Прејди на содржината

Скијалиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скијалишта во светот по земја.

Скијалиште, наречено и скијачки центар, скијачко средиште, ― одморалиште развиено за скијање, скијање на даска и други зимски спортови. Во Европа, повеќето скијалишта се гратчиња или села во или во непосредна близина на скијачка област - планинска област со скијачки патеки и жичници. Во Северна Америка, почесто е скијачките области да постојат далеку од градовите, така што скијачките одморалишта обично се одредишта, често наменски изградени и самостојни, каде што скијањето е главната активност.

Карта на скијалишта ширум светот (интерактивна карта).

Скијалиштата се наоѓаат и на северната и на јужната полутопка на сите континенти освен Антарктикот. Тие обично се наоѓаат на планини, бидејќи бараат голема падина. Тие исто така треба да имаат најмалку 50 см снег (освен ако одморалиштето користи суви скијачки патеки).

Високи концентрации на скијалишта се наоѓаат на Алпите, Скандинавија, западна и источна Северна Америка и Јапонија. Има и скијалишта на Андите, расфрлани низ Средна Азија и во Австралија и Нов Зеланд.

Крајни места на незатворени (најмалку една жичница надвор) скијалишта:

  • Најсеверното скијалиште е во близина на Тромсе, Норвешка.
  • Најјужното скијалиште е во близина на Ушуаја, Аргентина.
  • Скијалиштето најблиску до екваторот од север е во близина на Лиџијанг, НР Кина.
  • Скијалиштето најблиску до екваторот од југ е во близина на Махласела, Лесото.
Скијачко одморалиште Мзаар Кфардебијан во Либан.

Скијачката индустрија ги има идентификувано напредните генерации на скијалишта:[1][2]

Прва генерација
Развиено околу добро воспоставено летно одморалиште или село (на пр. Давос, Сент Мориц, Кицбиел, Шамони, Межев, Вал Гардена).
Втора генерација
Создадени од нетуристичко село или пасиште (на пр. Сент Антон, Лех, Куршевел, Л'алп д'Уез, Аспен, Брекенриџ).
Трета генерација или интегрирана
Дизајниран од нула на нечепната територија за да биде наменски изграденп скијалиште, сите удобности и услуги во близина (на пр. Сестриер, Флен, Ла Плањ, Изола 2000).
Четврта генерација или селски одморалишта
Создаден од нечепната територија или околу постоечко село, но повеќе се занимава со традиционални намени (на пр. одморалишта изградени од 1975 година како што е планинското одморалиште Шахдаг, Азербејџан).

Поимот скијачка станица исто така се користи, особено во Европа, за скијачка градба кој не се наоѓа во или во близина на град или село. Скијалиште кое исто така е отворено за летни активности често се нарекува планинско одморалиште.

Facilities and amenities

[уреди | уреди извор]
На оваа слика од Цаухензее, Австрија, се прикажани патеките опслужени со жичница-гондола, исклопива жичница и воз. Се забележуваат и снежната ограда за спречување на оддувување на снегот; и лавинските кули и лавински огради за да се намали ризикот од лавини.
Скијачкиот центар Јасна во Словачка
Скијачкиот ценар Серо Катедрал, Аргентина
Скијачките центри можат да бидат изградени и на вулкан како овој на Eтнa во Сицилија
Гамбари, скијачки центaр над Протокот Meсинa

Скијачките центри имаат означени патеки за скијање, скијачки патеки. Скијчките центри најчесто имаат една или повеќе жичници за брзо придвижување на скијачи кон врвот на падините, и за да се поврзат различни патеки. Скилифтови со јаже може да се користат на кратки падини (најчесто за почетници). Поголемите скијалишта користат жичници/гондоли или гондола/телеферик за превоз преку подолги растојанија во скијалиштето. Скијаштата имаат и своја карта на патеки која ги покажува местоположбите на кои се наоѓаат лифтовите, патеките, службитеи границата на скијалиштето, и за време на сезоната за скијање издава дневен извештај за снежните услови, патеките кои се отворени и временската состојба.

Скијалиштата имаат барем една основна установа за прва помош, и одреден вид на скијачка патрола која опслужува и нуди спасување на повредените скијачи. Ски-патролата најчесто е задолжена да вспоставување правила, означување опасности, затворање на одредени патеки или делови доколку тоа условите го налагаат, и исклучување на опасните учесници од скијалиштето.

