Прејди на содржината

Фредерик Лејтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фредерик Лејтон
Frederic Leighton
Фредерик Лејтон, Прв барон Лејтон, автопортрет 1880
НационалностАнгличанец
ОбразованиеЕдвард фон Штајнле
Познат(а) посликарство и вајарство
Правецакадемизам
НаградиРимска награда,
Легија на честа

Фредерик Лејтон, Прв Барон Лејтон (англиски: Frederic Leighton, 1st Baron Leighton); (3 декември 183025 јануари 1896) — англиски сликар и вајар. Во неговите дела се прикажани историски, библиски и класични содржини.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лејтон е роден во Скарборо во семејство кое се занимавало со увоз-извоз. Се образувал во Универзитетската Колешка школа во Лондон. Потоа го стекнал правното образование во континентална европа, прво кај Едвард фон Штајнле, а потоа кај Џовани Коста. Кога бил во Фиренца, на возраст од 24 години, каде учел во Академијата на убави уметности, ја насликал поворката на Чимабуевата Богородица низ Борџо Алегри. Живеел во Париз од 1855 до 1859, каде ги запознал Енгр, Делакроа, Коро и Миле.

Зажарениот јуни

Во 1860 се преселил во Лондон, каде се поврзал со Предрафаелитите. Го проектирал гробот на Елизабет Барет Браунинг за Роберт Браунинг во Англиските гробишта во Фиренца во 1861. Во 1864 станал придружен член на Кралската академија, а во 1878 станал нејзин претседател (1878–96). Неговата склптура „Атлет како се бори со со питон“ (1877) се сметала за зачеток на ренесанса во современото британско вајарство, која се анрекувала Ново вајарство. Неговите слики ја претставувале Британија на Големата изложба во Париз во 1900.

Му било дадено витештво во Виндзор во 1878, а осум години подоцна бил прогласен за баронет. Тој бил првиот сликар кому му е доделено перство, на Новогодишната Почесна листа во 1896.; Лејтон починал следниот ден од ангина пекторис.

Фотопортрет на Лејтон

Бидејќи бил нежнет, по смртта, неговото баронство згаснало по постоење само еден ден; ова е рекорд на сте времиња. Неговата куќа во Холанд Парк, Лондон е музеј, наречен Лејтонова музеј-куќа. Во него има негови цртежи и слики, како и некои скулптури (меѓу кои и „Атлет како се бори со питон“).

Хронолошки преглед

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Почесни титули
Претходник
Сер Францис Грант
Претседател на Кралската академија
1878–1896
Наследник
Сер Џон Еверет Миле
Перство на Обединетото Кралство
Претходник
Новосоздадено
Барон Лејтон
1896
Наследник
Згаснало

Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press http://www.1911encyclopedia.org/Frederick_Leighton,_Baron_Leighton. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)