Тум
Тум | |
Плоштадот во Тум | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Градски единици | 3 |
Градоначалник | Михаел Брендел |
Основни податоци | |
Површина | 18,89 км2 |
Надм. височина | 550−630 м |
Население | 4.956 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 262 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 09419 |
Повик. бр. | 037297 |
Портал | www.stadt-thum.de |
Местоположба на градот Тум во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°40′16″N 12°57′5″E / 50.67111° СГШ; 12.95139° ИГД |
Тум (германски: Thum) — мал град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Тум се наоѓа на Рудните Планини, 10 километри северозападно од Анаберг-Буххолц и 19 километри јужно од Хемниц. Јансбах, притока на Чопау тече низ градот. На север е Геленау, на исток е Дребах, јужно од Тум е градот Еренфридерсдорф. Областа Грајфенштајне се наоѓа југозападно, а Хормерсдорф и Ауербах се на запад.
Историја
[уреди | уреди извор]Тум бил првпат споменат во 1389 година во историските списи на надбискупијата Прага. Од XIV век, рударството во некогаш густо пошумените области на Рудните Планини постојано се зголемувало, и историска книга од 1445 година го опишува Тум како мал рударски град. Неколку минерални пронаоѓалишта, две печатници и 27 рудници биле во областа на Тум. Значителни износи на аксинит биле пронајдени, кои првично биле именувани како Тумит.[2] Во 1469 година граѓаните на Тум добиле градски статус.
Последната битка од Триесетгодишната војна во Саксонија била водена на 15 јануари 1649 година близу Тум.[2] Уништувањата предизвикани од војната довело до опаѓање на рударската активност. Со опаѓањето на рударството во областа, Тум (како многу други градови и села во Рудните Планини) се свртел кон производство на дрвени играчки, како прашање на економски опстанок. Во XVIII и XIX век, текстилната индустрија била главен приход за Тум.
Во 1886, пругата со тесен колосек го поврзал Тум со Вилиштал. Оваа мрежа на Тум била дел од пругите на тесни колосеци во Саксонија и била продолжени во текот на раниот XX век.
Rittergut Dorfthum бил припоен кон Тум во 1879 година. Со зонските реформи во 1990-тите, соседните села Јансбах и Херолд биле припоени кон Тум.
Историска пиварница
[уреди | уреди извор]Првичната пиварница, основана во XIV век, била имот на црквата до 1546 година, кога била купена од страна на градот и била создадена пиварска кооператива. Оваа кооператива била распуштена во 1882 и пиварот Вилхелм Бетгер ги купил зградите и инвентарот. Купил нови пиварски згради во 1898 и го зголемил производството на 15.000 хектолитри. По смртта на Бетгер, во 1926 година неговата вдовица ја продала пиварницата повторно на градот Тум, кој не бил во состојба да пронајде купувач. Со ова завршила долгата пиварска традиција во Тум. Во 2000, брендот бил обновен под името Thumer Lager. Сега се произведува по оригинален рецепт од пиварницата во Кемниц.
Грб
[уреди | уреди извор]Градскиот совет го одобрил моменталниот грб по припојувањето на Јансбах и Херолд.
Грбот прикажува:
|
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Тобијас Клаусницер (5 февруари 1619 во Тум – 7 мај 1684 во Вајден во Горен Пфалц)
- Едгар Барт (26 јануари 1917 во Тум– 20 мај 1965 во Лудвигсбург), возач во Формула Еден.
- Јирген Барт (10 декември 1947 во Тум), германски инженер, автомобилист и победник на 24 часа Ле Ман. Син на Едгар Барт.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 „Хроника на Тум“. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 2012-02-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Тум на Ризницата ?
- Службена страница на градот Тум
|