Црв
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Црвите се животни со издолжено, тенко и меко тело, со должина од неколку милиметри до неколку метри.
Градба
[уреди | уреди извор]Телото на црвите е покриено со еднослоен епител, заштитено со кутикула. Под епителот се наоѓа мускулно ткиво со помош на кое црвот се движи. Потоа се отвора телесна празнина во која се сместени органите за варење, излачување, крвотокот и нервниот систем. Сите овие органи се упростени кај паразитските црви.
Позната групи црви се прстенестите црви (анелида), во кои спаѓаат дождовниот црв, пијавицата и некои морски црви. Телото на црвите е покриено со кожа која има повеќе функции. Во кожата има жлезди кои излачуваат лигава материја за полесно движење. Во неа има и сетилни клетки со кои ја чувствува светлината, а црвот преку влажната кожа дише. Исто така, преку кожата се излачуваат непотребната вода и штетните материи. Некои кожни клетки излачуваат посебни материи кои на површината на телото образуваат заштитен слој наречен „кутикула“.
Кај прстенестите црви, пренесувањето на храната и кислородот се врши преку крвоносен систем кој се состои од два главни крвни садови: грбен и стомачен. Двата крвни садови се спојуваат во предниот и задниот дел со мрежа од крвни капилари поради што тој се нарекува затворен крвен систем.
Кај поголемиот дел црви (на пример, кај дождовниот црв), системот за варење е цевчест и се состои од: уста, голтка, желудник и црево, со заден анален отвор. Храната се вари во желудникот иво цревото. Дождовниот црв како храна ги користи изгниените листови од растенијата.
Црвите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „На врвот“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.[1]
- „Верверичката и црвот“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[2]
- „Дали сакате црви?“ (англиски: Do you like worms?) - песна на американската рок-група Бич Бојс (Beach Boys) од 1967 година.[3]
- „Градината на црвот“ (англиски: Garden Of Worm) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[4]
- „Црви“ (англиски: Worms) — песна на ирско-британската рок-група Поугс (The Pogues) од 1988 година.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 48.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 79-80.
- ↑ The Beach Boys - Do You Like Worms? (пристапено на 25.8.2017)
- ↑ King Crimson – In The Wake Of Poseidon (пристапено на 27.1.2023)
- ↑ The Pogues – If I Should Fall From Grace With God (пристапено на 18.9.2023)
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|