Унарна операција
Изглед
Унарна операција – математичка операција која прифаќа само еден параметар (латински: unum, еден).
Математички унарни оператори
[уреди | уреди извор]Во математиката, во унарни оператори спаѓаат:
Оператор | Запис | Значење |
---|---|---|
- | -x | промена на знакот на операндот |
! | x! | факториел |
! | !x | лев факториел |
квадратен корен | ||
апсолутна вредност | ||
ln | ln x | природен логаритам |
log10 | log10x | логаритам за основа десет |
e | ex | антилогаритам |
¬ | ¬x | логичка негација |
тригонометриски функции |
Програмирање
[уреди | уреди извор]Во програмирањето сите математички унарни операции имаат свој еквивалент, а постојат и некои додатни:
- ++ (инкрементирање) – го зголемува операндот за 1
- -- (декрементирање) – го намалува операндот за 1
- & (референцирање) – ја враќа адресата на променливата или служи за правење алијас на променливата
- * (дереференцирање) – ја враќа променливата чија адреса е дадена
- ~ (бинарен комплемент) – ги заменува нулите во променливата со единици и обратно, се користи за запис на негативни броеви