Прејди на содржината

Син кит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Син кит
Возрасен Син кит од источен Тихи Океан
Споредба на големината со просечен човек
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Китови
Подред: Беззаби китови
Семејство: Balaenopteridae
Род: Balaenoptera
Вид: B. musculus
Научен назив
Balaenoptera musculus
(Linnaeus, 1758)
Подвид
  • B. m. brevicauda Ichihara, 1966
  • B. m. chilensis Khalaf, 2020
  • B. m. indica Blyth, 1859
  • B. m. intermedia Burmeister, 1871
  • B. m. musculus Linnaeus, 1758
Распространетост на Синиот кит (во сино)

Синиот кит е цицач и најголемиот жив организам кој некогаш живеел на Земјата. Достигнува должина и до 32.9 m и тежина од 172 тони.[2] Сините китови ги имало во голем број во скоро сите океани во светот до почетокот на дваесеттиот век. Во четириесеттите години од минатиот век луѓето ги ловеле скоро до истребување. Во 2002 година е проценето дека во светот живеат уште 5,000 до 12,000 сини китови во пет групи. Пред да почнат да се ловат најголема популација од овие китови имало на Антарктикот од 239,000 единки, но денес живеат во многу помали концентрации од по 2,000 единки во североисточен Тихи Океан, Индискиот и Јужниот Океан. Постојат и две групи во северен Атлантик и најмалку две во јужната полутопка.

  1. Balaenoptera musculus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 7 октомври 2008.
  2. „Animal Records“. Smithsonian National Zoological Park. Архивирано од изворникот на 2016-08-01. Посетено на 2007-05-29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]