Снег (роман на Орхан Памук)
Изглед
Снег (турски: Kar) — роман на турскиот писател Орхан Памук од 2002 година.
Осврт кон романот
[уреди | уреди извор]„Снег“ е еден од најпознатите романи на Памук, кој е позитивно оценет од страна на критиката. „Њујорк тајмс“ го опишал романот како „патување во длабочините на поделената, осмена и збунета турска душа, исполнета со надеж“, според „Сандеј телеграф“, во романот, авторот ги прикажува дилемите на современа Турција, како што се: колку е таа европска земја?; како може да се соочи со предизвикот на исламскиот фундаментализам?; како уметникот може да се носи со овие проблеми? Според „Њу стејтсмен“, „постојат епизоди во овој роман кои го осветлуваат судирот меѓу световниот и екстремниот исламски свет подобро од кое и да било друго непрозно дело“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.