Хенил
Хенил Genil | |
---|---|
Хенил во Гранада | |
Местоположба | |
Земја | Шпанија |
Област | Андалусија |
Градови | Гранада, Есиха |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Сиера Невада, покраина Гранада |
• координати | 37°6′34″N 3°20′27″W / 37.10944° СГШ; 3.34083° ЗГД |
Устие | Гвадалкивир |
• место | кај Палма дел Рио |
• координати | 37°41′36″N 5°18′59″W / 37.69333° СГШ; 5.31639° ЗГД |
Должина | 358 км |
Големина на сливот | 8.278 км2 |
Особености на сливот |
Хенил (шпански: Genil) — река во Андалусија, јужна Шпанија, главна притока на Гвадалкивир. Во римско време се нарекувала Сингилис (Singilis), а денешното име е изведенка од Синил или Санил — маварско предавање на латинското име.
Течение
[уреди | уреди извор]Реката извира од венецот Сиера Невада, северно од највисокиот врв Муласен. Тече низ градовите Гранада, Лоха, Пуенте Хенил и Есиха. Се влева во Гвадалкивир кај градот Палма дел Рио.
Главна притока на Хенил е Даро. Друга поголема притока е Касин, која се влева југозападно од Виљануева Месија.
Геолошка историја
[уреди | уреди извор]Реката денес ја одводнува Гранадската Котлина. За време на миоценот (пред 9,0–5,3 милиони години) ова бил непроточен слив; реките дотекувале од исток и југозапад во средишно езеро кое немало истек.
За време на плиоценот, западниот дел на сливот се одводнуван од системот-претходник на Касин, кој течел на север, а потоа го напуштал сливот на запад. Источниот пат се одвонувал од аламбрискиот систем или претходниот на Хенил се напојувал од планините на исток и завршувал во мало непроточно езеро на север. Извесно време подоцна Хенил го сменил течението на запад, каде се среќавал со претходникот на Касин, со што сливот станал проточен.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ García Alix, Antonio; Minwer Barakat, Raef; Martín, José M.; Martín Suárez, Elvira; Freudenthal, Matthijs (July–August 2009), „Dating The Change From Endorheic To Exorheic Conditions In The Drainage System Of The Granada Basin (Southern Spain)“, PALAIOS, SEPM Society for Sedimentary Geology, 24 (7/8): 544–549, Bibcode:2009Palai..24..544G, doi:10.2110/palo.2009.p09-015r, JSTOR 40606444
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хенил на Ризницата ?
- Хидрографски сојуз на Гвадалкивир (шпански)
|