живее на земја. Се храни со плодови, семки, фиданки на дрвја и грмушки, габи и јајца од птици и бубачки. За зимата собира залихи од храна кои ги закопува во дупка во земјата. На тој начин сибирските ригести верверици шират семиња од разни растенија и спори од габи, поради што играат важна улога во екосистемот на тајгите. Нивните живеалишта, кои ги копаат под земјата, се мошне чисти и уредни, па отпадоци и измет чуваат во посебни ходници. Во текот на зимата спијат зимски сон. Се будат во април, по што почнува сезоната за парење. Во мај и јуни женките котат 3-7 млади, кои уште неколку недели остануваат во подземното живеалиште.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Tsytsulina, K.; Formozov, N.; Shar, S.; Lkhagvasuren, D.; Sheftel, B. (2008). „Tamias sibiricus“. Црвен список на МСЗП. Меѓународен сојуз за заштита на природата.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Tamias (Eutamias) sibiricus Архивирано на 5 јуни 2010 г., Mammal Species of the World, 3rd ed.
- ↑ IUCN (International Union for Conservation of Nature) 2008. Tamias sibiricus. In: IUCN 2015. The IUCN Red List of Threatened Species. Version 2015.2. http://www.iucnredlist.org. Downloaded on 10 July 2015.