Прејди на содржината

Хром триоксид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хром триоксидот (исто така познат како хром(VI) оксид или хром анхидрид) — неорганско соединение со формулата CrO3. Тоа е киселиот анхидрид на хромната киселина и понекогаш се продава под истото име.[1] Ова соединение е темно-виолетова цврста супстанца во безводни услови, светло портокалова кога е влажна и која се раствора во вода истовремено со хидролиза. Годишно се произведуваат милиони килограми, главно за галванизација.[2] Хром триоксидот е моќен оксидатор и канцерогено сооединение.

Производство, структура и основни реакции

[уреди | уреди извор]

Хром триоксидот се создава со третирање на натриум дихромат со сулфурна киселина:[1]

H2SO4 + Na2Cr2O7 → 2 CrO3 + Na2SO4 + H2O

Приближно 100.000 тони се произведуваат годишно од оваа или слична реакција.[2]

Цврстата супстанција се состои од синџири на тетраедарски координирани атоми на хром кои споделуваат темиња. Затоа, секој центар на хром дели два центри за кислород со соседите. Два атоми на кислород не се делат, што дава вкупна стехиометрија од 1:3.[3]

Ball-and-stick model of chains in the crystal structure of CrO3

Структурата на мономерниот CrO3 е пресметана со помош на функционалната теорија на густината и се предвидува дека е пирамидална (точка група C3v) наместо рамна (точка група D3h).[4]

Ball-and-stick model of the DFT-calculated structure of the CrO3 monomer

Хром триоксидот се распаѓа над 197 °C, ослободувајќи кислород и на крајот давајќи Cr<sub id="mwaQ">2</sub>O<sub id="mwag">3</sub> :

4 CrO3 → 2 Cr2O3 + 3 O2

Се користи во органската синтеза како оксиданс, често како раствор во оцетна киселина или ацетон во случај на оксидација на Џонс. Во овие оксидации, Cr(VI) ги претвора примарните алкохоли во соодветните карбоксилни киселини и секундарните алкохоли во кетони. Реакциите се прикажани подолу:

  • Примарни алкохоли до карбоксилни киселини
    4 CrO3 + 3 RCH2OH + 12 H+ → 3 RCOOH + 4 Cr3+ + 9 H2O
  • Секундарни алкохоли до кетоните
    2 CrO3 + 3 R2CHOH + 6 H+ → 3 R2C=O + 2 Cr3+ + 6 H2O

Употреба

[уреди | уреди извор]

Хром триоксидот главно се користи во хромирањето. Обично се користи со адитиви кои влијаат на процесот на обложување, но не реагираат со триоксидот. Триоксидот реагира со кадмиум, цинк и други метали за да генерира пасивизирачки хроматски фолии кои се отпорни на корозија. Се користи и за производство на синтетички рубини. Растворот на хромната киселина исто така се користи при нанесување на типови на анодна облога на алуминиум, кои првенствено се користат во воздушните апликации. На Меѓународната вселенска станица, се користи за контрола на растот на бактериите во резервоарот за складирање на отпадна вода. Растворот на хромна киселина/ фосфорна киселина е исто така претпочитано средство за соголување на анодни облоги од сите видови.

Безбедност

[уреди | уреди извор]

Хром триоксидот е многу токсичен, корозивен и канцероген.[5] Тоа е главниот пример на шествалентен хром, кој претставува еколошка опасност.[6] Сродните деривати на хром(III) не се особено опасни; на тој начин, редукантите се користат за уништување на примероците од хром(VI).

Хром триоксидот, како моќен оксидатор, ќе ги запали органските материјали како што се алкохолите при контакт.

  1. 1,0 1,1 „Chromium trioxide“. chemicalland21.com. AroKor Holdings Inc. Посетено на 2014-06-15.
  2. 2,0 2,1 Anger, G.; Halstenberg, J.; Hochgeschwender, K.; Scherhag, C.; Korallus, U.; Knopf, H.; Schmidt, P.; Ohlinger, M. (2000). „Chromium Compounds“. Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry. doi:10.1002/14356007.a07_067. ISBN 3527306730.
  3. Stephens, J. S.; Cruickshank, D. W. J. (1970). „The crystal structure of (CrO3)“. Acta Crystallographica Section B. 26 (3): 222. doi:10.1107/S0567740870002182.
  4. Zhai, H. J.; Li, S.; Dixon, D. A.; Wang, L. S. (2008). „Probing the Electronic and Structural Properties of Chromium Oxide Clusters (CrO3)
    n
    and (CrO3)n (n = 1–5): Photoelectron Spectroscopy and Density Functional Calculations“. Journal of the American Chemical Society. 130 (15): 5167–77. doi:10.1021/ja077984d. PMID 18327905.
  5. „Chromium Trioxide (MSDS)“. J. T. Baker. Архивирано од изворникот на 2015-01-12. Посетено на 2007-09-13.
  6. The environmental impact of hexavalent chromium inspired the 2000 biographical Hollywood movie Erin Brockovich.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]