Прејди на содржината

Ханука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ханука
Ханука
Офиц. називхебрејски: חֲנֻכָּה или חֲנוּכָּה
Македонски превод: 'Воспоставување' или 'Осветување' (на Ерусалимскиот храм)
Го празнува(ат)Евреи
Видеврејски
ЗначењеМакавејците успешно се побуниле против Антиох IV Епифан. Според Талмудот, подоцнежниот текст, Храмот бил прочистен и фитилите на менората чудесно гореле осум дена, иако имало доволно свето масло само за еден ден.
Почнува25 кислев
Завршува2 тевет или 3 тевет
ПрославаСе палат свеќи секоја вечер. Се пеат посебни песни, како што е Ma'oz Tzur. Се кажува молитвата халел. Се јаде храна пржена во масло, како што се латкес и суфганија и млечна храна. Се игра драјдел и се даваат поклони
ПоврзаноПурим, како рабински декретиран празник.

Ханука (חֲנוּכָּה), Празник на светлината или Празник на осветувањетоеврејски празник во чест на обновувањето на Ерусалим и повторното осветување на Вториот храм на почетокот на Макавејското востание против Селевкидското Царство во 2 век пр.н.е. [1][2]

Ханука е прослава за победата на Макавејците над грчко-асирската војска предводена од Антиох и осветување на Вториот храм кој бил осквернавен за време на нивната окупација. Чудото на Ханука се состои во тоа што маслените ламби на ханукијата гореле осум дена и ноќи, иако имало маслиново масло само за еден ден.[3]

Празнување

[уреди | уреди извор]

Ханука е празник на светлината и трае осум дена и осум ноќи. За Ханука се користи посебен свеќник со осум свеќи познат под името ханукија или менора за Ханука. Свеќата што се наоѓа на издвоена позиција (повисоко или пониско од останатите) се користи како дополнителна свеќа за палење на другите свеќи и се нарекува шамаш. Палењето на свеќите е централен чин за Ханука; првата ноќ се пали првата свеќа од десната страна на ханукијата, а потоа секој нареден ден се пали по уште една. На овој начин, сите осум свеќи се запалени на осмиот ден и го симболизираат непрекинатото горење на маслото во Храмот по победата на Макавејците. За време на палењето на свеќите, се изговара текст кој почнува со зборовите анерот алалу (овие свеќи), во кој се набројуваат прописите за палење на ханука-свеќите и за начинот на однесување додека горат.[3]

Религиозно гледано Ханука е мал празник, освен кога е Шабат, и важат забраните за работа.[б 1] Славењето на Ханука тежнее да биде неформално и засновано на обичаи наместо на некои законитости. Трите широко прифатени обичаи се:

  • Јадење на храна пржена во масло, како на пример крофни латкас, со што се одбележува чудото поврзано со маслиновото масло.
  • Играње вртимушка (која на еврејски се нарекува севивон), со што се означува прикривањето на илегалните читања на Тората како игри за коцкање пред Макавејското востание[б 2]
  • Давање џепарлак на децата, особено на монети, наречени ханукини пари. Истото под северноамериканско влијание е заменето со давање подароци што се надоврзува на славењето на Божиќ.[б 3]
  1. Некои обичаи при престанокот на работата сепак постојат, особено работните обврски за жените за периодот додека горат свеќите. Погледајте на пример, Eliyahu Kitov, "Working on Chanukah", тука.
  2. Самата игра, сепак, има подоцнежно потекло. Погледајте на пример, David Golinkin, "The Origin of the Dreidel" at myjewishlearning.com тука.
  3. Ханука и Божиќ се во истиот период од годината но не се поврзани религиозно.
  1. „What Is Hanukkah?“. Chabad-Lubavitch Media Center. In the second century BCE, the Holy Land was ruled by the Seleucids (Syrian-Greeks), who tried to force the people of Israel to accept Greek culture and beliefs instead of mitzvah observance and belief in G‑d. Against all odds, a small band of faithful but poorly armed Jews, led by Judah the Maccabee, defeated one of the mightiest armies on earth, drove the Greeks from the land, reclaimed the Holy Temple in Jerusalem and rededicated it to the service of G‑d. ... To commemorate and publicize these miracles, the sages instituted the festival of Chanukah.
  2. Bible_(King_James)/2_Maccabees#Chapter_10  – преку Викиизвор.
  3. 3,0 3,1 „Ханука“. Еврејска заедница во Република Македонија. Занемарен непознатиот параметар |access_date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]