Симон Банза
Симон Банза | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 13 август 1996 | ||
Роден во | Креј, Франција | ||
Држава | ДР Конго | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Брага | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
Ланс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2019 | Ланс 2 | 56 | (10) |
2015-2022 | Ланс | 86 | (15) |
2017 | → Безје | 11 | (0) |
2017-2018 | → УТ Петанж | 21 | (13) |
2021-2022 | → Фамаликао | 29 | (14) |
2022- | Брага | 58 | (32) |
Репрезентација ‡ | |||
2023- | ДР Конго | 9 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Симон Банза (роден на 13 август 1996, во Креј) е конгоански фудбалер, напаѓач на Брага и на репрезентацијата на ДР Конго.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Креј, Франција, од родители со конгоанско потекло, Банза ја започнал својата кариера во екипата на Ланс, играјќи за резервниот тим во четвртото ниво на францускиот фудбал.
Во есентта 2015 година, започнал да тренира со првиот тим,[1] со кој го имал своето деби во натпреварот од Лига 2 против Ниор што завршил нерешено 1-1.[2] Откако трајно бил промовиран, на 6 мај 2016 година го постигнал својот прв професионален гол, во поразот со 2-1 од Бурж-ан-Брес.[3]
Во јануари 2017 година, Банза бил позајмен на Безје, клуб од третото ниво до крајот на сезоната.[4] Во август истата година, тој заминал на нова позајмица, овојпат во луксембуршкиот УТ Петанж.[5] Тој бил шестти стрелец во сезоната со 13 гола, а постигнал еден хет-трик во победата на домашен терен со 4–1 над Еш на 15 април 2018 година.[6]
За сезоната 2018-2019, Банза се вратил во Ланс, а на 24 мај 2019 година, го постигнал победничкиот гол во продолжението за победата со 2–1 над Троа во реваншот од полуфиналето на плејофот.[7]
Следната сезона, тој постигнал седум гола кога Ланс изборил промоција како второпласиран, вклучително и два на 3 декември 2019 година во победата од 3–0 на домашен терен над Шамбли.[8] Во сезоната 2020-2021 во Лига 1, Банза постигнал 5 гола на 34 настапи, последниот од пенал во победата со 4-1 над Лорјан на 11 април 2021.
На 31 август 2021, Банза се преселил во Фамаликао на позајмица до крајот на сезоната 2021-2022.[9] На своето деби во Примеира лига 12 дена подоцна, тој постигнал два гола во ремито 2–2 против Мореиренсе;[10] Сезоната ја завршил како најдобар стрелец на тимот и седми во лигата со 14 гола во 29 натпревари,[11] вклучително и двата во последното коло во победата од 3–2 остварена со пресврт на домашен терен против над соседите Брага со која му обезбедил на тимот завршница во горниот дел на табелата.[12]
На 19 јули 2022 година, Банза потпишал петгодишен договор со Брага за надомест од 3 милиони евра, во кој била вклучена и откупна клаузула од 30 милиони евра.[13][14] Своето деби со Брага го направил на 7 август, на отворањето на сезоната во натпреварот на домашен терен против Спортинг Лисабон, постигнувајќи го првиот гол за неговиот клуб во ремито 3–3;[15] пет дена подоцна, тој додал уште два гола во победата за 3-0 при неговото враќање во Фамаликао.[16] На 15 септември, дебитирал во европските натпреварувања, играјќи 70 минути како стартер во победата со 1-0 над Унион Берлин во Лига Европа.
Во сезоната 2023–2024, тој успеал да постигне 21 гол во Примеира лигата, израмнувајќи се по бројот на погодоци со најдобриот стрелец на Брага во рамките на една сезона, Чико Гордо од сезоната 1977–1978.[17] Покрај тоа, тој бил втор најдобар стрелец во првенството зад Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Иако е роден и живеел во Франција, Банза имал право да игра за ДР Конго, преку потеклото на неговите родители.[18]
На 2 октомври 2023, бил повикан во репрезентацијата на ДР Конго за неколку пријателски натпревари, а своето деби го направил 11 дена подоцна во ремито 1-1 против Нов Зеланд во Мурсија.[19]
Во јануари 2024, бил повикан во составот на ДР Конго за Африканскиот куп на нации 2023 во Брегот на Слоновата Коска.[20]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― ДР Конго | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
13-10-2023 | Мурсија | Нов Зеланд | 1 – 1 | ДР Конго | Пријателска | - | 79' | |
17-10-2023 | Сетубал | Ангола | 0 – 0 | ДР Конго | Пријателска | - | ||
19-11-2023 | Бенгази | Судан | 1 – 0 | ДР Конго | Квал. за СП 2026 | - | 70' | |
6-1-2024 | Дубаи | ДР Конго | 0 – 0 | Ангола | Пријателска | - | 60' | |
17-1-2024 | Сан Педро | ДР Конго | 1 – 1 | Замбија | Африкански куп на нации 2023 - Прва фаза | - | 81' | |
28-1-2024 | Сан Педро | Египет | 1 – 1 прод. (7 - 8 пен.) |
ДР Конго | Африкански куп на нации 2023 - Осминафинале | - | 65' | |
2-2-2024 | Абиџан | ДР Конго | 3 – 1 | Гвинеја | Африкански куп на нации 2023 - Четвртфинале | - | 72' | |
7-2-2024 | Абиџан | Брег на Слоновата Коска | 1 – 0 | ДР Конго | Африкански куп на нации 2023 - Полуфинале | - | 69' | |
10-2-2024 | Абиџан | Јужна Африка | 0 – 0 (6 – 5 пен.) |
ДР Конго | Африкански куп на нации 2023 - натп. за 3. место | - | 79' | |
Вкупно | Настапи | 9 | Голови | 0 |
Титули
[уреди | уреди извор]Брага
[уреди | уреди извор]- 2023-2024
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Antoine Kombouaré et la présence de Simon Banza dans le groupe pour RC Lens - Niort“ (француски). 23 ноември 2015.
