Солт Лејк Сити
Панорама и знаменитостите на Солт Лејк Сити | |
Местоположба | |
---|---|
Општи податоци | |
Име - изворно |
Солт Лејк Сити Salt Lake City |
Прекар | Крстосниците на западот The Crossroads of the West |
Повикувачки број | 385, 801 |
Официјална страница | http://www.slcgov.com |
Управа | |
Земја | САД |
Официјална држава | Јута |
Округ | Солт Лејк |
Градоначалник | Ерин Менденхал |
Географија | |
Површина - копно - вода |
285.9 км² 282.5 км2 3.3 км2 |
Надморска височина | 1,288 м |
Население | |
Население | 186,440 (2010) |
Густина | 643.3 ж/км² |
Солт Лејк Сити (англиски: Salt Lake City) е главен и најголем град на американската сојузна држава Јута. Името на градот значи „град на Соленото Езеро“.
Според пописот извршен во 2010 година во градот живееле 186,440 жители а заедно со 15-те општини имал 1,124,197 жители.
Градот е опкружен со планини, а од Големото солено езеро, по којшто и го добил името, одвоен е со мочуришта
Градот е основан во 1847 година од мормонските доселеници на чело со Бригам Јанг. Од тогаш па сè до денес е престолнина на таа верска заедница. Подоцна градот се развил и како рударско средиште и железнички јазол. Со текот на времето, луѓе од најразлични краеви на светот како и од другите американски сојузни држави почнале да се доселуваат така што градот постепено го губел својот мормонски карактер. Денес градот претставува оаза на либерализмот на чело со Демократската партија на САД во конзервативната и републикански настроена Јута.
Солт Лејк Сити е познат и како домаќин на Зимските олимписки игри во 2002 година, еден од ретките причини кои ги донело организаторите до оголем профит. ЗОИ во градот се одржувале за време на скандалите поврзани за лобирање на Меѓународниот олимписки комитет.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Солт Лејк Сити“ на Ризницата ? |
|