13 век
Изглед
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
13 век — век кој траел од 1 јануари 1201 до 31 декември 1300 година, според грегоријанскиот календар. Во историјата на европската култура, овој период се смета за дел од развиениот среден век. Монголското Царство го доживеало својот подем, а по неговите освојувања во Азија, царството се протегало од Источна Азија до Источна Европа.
Настани
[уреди | уреди извор]- 1200 - почеток на династијата која владеела со Тавантинсују, првиот Сапа Инка Манко Капак.
- 1200 - Монголците ја освојуваат Северна Кина.
- 1201 - Бонифациј Монфератски е избран за водач на Четвртиот крстоносен поход, по смртта на Теобалд III.
- 1202 - Битка кај Басијан: Грузијците ги поразуваат Селџуците.
- 1202 - Опсада на Задар: Во првата голема акција на крстоносната војна, крстоносците го опседнуваат и освојуваат Задар во Далмација. Крстоносците не можат да ги платат трошоците на Република Венеција за нејзините придонеси во Крстоносната војна поради кое крстоносците се согласуваат да го предадат градот на Венеција како нејзин економски соперник, и покрај писмата од Папа Инокентиј III кои забранува таква акција под закана за изопштување. Ова е прв напад врз Католичката црква од страна на католичките крстоносци.
- 1202 - Данците започнуваат крстоносна војна во Финска, која ја води архиепископот Андерс Сонсен и неговиот брат[1].
- 1203 - Армијата на Крстоносците го окупираат Цариград. Византискиот цар Алексиј III Ангел побегнува од главниот град во егзил.
- 1204 - Крстоносците го освојуваат Цариград. Градот е изложен на големи грабежи кои траат три дена. Силите на Република Венеција ги ограбуваат античките статуи кои денеска се познати како Коњите на Свети Марко. Болдвин I е крунисан од цар на Латинското Царство. Теодор I Ласкарис побегнува во Никеја по падот на Цариград и го воспоставува Никејското Царство. Византија престанува да постои. На местото на нејзината територија се основани неколку византиски наследни држави како Епирското Деспотство и Трапезунтското Царство. Бонифациј Монфератски, водач на Четвртата крстоносна војна, го основа Солунското Кралство.
- 1205 - Битка кај Одрин: Бугарија го победува Латинското Царство.
- 1206 - Џингис Хан го започнува своето владеење со Монголското Царство.
- 1207 - Откриен е првиот доказ за принудени заеми во Венеција. Оваа техника станува главен елемент на јавните финансии во Европа, до XVI век.[2]
- 1209 - Џингис Кан го освојува Тангутското Царство.
- 1209 - Катарска крстоносна војна против Катарите.
- 1210 - Ливонска крстоносна војна - Битката кај Умера: Естонските сили го поразуваат Ливонското братство на мечот.
- 1211 - Византиско-селџучки војни: Битка кај Антиохија на Меандер во Анадолија - Силите на Никејското Царство под Теодор I Ласкарис ги поразуваат оние на Селџуците, чиј водач, Кајхусрав I, е убиен на бојното поле.
- 1212 - Битка кај Навас де Толоса: Христијанските кралства на Шпанија решително ги поразуваат Алмохадите, а победата го турнува Кралство Кастиља во тешка финансиска состојба, бидејќи бројни војници треба да бидат платени за походот.
- 1212 - Фридрих II е крунисан за крал на Германија, со поддршка на Папа Инокентиј III.
- 1213 - Битка кај Муре: Тулушките и арагонските сили на Ремон VI Тулушки и Петар II Арагонски се поразени од Симон де Монфорт во текот на Катарската крстоносна војна.
- 1214 - Битка кај Бувен: Филип II ја поразува војската на Светото Римско Царство, англиски и фламански војници предводени од Отон IV, завршувајќи ја Англо-француската војна (1202-14).[3].
- 1215 - Во јуни кралот Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија.
- 1216 - Прва баронска војна: Англиската армија го вратила Берик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска[3]
- 1217 - Прва баронска војна во Англија: Француските сили се поразени во Битката кај Линколн, од страна на англиските кралски војници предводени од Вилијам Маршал[3].
- 1217 - Петта крстоносна војна, Реконквиста: кралот Алфонсо II Португалски го освојува градот[4].
- 1218 - Дамиета е ставена под опсада во текот на Петтата крстоносна војна од страна на крстоносците, и освоена следната година.
