Томаш Бердих
Томаш Бердих | |
---|---|
Бердих во 2013 година | |
Земја | Чешка |
Место на живеење | Монте Карло, Монако |
Роден на | 17 септември 1985 |
Роден во | Валашки Мезиричи, Чехословачка |
Спорт | Тенис |
Висина | 1.96 м |
Професионалец | 2002 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Заработка | $17,501,338 |
Поединечно | |
Победи-порази | 450-243 (64.9%) |
Титули | 9 |
Највисок пласман | Бр. 5 (9 август 2013) |
Сегашен пласман | Бр. 5 (14 април 2014) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | SF (2014) |
Ролан Гарос | SF (2010) |
Вимблдон | F (2010) |
УС Опен | SF (2012) |
Други турнири | |
Мастерс куп | SF (2011) |
Олимписки игри | QF (2004) |
Во двојки | |
Победи-порази | 92–99 (48.17%) |
Титули | 2 |
Највисок пласман | Бр. 54 (10 април 2006) |
Сегашен пласман | Бр. 103 (14 април 2014) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | QF (2005) |
Ролан Гарос | 2R (2005) |
Вимблдон | 2R (2005) |
УС Опен | 2R (2004) |
Ажурирано на: 20 март 2014. |
Томаш Бердих (чешки изговор: [toˈmaːʃ ˈbɛrdɪx]; роден на 17 септември 1985) е чешки професионален тенисер.
За негов најзначаен успех во кариерата се смета пласманот во финалето на Вимблдон 2010, приредувајќи изненадувања со победите над првиот носител и шесткратен шампион, Рожер Федерер во четвртфиналето, и третиот играч во светот, Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Во финалето, тој беше поразен од Рафаел Надал.
Бердих е еден од малкуте активни тенисери кои успеал да игра полуфинале на сите четири гренд слем турнири. Во 2010, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Франција, победувајќи го четвртиот носител Енди Мареј во четвртото коло, пред да биде поразен од Робин Содерлинг.[1] Две години подоцна, тој стигнал до своето единствено полуфинале на Отвореното првенство на САД каде забележал победа над Рожер Федерер во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето бил поразен од шампионот Енди Мареј. Во 2014, на Отвореното првенство на Австралија, Бердих стигнал до полуфиналната фаза, каде бил поразен од шампионот Станислас Вавринка во четири сета. Тој е вториот играч (по Давид Налбандијан) кој го победил Рожер Федерер повеќепати на гренд слем турнирите пред полуфиналната фаза.
Тој го освоил Мастерсот во Париз во 2005, победувајќи го во финалето Иван Љубичиќ во пет сета. Оттогаш, Бердих играл уште две мастерс финалиња, во Мајами во 2010 и во Мадрид во 2012, но бил поразен од Енди Родик и од Рожер Федерер редоследно. Негово највисоко место на АТП листата е 5-то место, кое што го достигнал на 9 август 2013 година
Тој исто така го играл најдолгиот натпревар во историјата во конкуренција на двојки, заедно со Лукаш Росол, во победата над Марко Чиудинели и Станислас Вавринка во првото коло од Дејвис Купот во 2013 од 6–4, 5–7, 6–4, 6–7, 24–22. Натпреварот беше одигран на 2 февруари 2013 и траеше 7 часа и 2 минути.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Бердих е роден во Валашки Мезиричи, Моравија, Чехословачка како син на Хана Бердихова и Мартин Бердих. Тој започнал да игра тенис на пет годишна возраст во тенискиот центар во својот роден град Валашки Мезиричи. Неговиот татко, Мартин, бил инженер за возови, додека пак неговата мајка, Хана, е докторка. На осум годишна возраст, Бердих стигнал до државното финале во Пардубице во својата возрасна група и го освоил. Бердих набрзо станал најдобар чешки јуниор, освојувајќи ја чешката јуниорската титула до 12 години. Тој потоа се преселил во градот Простјејов поради можноста да тренира со подобри спаринг партнери и подобри тренери. Иван Лендл еден период бил негов тренер.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Бердих е голем љубител на хокејот на мраз, и негов омилен тим е Детроит Ред Вингс. Тој се има запознаено со многу чешки хокеари од НХЛ-лигата и златниот олимписки тим од 1998 година. Негова омилена подлога е тврдата подлога, и тој смета дека негови најсилни удари се форхендот и сервисот. Негов тренер е чехот Томаш Крупа, а негов фитнес тренер е шпанецот Хосе Феликс Гонсалес Кастиља.[2]
Бердих беше во врска со чешката тенисерка Луција Шафарова девет години сè до летото 2011 година. Од есента 2011, тој е во врска со моделот Естер Саторова.
Големи финалиња
[уреди | уреди извор]Гренд слем финалиња
[уреди | уреди извор]Поединечно: 1
[уреди | уреди извор]Исход | Година | Гренд слем | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Финалист | 2010 | Вимблдон | Трева | Рафаел Надал | 3–6, 5–7, 4–6 |
Мастерс финалиња
[уреди | уреди извор]Поединечно: 3
[уреди | уреди извор]Исход | Година | Мастерс | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Победник | 2005 | Париз | Тепих | Иван Љубичиќ | 6–3, 6–4, 3–6, 4–6, 6–4 |
Финалист | 2010 | Мајами | Тврда | Енди Родик | 5–7, 4–6 |
Финалист | 2012 | Мадрид | Земја | Рожер Федерер | 6–3, 5–7, 5–7 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hodgkinson, Mark (31 May 2010). „French Open 2010: Andy Murray knocked out of Roland Garros by Czech Tomas Berdych“. The Telegraph. Paris, France. Посетено на 20 August 2011.
- ↑ „Tomas Berdych – Tennis Players - Tennis“. ATP World Tour. Посетено на 2013-11-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Томаш Бердих“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Томаш Бердих Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Томаш Бердих на официјалното мрежно место на Меѓународната тениска федерација
- Томаш Бердих на официјалното мрежно место на Дејвис купот
|