23 јануари
Изглед
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
23 јануари — 23-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 342 денови до крајот на годината (343 во престапна).
Настани:
1556 | Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери („јаодунг“) ископани во растресита глина. |
1793 | Русија и Прусија си ја поделиле Полска. |
1960 | Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан. |
1968 | Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг. |
1973 | Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам. |
1991 | Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ. |
2015 | Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула. |
Родени:
1783 | Мари Анри Бејл (Стендал) — француски писател, основоположник на францускиот реализам. |
1832 | Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. |
1872 | Јоже Плечник — словенечки архитект. |
1878 | Отон Жупанчич — словенечки поет. |
1910 | Џанго Рајнхард — француски гитарист. |
1928 | Жана Моро — француска глумица. |
1940 | Питер Фонда — американски глумец. |
1943 | Гери Бартон — американски џез-музичар. |
1945 | Тито Петковски — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија. |
1947 | Владан Холец — српски и југословенски глумец. |
1956 | Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите Смак и Бијело дугме. |
1962 | Ненад Грачан — хрватски фудбалер и тренер. |
1967 | Наим Сулејманоглу — турски кревач на тегови. |
1969 | Никола Ристановски — македонски глумец. |
1970 | Аријан Комазец — хрватски кошаркар. |
1982 | Карол Бјелецки — полски ракометар. |
1984 | Арјен Робен — холандски фудбалер. |
1996 | Рубен Лофтус-Чик — англиски фудбалер. |
2002 | Јошко Гвардиол — хрватски фудбалер. |
Починале:
1744 | Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар. |
1837 | Џон Филд — ирски композитор од романтизмот. |
1862 | Димитрија Миладинов — македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. |
1931 | Ана Павлова — руска балерина. |
1939 | Матијас Зинделар — австриски фудбалер. |
1944 | Едвард Мунк — норвешки експресионистички сликар. |
1989 | Салвадор Дали — шпански сликар. |
1995 | Вањо Хаџиев — повеќегодишен соработник на весникот „Нова Македонија“. |
1980 | Ернст Оцвирк — австриски фудбалер. |
2000 | Александар Христовски — македонски писател. |
2021 | Лари Кинг — американски телевизиски водител. |
2022 | Радован П. Цветковски — македонски писател. |