Сона
Сона Saône | |
---|---|
Сона во Лион ноќе | |
Течението на Сона | |
Изворно име | франкопровансалски:Sona |
Местоположба | |
Држава | Франција |
Физички особености | |
Извор | Виоменил |
• место | Вогези |
• координати | 48°05′40″N 6°10′55″E / 48.094444° СГШ; 6.181944° ИГД |
• надм. вис. | 392 м (1,286 ст) |
Устие | Рона |
• место | Лион, Франција |
• координати | 45°43′39″N 4°49′4″E / 45.72750° СГШ; 4.81778° ИГД |
• надм. вис. | 158 m |
Должина | 473 km |
Проток | |
• просечен | 410m3/s |
Особености на сливот | |
Течение | Рона→ Средоземно Море |
Притоки | |
• леви | Ду, Лантерн |
• десни | Азерг, Моргон |
Сона (La Saône) — река во источна Франција (департмани Вогези, Горна Сона, Златен Брег, Сона и Лоара, Ен и Рона) и 205 општини [1], десна притока на Рона. Долга е 473 km (деветта најдолга река во Франција), има сливно подрачје од 29.321 km²
Именување
[уреди | уреди извор]Името Сона произлегува од името на келтската божица Сукона, која се смета за заштитничка на реката.[2] Латинското име на реката е Arar, што претставува удвојување на индоевропскиот корен ar, што значи вода. Според Гај Јулиј Цезар, ова го одразува фактот дека е тешко да се одреди нејзината насока на течење поради бавното движење на водата.[3]
Географски особености
[уреди | уреди извор]Извор, тек, устие
[уреди | уреди извор]Реката Сона извира на 418 m надморска височина, во центарот на малиот град Виоменил (департман Вогези), во јужниот дел на Лотарингското Плато, западно од ниските планини Вогези. По целата своја должина, Сона тече во правец југ или југ-југозапад, низ Сонско-ронската меѓупланинската депресија и е типична рамничарска река со широка долина и мирен тек. Се влева во реката Рона од нејзината десна страна, на 164 m надморска височина, во близина на центарот на градот Лион.
Сливно подрачје, притоки
[уреди | уреди извор]Сливот на Сона зафаќа површина од 29.321 km², од кој мал дел е на швајцарска територија и претставува 30,67% од сливот на Рона. На запад и северозапад, сливот на Сона се граничи со сливните подрачја на реките Лоара и Сена (од сливот на Атлантскиот Океан), на север, североисток и исток - до сливните подрачја на реките Меза и Рајна (од сливот Северното Море), а на југоисток – со сливните сливови на реката Ен и другите помали десни притоки на Рона.
Главни притоки:
- леви – Коне (55 км, 317 км²), Лантерн (69 км, 1020 км²), Оњон (214 км, 2308 км²), Ду (453 км, 7710 км²), Сеј (100 км, 2300 км²), Ресуз (75 km, 495 km²), Вел (67 km, 672 km²), Шаларон (52 km, 175 km²);
- десни – Венжан (93 km, 3650 km²), Тиј (83 km, 1100 km²), Дун (77 km, 1039 km²), Грон (96 km, 1000 km²), Азерг (61 km, 886 km²) .
Хидролошки показатели
[уреди | уреди извор]Водите на Сона предимно произлегуваат од врнежи со нагласени зимски поплави (ноември до април) кога нејзиното ниво се зголемува за 3 – 4 m. Таа е една од најполноводните француски реки со просечен годишен проток во близина на устието од околу 400 m³/сек .
Економско значење, населби
[уреди | уреди извор]Сона е пловна речиси по целата нејзина должина, нејзиното корито е засечено и поправено со водозаштитни насипи. Преку изградени канали (во 17 и 18 век) се поврзува со реките: Мозел (преку Источниот канал), Лоара (Централен канал), Марна (Канал Марна-Сона), Сена (Бургундски канал) и Рајна (канал Рона-Рајна).
По целото нејзино течение, долината на Сона е густо населена, а најголеми населби се: Шалон-на-Сона, Макон и Лион.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Fiche cours d'eau La Saône (U---0000)“ (француски). Архивирано од изворникот на 2015-12-10. Посетено на 2022-07-10.
- ↑ „Souconna – 3722 – L'encyclopédie – L'Arbre Celtique“ (француски).
- ↑ „Записки за Галската война“, Гай Юлий Цезар