- 1219 - Ливонска крстоносна војна: Данските крстоносци, предводени од кралот Валдемар II Дански, го освојуваат Талин по Битката кај Линданисе. Нивното упориште во Талин ќе им помогне на Данците да ја освојат целата северна Естонија.
- 1220 - Исламските земји во Средна Азија се освоени од војските на Џингис Кан.
- 1221 - Маите од Јукатан започнуваат револт против владетелите на Чичен Ица.[5][6]
- 1222 - Отокар I ги обединува Бохемија и Моравија.
- 1222 - Издадена е Златна була во Унгарија, според која се ограничува моќта на монархијата над благородништвото.
- 1223 - Битка на река Калка: Монголските сили на Џингис Кан ги победуваат Русите.
- 1223 - Битка кај Самара Бенд: Волшките Бугари ја поразуваат армијата на Монголското Царство.
- 1224 - Последните муслимански жители се протерани од Сицилија и Малта.
- 1226 - Кралот Луј VIII започнува голема јужна офанзива против Катарите и Грофовија Тулуза. Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, но Марсеј и Ница се спротивставиле[7].
- 1227 - Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници на крстоносците го преминуваат морскиот мраз од копното на Естонија и ги поразуваат последните естонски упоришта на Муху и Саремаа. Ова го означува крајот на естонскиот поход во Ливонската крстоносна војна. Данска Естонија и Талин ги добиваат своите градски права.
- 1228 - Крстоносците се собираат во Бриндизи на чело со царот Фридрих II, за започнување на Нова крстоносна војна.
- 1228 - Абу Закарија ја основа Хафсидската династија во Ифрикија (денес Тунис).
- 1229 - Шеста крстоносна војна: Фридрих II потпишува десетгодишно примирје со ел-Камил, враќајќи го Ерусалим, Назарет и Витлеем.
- 1229 - Парискиот договор доведува до крај на Катарската крстоносна војна.
- 1229 - Огатај-кан е прогласен за кан на Монголското Царство.
- 1230 - Битка кај Клокотница: Бугарскиот цар Иван Асен II го поразува Теодор Ангел Дука Комнин. По ова, Бугарија бргу ја проширила контролата врз повеќето територии на Теодор во Тракија, Македонија и Албанија. Латинското Војводство Филипопол и независното кнежевство на Алексиј Слав, исто така, биле припоени кон Бугарија[8].
- 1230 - По враќањето на Фридрих II, папските трупи го напуштаат Неапол а царот склучува мир со Папа Григориј IX, повлекувајќи јо изопштувањето.
- 1231 - Освоен е градот Согут од страна на Ертугрул, татко на Осман I, основачот на Отоманското Царство.
- 1232 - Во Кина започнува опсада на престолнината Кајфенг против монголските сили. Следната година, градот е освоен.
- 1233 - Кастилските војници го опседнуваат муслиманскиот град Пењискола[9].
- 1234 - Регионот каде живееле Мандените, кренале востание против Царство Сосо. Ова е почеток на процесот кој ќе доведе до подем на Царство Мали.
- 1235 - Општа инквизиција започнува во Франција.
- 1235 - Византискиот цар Јован III Дука Ватац и бугарскиот цар Иван Асен II започнуваат опсада на престолнината на Латинското Царство, Цариград. Анџело Сандо успешно преговара за двегодишно примирје.
- 1236 - Кордоба е освоена од кастилските војници, како дел од Реконквистата на Пиринејскиот Полуостров[10]. Големата џамија е претворена во римокатоличка катедрала.
- 1236 - Волшка Бугарија е освоена од страна на монголските сили на чело со Бату-кан.
- 1237 - Бату-кан со сила од околу 150.000 Монголци, Турци и Персијци ја продолжува инвазијата кон Русија и Европа.
- 1237 - Битка кај Кортенова: Фридрих II го поразува Ломбардскиот Сојуз.
- 1238 - Јаков I го освојува градот Валенсија од Маврите, кои се повлекуваат во Гранада.
- 1239 - Папа Григориј IX дава согласност за крстоносна војна против муслиманското кралство Мурсија.
- 1240 - Битка кај Нева: Рускиот принц Александар Невски ги поразува Швеѓаните, спасувајќи ја Новгородската Република од целосна непријателска инвазија од север.
- 1241 - Монголската инвазија на Полска): Монголските сили ги победуваат феудалните полски армии на провинциите Сандомјеж и Краков.