- ↑ „RC Lens - Niort : le live MadeInLens“ (француски). 24 novembre 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Simon Banza, de l'AFC Creil au RC Lens“ [Simon Banza, from AFC Creil to RC Lens]. Courrier Picard (French). 4 December 2019. Посетено на 8 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Football / National : Béziers recrute l'attaquant du RC Lens Simon Banza“ [Football / National: Béziers recruit RC Lens attacker Simon Banza]. Midi Libre (French). 9 January 2017. Посетено на 8 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Simon Banza no Union Titus Pétange por empréstimo do Lens“ [Simon Banza to Union Titus Pétange on loan from Lens]. Luxemburger Wort (Portuguese). 1 August 2017. Посетено на 8 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Triplé pour Simon Banza contre l'US Esch“ [Hat-trick for Simon Banza against US Esch] (French). Made in Lens. 17 April 2018. Посетено на 8 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Noé, Sébastien (24 May 2019). „Ligue 2 Lens résiste à tout et s'offre une semaine de tous les rêves“ [Ligue 2 Lens resist everything and offer themselves a dream week]. La Voix du Nord (French). Посетено на 8 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Melosci, Vincent (3 December 2019). „Ligue 2 : Chambly corrigé à Lens“ [Ligue 2: Chambly put right at Lens]. Le Parisien (French). Посетено на 9 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Simon Banza reforça ataque do Famalicão“ [Simon Banza bolsters Famalicão's attack]. O Minho (Portuguese). 31 August 2021. Посетено на 9 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Banza estreia-se com dois golos no empate do Famalicão em Moreira de Cónegos“ [Banza debuts with two goals in Famalicão's draw in Moreira de Cónegos]. O Minho (Portuguese). 12 September 2021. Посетено на 9 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Darwin Núñez é o melhor marcador da Liga, Taremi em segundo“ [Darwin Núñez is the Liga top scorer, Taremi in second] (Portuguese). Mais Futebol. 15 May 2022. Посетено на 23 May 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Farr, Jamie (16 May 2022). „PortuGOAL Figure of the Week: Banza brace fires Famalicão to top eight finish“. PortuGOAL. Посетено на 23 May 2022.
- ↑ „Avançado Simon Banza reforça Sp. Braga“ [Forward Simon Banza bolsters Sp. Braga]. Diário de Notícias (Portuguese). 19 July 2022. Посетено на 19 July 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Pereira, Sérgio (19 July 2022). „Sp. Braga garante Simon Banza por três milhões de euros“ [Sp. Braga confirm Simon Banza for three million euros] (Portuguese). Mais Futebol. Посетено на 19 July 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Antunes, Inês (7 August 2020). „SC Braga e Sporting empataram, mas o futebol saiu vencedor“ [SC Braga and Sporting drew, but football emerged the winner] (Portuguese). SAPO. Посетено на 8 August 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Banza bisa no regresso a Famalicão e dá primeira vitória ao Braga“ [Banza scores brace on return to Famalicão and gives first victory to Braga] (Portuguese). Rádio Renascença. 12 August 2022. Посетено на 14 August 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Soccer: With 23 goals in 23 matches, Congolese striker Simon Banza dazzles in Portugal“. Digitalcongo.net. 3 April 2024. Архивирано од изворникот на 2024-06-22. Посетено на 2024-08-14.
- ↑ Enyimo, Martin (3 August 2016). „Ligue 2 française : des RD-Congolais de souche titulaires en clubs en première journée“ [French Ligue 1: players of DR Congolese origin start for clubs on opening day] (French). Agence d'Information d'Afrique Centrale. Посетено на 9 November 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „RDC : la liste d'octobre avec un ancien Lensois, un nouveau de L1 et un ex-international Espoirs anglais !“ [DRC: the October list with a former Lens player, a new L1 player and a former England under-21 international!]. www.afrik-foot.com (French). 2 October 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Banza convocado para a CAN, falha jogos com os três grandes“ [Banza chosen for AFCON, misses games with big three]. O Jogo (Portuguese). 27 December 2023. Посетено на 24 January 2024.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)