Хајнрих Рорер
Хајнрих Рорер | |
---|---|
Хајнрих Рорер | |
Роден(а) | 6 јуни 1933[1] Бухс Швајцарија |
Починал(а) | 16 мај 2013 Волерау Швајцарија | (возр. 79)
Националност | Швајцарец |
Полиња | Физика |
Познат по | отсликувачки тунелски микроскоп[1] |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1986) Кресонов медал (1987) |
Хајнрих Рорер (германски: Heinrich Rohrer 6 јуни 1933 – 16 мај 2013) — швајцарски физичар кој поделил половина од Нобеловта награда за физика со Герд Биниг за осмислувањето на отчитувачкиот скенирачки микроскоп. Другата половина од наградата му била доделена на Ернст Руска.[2][3][4][5]
Животопис
[уреди | уреди извор]Рорер е роден во Бухс половина час по неговата сестра близначка. Тој уживал во безгрижното детство на село сè додека неговото семејство не се преселило во Цирих во 1949 година. Се запишал на Швајцарскиот федерален институт за технологија во 1951 година, каде бил студент на Волфганг Паули и Паул Шерер. Неговата докторска теза била под менторство на професорот Грасман кој работел на криогенско инженерство. Рорер ги мерел промените на должините на суперпроводниците при суперпроводниот премин предизцикан од магнетното поле, проект започнат од Јурген Лике Олсен. Во текот на неговото истражување, тој забележал дека поголемиот дел од истражувањата морал да ги прави во ноќта кога градот спиел бидејќи неговите истражувања биле чувствителни на потресоци.
Наговите изучувања биле прекинати поради неговата воена служба во швајцарската планинска војска. Во 1961 година, се оженил со Роза-Марија Егер. Нивното медено патување во САД вклучувало и истражување на топлотната проводливост на суперпроводниците и метали од типот II заедно со Берни Серин при Рутгеровиот универзитет во Њу Џерси.
Во 1963 година, се придружил на истражувачката лабораторија на IBM во Рушликон под водство на Амброз Спејсер. Првите неколку години во IBM, ги проучувал Кондовите системи со магнетооптор во пулсирачки магнетни полиња. Подоцна тој започнал да ги проучува магнетните фазни дијаграми, што го довело да изтражува во полето на критичните појави.
Во 1974 година, тој поминал година одмор на Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара, Калифорнија проучувајќи ја јадрената магнетна резонанса со Винс Џакарино и Ален Кинг.
До 1982 година тој работел на отсликувачкиот тунелски микроскоп. Бил назначен за научен соработник на IBM во 1986 година, и го водел одделот за физика при истражувачката лабораторија од 1986 до 1988 година.
Смрт
[уреди | уреди извор]Рорер починал од природна смрт на 16 мај 2013 година во неговиот дом во Волерау Швајцарија. Тој имал 79 години и надживеан е од неговата сопруга, ќерките Дорис и Елен како и две внучиња.[6][7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 doi:10.1038/499030a
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ „The Nobel Prize in Physics 1986, Heinrich Rohrer“. Архивирано од изворникот на 2013-04-21. Посетено на 20 February 2013.
- ↑ PMID 23799298 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ PMID 19203123 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ PMID 17758103 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ „Heinrich Rohrer dies at 79; a father of nanotechnology“. LA Times. Посетено на 25 May 2013.
- ↑ Heinrich Rohrer obituary, The Economist June 2013
|
- Родени во 1933 година
- Починати во 2013 година
- Експериментални физичари
- Швајцарски физичари
- Швајцарски протестанти
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Швајцарски нобеловци
- Микроскопичари
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Апсолвенти на Швајцарскиот федерален технолошки институт во Цирих
- Странски членови на Руската академија на науките