- 1241 - Битка кај реката Шајо: Бату-кан и Субутај ги победуваат силите на Бела IV. Битката е последниот голем настан во Монголската инвазија на Европа.
- 1242 - За време на Битката на мразот на езерото Пејпус, руските сили, предводени од Александар Невски, ја одбиле инвазијата на Тевтонските витези.
- 1243 - Фердинанд III Кастилски ја претвора Мурсија во протекторат и го иницира процесот на колонизација и христијанизација на регионот.Кастилските војници пристигнуваат во Мурсија, за поддршка на династијата Хадит[11]
- 1244 - Со договорот од Алмирза, кралот Јаков I и Алфонсо Х Кастилски постигнуваат договор за распределба на муслиманските земји по крајот на војната
- 1244 - Опсадата и падот на Ерусалим води кон Седма крстоносна војна.
- 1245 - Папа Инокентиј IV го испраќа Џовани Плано Карпини во монголскиот двор за да им сугерира да го прифатат христијанството и да се приклучат на Крстоносните војни.
- 1247 - Побуна се јавува помеѓу муслиманитте во Кралство Арагон, во регионот на Валенсија. Како казна, царот издава наредба за протерување на муслиманите од неговото царство, што во следната година доведува да голем број муслимани заминат во егзил кон Кралство Гранада и Северна Африка.
- 1248 - Кралот Луј IX започнува Седма крстоносна војна, со армија од 20.000 за освојување на Египет.
- 1249 - Крај на португалската Реконквиста.
- 1250 - Светски климатски транзиции од Средновековен топол период до мала ледена доба[12]. Светското население се проценува на околу 400 до 416 милиони лица.
- 1250 - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили. Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари.
- 1250 - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците.
- 1251 - Започнување на Првата пастирска крстоносна војна во Франција.
- 1251 - Монгке-кан е избран за четврти кан на Монголското Царство.
- 1252 - Папа Инокентиј IV издава ја папската була Ad extirpanda, давајќи дозвола на мачење на кривоверците за време на инквизицијата. Тортурата брзо добива широко распространета употреба во католичка Европа.
- 1253 - Серија поморски војни започнува помеѓу италијанските град-држави Џенова и Венеција, кои ќе продолжат до 1371.
- 1254 - Кралот Луј IX, откако ги исцрпил своите средства и бил потребен во својата земја, ја напушта Седмата крстоносна војна, и се враќа во Франција.
- 1255 - По смртта на Бернардо Бонсињори, неговиот брат, Орландо останува единствен директор на најголемата банкарска фирма во Западна Европа, Гран Тавола во Сиена[13]
- 1256 - Монголскиот командант Бајџу Нојан (кој дејствува под команда на Хулагу-кан ги предводи своите сили во победата над Иконискиот Султанат со што ја освојува Анадолија.
- 1257 - Вулканот Самалас еруптира на островот Ломбок, Индонезија, една од најголемите вулкански ерупции во изминатите 10.000 години. Ерупцијата создаде тешки климатски промени низ целиот свет кои доведоа до сериоен глад и смрт. Водејќи на една од најголемите геополитички промени низ целиот свет во текот на следните неколку векови[14][15].
- 1257 - Роберт де Сорбон го основа колеџот кој подоцна ќе прерасне во денешниот универзитет во Париз.
- 1258 - Опсадата на Багдад завршува со победа на монголските сили на чело со Хулагу-кан. По освојувањето на градот, биле убиени околу 1.000.000 граѓани, градот бил срушен заедно со т.н. Куќа на мудроста.
- 1259 - Кралевите Луј IX и Хенри III се согласуваат со Парискиот договор, во кој Хенри се откажува од териториите во Европа, во замена да Луј ја повлече својата поддршка за англиските бунтовници.
- 1260 - Кублај-кан војува за престолот на Монголското Царство, по смртта на Монгке-кан.
- 1260 - Битка кај Ајн Џалут во Галилеја: Мамелучкиот Султанат ги поразува монголските сили, означувајќи го нивниот прв одлучувачки пораз и точка на максимално проширување на Монголското Царство.
- 1261 - Бајбарс станува нов султан на Мамелучкиот Султанат во Египет.[16]
- 1261 - Градот Цариград е освоен од силите под команда на Алексиј Стратигопул, со што Латинското Царство престанува да постои а повторно била воспоставена Византија[16]. Михаил VIII Палеолог е крунисан за византиски цар во Цариград.