Вообичаеното скијалиште во своето подножје има билетарница, објект за купување и/или конзумирање храна и пијлоци, одмор, тоалети како и привремено оставање на опремата; школа за скијање, сервис за изнајмување и поправка на опрема, ресторан/кафуле, продавници, автобуска потојка и паркиралиште equipment rental/repair shop, restaurant/bar, shopping, shuttle bus stop and parking.[3]

Некои скијалишта нудат и можности за краткотрајно сместување и покрај самите патеки, обозможувајќи им на гостите пристап со скии веднаш во влезот на сместувањето. Скијалиштата често имаат и други активности, како возење моторна санка, санкање, санкање со санки влечени од коњ, санкање на санки влечени од кучиња, ice skating, отворен или затворен базен за пливање и кади со топла вода, некои облици на забава, како клубови, кино, театри и кабаре. Aпре-ски (фр. Après-ski, после скијање) е вид на забава, ноќен живот или јавни настани кои се случуваат токму во скијалиштата.[4][5] На овој начин се зголемува ужувањето на поетителите на скијалиштето и нуди да прават нешто друго покрај скијањето и скијањето на штица. Оваа култура го има својот зачеток во Алпите, каде е најраспространета и каде скијачите често запираат во баровите по последното спуштање во денот додека сè уште ја носат целокупната своја облека и опрема за скијање.[6]

Покрај тоа што зборот „ски“ е дериват од старо нордискиотskíð’ од Норвешки, изборот на Француски е најверојатно поврзан со застапеноста на ваквите активности во Француски Алпи, а потоа е и поврзан со овој термин.[7]

Влијанија врз животната средина

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Види Постапките за развој на скијалиштата имаат напредувано уште со зачетокот на скијачката индустрија. Како што расте економската улога на скијачката индустрија, така и влијанието врз животната средина на развојот на скијалиштата исто така врши големи влијанија врз природниот eкoсистeм вклучувајќи го водостојот на планинските езера, реки, потоци како и живиот свет.[8] Удобностите и инфраструктурата како бетонски градби, ски-лифтови, жичници, гондоли, пристапни патишта, паркиралишта и железници придонесуваат за урбанизација на планинските предели.

Примарни (непосредни) влијанија од развојот на скијалишта

[уреди | уреди извор]

Во последниве години, користењето на снежни топови е зголемено поради намалената количина на природен снег. Со цел да се обезбеди добар квалитет на снег, прашина или бактерии се мешаат во процесот на правење вештачки снег за да се обликуваат пободри снегулки. Да се произведе вештачки снег не само што е скапо и користи големо количество вода, туку некогаш потребна е и изградба на вештачкo езерo за постапката на создавање вештачки снег. Снежните топови префрлаат колема количина на вода неприродно по земјата и вегетацијата на тлото доцнаво пролетта, спречувајќи го растот на вегетацијата и оставајќи ги патеките голи, без вегетација..[8] Со доволен вишок вода, веројатноста на лизгање на земјиштето и лавини може да биде значително поголема.[се бара извор]

Секундарно (посредно) влијание на развојот на скијалиштата

[уреди | уреди извор]

Потребниот простор за хотели, станови и секундарни живеалишта го има зголемено просторот веќе зафатен од патиштата и зградите.[8] Додека големиот број на луѓе налага посебни системи за водовод, канализација и електрична енергија, потребен е и голем обем на градежни работи. Пристапните патишта и посипувањето со сол се причина за голема ерозија на скијалиштата. Во некои случаи, водата од природните езера мора да се користи или пак, да се градат резервоари за да се опслужат барањата од населението. Урбанизацијата на планинските подрачја и зголемената површина на непропустливи површини(асфалт, бетон) го спречува природниот тек на водата низ тлото, предизвикувајќи поместен водостој и можна причина за ерозија на непосакувани места. Исто така, кога се градатски-лифтови, просторот за градба треба да биде обликуван и дрениран, и да се постават големи бетонски блокови за столбови.[8]

  1. Heller, Mark F., editor (1979) The Skier's Encyclopedia Paddington Press ISBN 9780448224282 pg 15–18, 140–145, 157–159
  2. R. Knaffou (1978) Les Stations intégrées de sports d'hiver dans les Alpes françaises, Paris: Masson ISBN 9782225494123
  3. Berry, I. William (1984) The Great North American Ski Book Scribners ISBN 0-684-18207-6 page 72-73
  4. „Definition of après-ski“. Merriam-Webster. Посетено на 26 November 2012.
  5. Flower, Raymond (1976) The History of Skiing and Other Winter Sports; Toronto, New York: Methuen Inc. ISBN 0-458-92780-5 pp 132-141
  6. Lund, Morton (March 2007). „Tea Dance To Disco. Après-Ski Through the Ages“. Skiing Heritage Journal. 19 (1): 6–12. Посетено на 26 November 2012.
  7. Harper, Douglas. „ski (n.)“. Etymology Online. Посетено на 21 November 2014.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Chivers, John (1994). „Effects of the Skiing Industry on the Environment“ (PDF). School of International Studies and Law, Coventry University. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 Aug 2016.

Предлошка:Скијање Предлошка:Tуризам

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]