Прејди на содржината

25 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

25 октомври — 298-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (299-и во престапна година). Остануваат 67 денови до крајот на годината.

Настани:

1689  Австрискиот генерал Енеја Силвио Пиколомини (како дел од контраофанзивата против Отоманското Царство по кампањата на Турците во 1683 година) го запалил Скопје. Во тој период во градот бил зафатен со епидемија на колера. Пиколомини наредил градот да се запали за да се сопре епидемијата. Градот горел два дена. До темел изгореле голем број куќи и дуќани, но епидемијата не сопрела. Дури и самиот генерал Пиколомини се заразил од колера и набрзо починал.
1936  Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.
1971  НР Кина е примена во членството на ООН.
1993  Мелина Меркури, артистката во филмот „Никогаш в недела“, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.
1994  Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.

Родени:

1757  Хенрих Фридрих Карл — пруски политичар.
1811  Еварист Галоа — француски математичар,
1825  Јохан Штраус — помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент.
1838  Жорж Бизе — француски композитор, автор на оператаКармен“, најуспешното дело на францускиот реализам.
1881  Пабло Луис Пикасо — шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот.
1911  Михаил Јангел — советски инженер.
1931  Ани Жирардо — француска глумица.
1946  Елијас Фигуероа — чилеански фудбалер.
1981  Шон Рајт Филипс — англиски фудбалер.
1984  Кети Пери — американска пејачка.
1990  Матија Катанео — италијански велосипедист.
1994  Алекса Аврамовиќ — српски кошаркар.
1997  Федерико Кјеза — италијански фудбалер.
1999  Ромео Лангфорд — американски кошаркар.
2000  Доминик Собослај — унгарски фудбалер.

Починале:

625  Бонифациј V — еден од најголемите реформатори на црквата во Англија.
1154  Стефан Англискикрал на Англија.
1400  Џефри Чосер — најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност.
1647  Еванџелиста Торичели — италијански физичар и математичар.
1941  Робер Делоне — француски сликар.
1973  Абебе Бикила — етиопски атлетичар.
1976  Рејмон Кено — француски писател.
1987  Андреј Колмогоров — руски математичар.
2010  Весна Парун — хрватска поетеса.
2014  Џек Брус — шкотски рок-музичар, член на групата Крим (Cream).
2015  Јуриј Мамлеев — руски писател.
2016  Карлос Алберто — бразилски фудбалер.
2017  Фетс Домино — американски рокенрол-музичар.
2024  Фил Леш — американски рок-музичар.