- 1262 - Исландскиот Комонвелт потпишува договор за унија со Норвешка, признавајќи го Хокон IV за владетел.
- 1264 - Завршува граѓанската војна во Монголија. Кублај-кан го поразува својот брат Арик Боке кој се предава и кој е затворен. Тој умира една година подоцна под мистериозни околности, можеби со труење, но причината за смртта сè уште е неизвесна. Сепак, оваа битка во суштина го означува крајот на обединетото Монголско Царство. Кублај-кан одлучува да го премести својот главен град, од Ксанаду во Канбалик (денес Пекинг).
- 1264 - Започнува Втора баронска војна.
- 1264 - Тома Аквински го завршува своето дело Summa contra Gentiles.
- 1265 - Втора баронска војна, битка кај Ившам: армијата на Едвард ги поразува силите на бунтовничките барони предводени од Симон V Монфорт, што резултира со смрт на Монфор и многу од неговите сојузници. Ова понекогаш се смета за крај на витештвото во Англија.
- 1267 - Крај на Втора баронска војна. Бунтовниците и кралот Хенри III се согласуваат со условите за мир, како што е наведено во Едиктот од Кенилворт.
- 1268 - За првпат е забележан карневалот во Венеција.
- 1268 - Битка кај Антиохија: Кнежевство Антиохија, држава на крстоносците, паѓа под контрола на Мамелучкиот Султанат. Неговото уништување е толку големо што трајно го намалило значењето на градот.
- 1269 - Маринидите го комплетираат освојувањето на Мароко, заменувајќи ја династијата Алмохади.
- 1270 - Кралот Луј IX го започнува Осмиот крстоносен напад, во обид да ги врати крстоносните држави од Мамелуците. Кралот умира за време на опсадата на градот Тунис, по кое е ставен и крај на опсадата. Филип III е крунисан во крал на Франција.
- 1271 - Марко Поло заминува од Венеција со својот татко и вујко, на неговото познато патување во Азија.
- 1271 - Едвард I пристигнува во Ако, започнувајќи Деветта крстоносна војна. Сепак, крстоносците не се во можност да освојат некоја територија.
- 1271 - Кублај-кан го преименува своето царство познато како Јуан.
- 1273 - Рудолф I е избран за Крал на Германија над соперничкиот кандидат Отакар II, завршувајќи го интеррегнумот; Отакар одбива да го признае Рудолф како нов крал, што доведува до војна во 1276.
- 1274 - Втор Лионски собор од страна на Римокатоличката црква за ослободување на Светата земја преку објавување на нова крстоносна војна. Советот на крајот го одобрува десетокот како данок, за да ги поддржи напорите за ослободување на Светата земја од муслиманите.
- 1275 - 200.000 монголска армија се соочуваат со кинеска династија Сунг со сила од 130.000 војници. Јуен на крај победува.
- 1275 - Монголската Златна Орда извршува напади во Литванија по третпат.
- 1277 - Крстот на Свети Ѓорѓи за првпат е забележан во употреба, како национално знаме на Англија.[17]
- 1278 - Петар III Арагонски го освојува муслиманското упориште на Монтеса, ставајќи крај на двегодишниот бунт. Поразените муслимани се протерани од царството и заминуваат во егзил[18].
- 1278 - Битка на Моравско Поле: кралевите Рудолф I и Ладислав IV Унгарски го поразуваат кралот Отокар II. Со крајот на битката, завршува и борбата за власт меѓу Рудолф и Отакар во врска со судбината на Средна Европа, по кое династијата на Рудолф продолжува да владее со Австрија и другите освоени територии, до крајот на Првата светска војна во 1918 година.
- 1280 -Цар Иван Асен III побегнува од Трново, ставајќи крај на Асените.
- 1281 - Осман I, основач на Отоманското Царство, станува бег на племето во Согут во централна Анадолија. Во 1299 ќе прогласи независност од Селџуците, официјална година на основањето на Отоманското Царство.
- 1282 - Царот Рудолф I ги прогласува своите синови Албрехт и Рудолф за ко-владетели на војводствата на Австрија и Војводство Штеарска, со што се основа Хабсбуршка династија на тие територии.
