Прејди на содржината

Скијање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скијач во Франција.

Скијање — вид превоз, рекреативна активност или натпреварувачки зимски спорт во кој учесниците користат скии за да се лизгаат по снегот. Повеќето видови скијање се признати од Олимпискиот комитет и од Меѓународната скијачка федерација.

Историја

[уреди | уреди извор]

Скијањето има историја од скоро пет милениума.[1] Сепак современото скијање се создало во Скандинавија, но се смета дека пред 100 века се вежбала во денешна Кина, според стари цртежи.[2][3]

Зборот скијање е од норвешко потекло, но се користи меѓународно. Доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“.[4][5]

Раните скијачи користеле една долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година.[6]

Сè до средината на 19 век, скијањето се користело само за превоз, а од тогаш се смета за рекреација и спорт. Армиските скијачки трки се одржувале во 18 век во Норвешка, а скијачкото војување било изучувано при крајот на 18 век. Со развојот на опремата за скијање и со појавата на ски-лифтовите, скијањето се поделило на два типа, алпско и нордиско скијање.

Опремата која се користи за скијање вклучува:

  • Скии, кои можат да имаат кожа или восок за полесно лизгање.
  • Чизми и ски-спојки
  • Штеки
  • Кациги и скијачка облека
  • Ракавици за скијање

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Formenti; и др. (2005). „Human locomotion on snow: determinants of economy and speed of skiing across the ages“ (PDF). Proc. R. Soc. B. Посетено на 2016-09-02.
  2. Editors (January 25, 2006). „Ancient paintings suggest China invented skiing“. China Today. Xinhua News Agency. Посетено на 2015-01-27.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  3. Marquand, Edward (March 15, 2006). „Before Scandinavia: These could be the first skiers“. Christian Science Monitor. Посетено на 2015-03-08.
  4. The cradle of skiing (Norway – the official site in the United States)
  5. Skiing and the Creation of a Norwegian Identity (Norway – the official site in the United States)
  6. Hergstrom, P (1748). Beschreibung von dem unter schwedischer Krone gehörigen Lappland. Leipzig: von Rother.