Црковна историја (Евсевиј)
Црковна историја (грчки: Ἐκκλησιαστικὴ ἱστορία; латински: Historia ecclesiastica) — дело на грчкиот историчар и епископ Евсевиј Кесариски од IV век кое го обработува развојот на раното христијанство од I до IV век. Напишано е на коински грчки, а потоа преведено на латински, сириски и ерменски ракописи кои опстојуваат до денес.[1] Евсевиј е наречен „татко на црковната историја“.
За делото
[уреди | уреди извор]Ова е најраното дело целосно историско дело кое раскажува историја од христијанско гледиште.[2] На почетокот на V век адвокатите Сократ Схоластик и Созомен од Цариград и епископот Теодорит Кирски од Сирија напишале продолженија на делото, со тоа воведувајќи ја практиката на продолжителство во наредните илјада години. Евсевието дело „Летопис“, кое се обидува да даде споредбен времеслед на паганската и старозаветната историја, го дал примерот за другиот историографски жанр — средновековниот летопис или светска историја.
Евсевиј имал пристап до Богословската библиотека во Кесарија и кроистел бројни црковни ракописи и документи, дела на мачениците, писма, извадоци од ранохристијанските списи, списоци на епископи и слични извори; често дава обемни цитати од оригиналите, поради што неговото дело содржи материјал кој инаку денес е изгубен. На пример, пишува дека апостол Матеј е автор на Евангелието според Евреите а неговиот црковен каталог кажува дека ова е единственото еврејско евангелие.
Затоа неовиот труд е од историска важност, иако не претендира на сеопфатност или доволна темелност во обработката на темите. Делото не ја раскажува историјата на раната црква на поврзан и систематски начин. Во голема мера претставува оправдување на христијанската вера, иако самиот автор не го замислил како такво. Некои го обвинуваат за намерно лажирање на вистината, а други го бранат овој став како „мошне неправеден“, иако допуштаат дека Евсевиевата обработка не е непристрасна.[3]
Содржина на делото
[уреди | уреди извор]Во воведот (I.i.1) Евсевиј вели дека се обидува да ја опфати историјата на црквата од апостолите до неговото време, со посевна задршка на следниве:
- епископите во главните центри по редослед;
- историјата на христијанските учители;
- историјата на ересите;
- историјата на Евреите;
- односите со незнабошците;
- мачеништвата.
Материјалот го групира според царевите кои биле на власт, изложувајќи ги како што ги нашол во изворите. Ова е содржината на делото:
- Книга I: подробен вовед за Исус Христос
- Книга II: историја на апостолското време од разорувањето на Ерусалим од Тит
- Книга III: следниот период сè до Трајан
- Книга IV и V: приближно до II век
- Книга VI: времето од Септимиј Север до Дециј
- Книга VII: времето до почетокот на прогонствата за време на Диоклецијан
- Книга VIII: повеќе за прогонствата
- Книга IX: историја до времето на Константиновата победа над Максенциј на Западот и над Максимин на Истокот
- Книга X: обновата на црквите; бунтот и освојувањето на Лициниј.
Времеслед
[уреди | уреди извор]Се претпоставува дека „Црковна историја“ е првпат објавена во 313 г.[4] Делото го добило неговиот конечен облик по смртта на царот Крисп (326), веројатно кон крајот на 323 или почетокот на 324 г, бидејќи книга X му е посветена на тирскиот архиепископ Павлин, пој починал пред 325. Евсевиј се впуштил во опширни подготвителни проучувања за да го напише делото, што значи дека сето ова мора да траело со години. Неговиот зборник на житија на мачениците од постариот прериод можеби е едно од подготвителните проучувања за делото.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Eusebius of Caesarea, Church History (manuscripts), Tertullian.org.
- ↑ Chesnut, Glenn F (1986), „Introduction“, The First Christian Histories: Eusebius, Socrates, Sozomen, Theodoret, and Evagrius
- ↑ „Ecclesiastical History“, Catholic Encyclopedia, New Advent.
- ↑ Louth, Andrew (1990). „The date Of Eusebius' Historia Ecclesiastica“. Journal of Theological Studies. 41 (1): 111–123. doi:10.1093/jts/41.1.111. JSTOR 23964888.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црковна историја на Евсевиј Кесариски (руски)
- Црковна историја во превод на Мекгиферт (англиски)
- Црковна историја (грчки)
|