- 1282 - Побуна во Сицилија против владеењето на Карло I Анжујски. Во следните 6 недели, илјадници Французи се убиени. Востанието го принудува Карло да се откаже од крстоносната војна, додека сè уште е на пат кон целниот град Цариград, и му дозволува на Петар III Арагонски да го преземе владеењето на островот (што од своја страна доведува до изопштување од Папа Мартин IV на Петар]).
- 1283 - Даниел Московски ја обединува западната страна на Русија, со кое завршува ерата на Киевска Русија по 301 година, а започнува онаа на Големото Московско Кнежевство.
- 1284 - Монголската Златна Орда, предводена од Ногај-кан, ја напаѓа Унгарија вторпат.
- 1285 - Архиепископот Јакуб Свинка им наредува на сите свештеници кои подлежат под неговата епархија во Полска да даваат проповеди на полски јазик, наместо на германски, поттикнувајќи го националниот идентитет.
- 1285 - Мамелучкиот султан ел-Мансур Калавун започнува опсада на крстоносната тврдина Маргат (во денешна Сирија) главното упориште на Болничарите. Тврдината е освоена еден месец подоцна.
- 1286 - Кралот на Шкотска Александар III умира, оставајќи го како наследник единственото негово неродено дете и 3-годишната Маргарета. По ова започнува Војна за независност на Шкотска и зголеменото влијание на Англија над Шкотска.
- 1288 - Папа Никола IV прогласува крстоносна војна против кралот Ладислав IV Унгарски, кој го изгубил кредибилитетот со фаворизирање на неговите полупагански кумански субјекти, одбивајќи да одговара на социјалните стандарди на Западна Европа.
- 1289 - Падот на Триполи: Мамелучкиот султан ел-Мансур Калаван го освојува Грофовија Триполи (во денешен Либан) по едномесечна опсада. Ова е крај на постоењето на крстоносната држава.
- 1289 - Во Сиена, дваесет и три партнери, вклучувајќи и пет членови на семејството Бонсињори, повторно ја создаваат Гран Травола, порано најуспешната европска банка, која престанала да функционира по смртта на нејзиниот творец и менаџер, Орландо Бонсињори, во 1273 година[19].
- 1290 - Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[20].
- 1291 - ел-Ашраф Калил го освојува градот Ако, со што целосно ги освојува крстоносните држави.
- 1291 - Основан е Швајцарскиот Сојуз од Швиц, Ури и Унтервалд.
- 1292 - Започнуваат Папските избори. По папските избори, Папа Целестин V го наследува Папа Никола IV, станувајќи 192-тиот папа.
- 1292 - Јован е избран од кралот Едвард I како крал на Шкотска. Едвард потоа го третира Јован како марионетска владетел и Шкотска како вазална држава, на крајот провоцирајќи ја Војната за независност на Шкотска, која започнала во 1296 година.
- 1294 - Умира Кублај-кан. Поделбата помеѓу четирите монголски земји: Чагатајски Ханат, Златна Орда, Илканат и Јуен се продлабочува.
- 1295 - Марко Поло се враќа во Венеција, по неговите патувања до Кина.
- 1296 - Започнува Византиско-венецијанската војна, и трае до 1302 година.
- 1297 - Силите на Франсоа Грималди го освојуваат замокот во Монако (Династија Грималди владее со кнежевството до денес).
- 1297 - Кралот Денис Португалски и кралот Фердинанд IV Кастилски го потпишуваат Договорот од Алканисес. Географските граници на Португалија се постојано фиксирани (со исклучок на Сао Феликс де Галегос, изгубени во 1640 и Оливенса, изгубени во 1801).
- 1298 - Битката кај Курцола: Џеновската флота ги поразува Венецијанците. Марко Поло е еден од затворениците, а додека е во затвор во Џенова, започнува да го диктира неговото дело за патешествијата кои ги поминал.
- 1298 - Странските кредитори на Сиена започнуваат да ги бараат своите депозити назад, со што ја забрзуваат кризата со ликвидноста со која се соочува фирмата[13].
- 1299 - Осман I го прогласува својот бејлик за независно од Селџуците на Иконискиот Султанат.
