Прејди на содржината

Торгау-Ошац

Координати: 51°33′36″N 13°00′36″E / 51.56000° СГШ; 13.01000° ИГД / 51.56000; 13.01000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Торгау-Ошац
Landkreis Torgau-Oschatz

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
СедиштеТоргау
Површина
 • Вкупна1,167,52 км2 (450,78 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно100,485
 • Густина86/км2 (220/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.TO
Мреж. местоhttp://www.torgau-oschatz.de

Торгау-Ошац (германски: Torgau-Oschatz) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) округот Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Елба-Елстер во Бранденбург и окрузите Риза-Гросенхајн, Дебелн, Мулдентал и Делич.

Историја

[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1994 година со спојувањето на претходните окрузи Ошац и Торгау и шест општини од поранешниот округ Ајленбург. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Делич и Торгау-Ошац биле споени во новиот округ Северна Саксонија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Главна река во округот е Елба. Пејзажот е доминантно низински со повеќе природни паркови низ округот.

Грб Главен симбол на грбот е лавот од Мајсен, бидејќи територијата на округот историски припаѓала на грофовијата Мајсен. Лавот држи гранче од липа, симболизирајќи ги шумите и земјоделството во округот. Брановитата линија долу е реката Елба.

Грбот бил донесен на 12 јануари 1996 година.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Градови Заедници на општини Општини
  1. Белгерн
  2. Дален
  3. Домич¹
  4. Мигелн
  5. Ошац
  6. Шилдау
  7. Торгау¹

¹ администрирано како
заедница на општини

  1. Бајлроде
    1. Арцберг
    2. Бајлроде
    3. Гростребен-Цветау
  2. Домич
    1. Домич
    2. Елсниг
    3. Тросин
  3. Торгау
    1. Торгау
    2. Драјхајде
    3. Пфликуф
    4. Цина
  1. Кафертиц
  2. Либшицберг
  3. Мокрена
  4. Наундорф
  5. Зорнциг-Аблас
  6. Вермсдорф

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

51°33′36″N 13°00′36″E / 51.56000° СГШ; 13.01000° ИГД / 51.56000; 13.01000