6
< 1 век п.н.е. | 1 век | 2 век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 6 VI |
Ab urbe condita | 759 |
Асирски календар | 4756 |
Балиски календар | н/п |
Бенгалски календар | −587 |
Берберски календар | 956 |
Будистички календар | 550 |
Бурмански календар | −632 |
Византиски календар | 5514–5515 |
Кинески календар | 乙丑年 (дрв. вол) 2702 или 2642 — до — 丙寅年 (огн. тигар) 2703 или 2643 |
Коптски календар | −278 – −277 |
Етиопски календар | −2 – −1 |
Еврејски календар | 3766–3767 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 62–63 |
- Сачка ера | н/п |
- Кали-југа | 3106–3107 |
Холоценски календар | 10006 |
Ирански календар | 616 п.п. – 615 п.п. |
Исламски календар | 635 п.х. – 634 п.х. |
Јавански календар | н/п |
Јулијански календар | 6 VI |
Корејски календар | 2339 |
Мингуо-календар | 1906 пред Р. Кина 民前1906年 |
Нанакшахи | −1462 |
Селевкидски календар | 317/318 г.г. |
Тајландски сончев календар | 548–549 |
Тибетски календар | 阴木牛年 (женско дрво-вол) 132 или −249 или −1021 — до — 阳火虎年 (машки оган-тигар) 133 или −248 или −1020 |
6 (VI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 6 година од новата ера, 6. од првиот милениум, 6. од I век и шеста од 0-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5514 и 5515 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4756 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3766 и 3767 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 759.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 6 година се протега во 2642 и 2643, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2702 и 2703 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 549. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 635 и 634 година пред хиџра.
Настани
[уреди | уреди извор]- Јудеја и Мизија станале римски провинции;
- Тибериј се спремал за војна против Маркоманите и нивниот крал Марбодус;
- Во Кина кандидатите за политичка служба морале да полагаат испит;
- Во Рим започнала изградбата на храмот Конкордиа. Изградбата се завршила во 10 година;
- Марко Емилиј Лепид и Лукиј Арунтиј служеле како римски конзули.
Родени
[уреди | уреди извор]- Исус - последната можна година, ако се темели на Квиринјевиот попис направен истата година (сомнеж кај критичарите);
- Нерон, римски аристократ, син на Германикус и Агрипина постарата (починал во 30 година);
- Милониа Цезониа, римска царица (починала во 41 година).
Починале
[уреди | уреди извор]- Клеопатра Селена II, египетска владетелка на Либија и Киренајка (родена во 40 п.н.е.);
- Пинг, кинески цар од династијата Хан (роден во 9 п.н.е.).