Личности
[уреди | уреди извор]- Алберт Велики, германски филозоф и теолог
- Александар Невски, Голем кнез од Новгород и Владимир
- Алексиј III Ангел, византиски цар
- Андреја Гросето, италијански писател
- Бајбарис, султан на Египет
- Бату-кан, монголски владетел и основач на Златна Орда
- Бела IV, крал на Унгарија
- Бонавентура, теолог, епископ и кардинал
- Чимабуе, сликар од Фиренца
- Данте Алигиери, фирентински писател и поет
- Доген, свештеник, писател, поет, филозоф и основач
- Свети Доминик, шпански католички монах
- Едвард I, англиски крал
- Елизабета Унгарска, унгарска принцеза
- Енрико Дандоло, дужд на Република Венеција
- Леонардо Фибоначи, најталентираниот западен математичар на средниот век
- Франциск Асиси, основач на францисканскиот ред
- Фридрих II, цар на Светото Римско Царство
- Џингис Кан, основач на Монголското Царство
- Гертруда Велика, германска католичка монахиња и духовен писател
- Папа Григориј Х, римски папа
- Хокон IV, крал на Норвешка од 1217 до 1263 година.
- Хенри III, крал на Англија
- Папа Инокентиј III, римски папа
- Иван Асен II, цар на Бугарија
- Калојан, цар на Бугарија
- Кублај-кан, монголски владетел, основач на династија Јуен во Кина
- Џалалудин Руми, научник и познат поет
- Луј IX Светиот, француски крал и крстоносец
- Манко Капак, прв Сапа Инка на Кралството Куско
- Марко Поло, венецијански трговец и истражувач
- Мевлана, филозоф и поет
- Осман I, основач на Отоманското Царство
- Отокар II, крал на Бохемија
- Рамон Љул, филозоф
- Роџер Бејкон, францискански монах, филозоф и научник
- Тома Аквински, католички монах и теолог
- Вилијам Маршал, државник.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Georg Haggren, Petri Halinen, Mika Lavento, Sami Raninen ja Anna Wessman (2015). Muinaisuutemme jäljet. Helsinki: Gaudeamus. стр. 380.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Munro, John H. (2003). „The Medieval Origins of the Financial Revolution“. The International History Review. 15 (3): 506–562.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 77–79. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN 2-7068-1398-9.
- ↑ Richard Bodley Scott; Graham Briggs; Rudy Scott Nelson (2009). Blood and Gold: The Americas at War. Osprey Publishing. стр. 35. ISBN 1846036917.
- ↑ Bancroft, Hubert Howe (1883). The native races. 1882-86. British Columbia: History Company.
- ↑ Dell'Umbria, Alèssi (2006). Histoire universelle de Marseille. De l'an mil à l'an deux mille. Marseille: Agone. стр. 19. ISBN 2-7489-0061-8.
- ↑ Fine, John Van Antwerp (1994). The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. University of Michigan Press. стр. 125. ISBN 978-0-472-08260-5.
- ↑ Lourie, Elena (2004). Jews, Muslims, and Christians in and around the Crown of Aragon: essays in honour of Professor Elena Lourie. Brill. стр. 270. ISBN 90-04-12951-0. Архивирано од изворникот на 2016-12-22. Посетено на 2018-09-26.
- ↑ Peter Linehan (1999). David Abulafia (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–673. ISBN 0-521-36289-X.
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 88. ISBN 90-04-11244-8.
- ↑ Le Roy Ladurie, Emmanuel; Bray, Barbara (1971). Times of Feast, Times of Famine: a History of Climate Since the Year 1000. Garden City, NY: Doubleday. ISBN 0-374-52122-0. OCLC 164590.
- ↑ 13,0 13,1 Catoni, Giuliano. „BONSIGNORI“. Dizionario Biografico degli Italiani. Посетено на 20 December 2011.
- ↑ „Mystery 13th Century eruption traced to Lombok, Indonesia“. Jonathan Amos, Science correspondent, BBC News. BBC. 30 September 2013. Посетено на 30 September 2013.
- ↑ Alberge, Dalya (August 4, 2012). „Mass grave in London reveals how volcano caused global catastrophe“ – преку The Guardian.
- ↑ 16,0 16,1 Lock, Peter (2013). The Routledge Companion to the Crusades. Routledge. стр. 112. ISBN 9781135131371.
- ↑ Perrin, W. G. (1922). British Flags. Cambridge University Press. стр. 37.
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 120. ISBN 90-04-11244-8.
- ↑ Bowsky, William (1981). A medieval Italian commune: Siena under the Nine, 1287-1355. University of California Press. ISBN 0-520-04256-5.
- ↑ Kington, J. Climate and Weather, HarperCollins Publishers, 2010