Backstreet Boys
Backstreet Boys | |
---|---|
Backstreet Boys на iHeartRadio Music Awards во 2019 Во Лос Анџелес. From left: Еј Џеј Меклин, Кевин Ричардсон, Ник Картер, Хауи Дороу, Брајан Литрел. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Орландо, Флорида, САД. |
Жанрови | |
Период на активност | 1993–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | backstreetboys.com |
Членови | |
|
Backstreet Boys (транскрипција: Бекстрит бојс) ― американска вокална поп-група[3] основана во Орландо во 1993 година. Групата е составена од Ник Картер, Хауи Дороу, Еј Џеј Меклин и братучедите Брајан Литрел и Кевин Ричардсон.
Групата се прославила со нивниот прв меѓународен албум, Backstreet Boys (1996) и со продадени преку 130 милиони плочи[4] станале едни од најпродаваните музички изведувачи на сите времиња и група-момчиња со најголема продажба на сите времиња. Тие, исто така, станале прва група-момчиња која се искачила на врвот на американската топ-листа за албуми во три различни децении.[5] Тие биле прва група по Лед Цепелин чии први десет албуми се пласирале во топ-10 на Билборд 200, и единствена група-момчиња на која ѝ успеало тоа.
Историја
[уреди | уреди извор]1993–1995: Основање и почетоци
[уреди | уреди извор]Хауи Дороу и Еј Џеј Меклин живееле во Орландо и се запознале преку заеднички учител по пеење, а подоцна преку аудиција го откриле Ник Картер.[6] Решиле да основаат трио.[6] Братучедите Кевин Ричардсон и Брајан Литрел, кои живееле во Лексингтон, Кентаки, како деца пееле по месни црковни хорови и фестивали.[6] Ричардсон се преселил во Орландо во 1990 година, каде што работел во Walt Disney World.[6]
Во 1992 година, Лу Перлман објавил оглас во Orlando Sentinel за да состави вокална група слична на „New Kids on the Block“, но која ќе звучи како „Boyz II Men“.[7] Картер, Дороу и Ричардсон биле избрани откако ги исполниле очекувањата на Перлман.[8] Литрел официјално се приклучил на групата на 20 април 1993 година, откако претходниот ден неговиот братучед телефонски го повикал во групата.
Додека го граделе нивниот репертоар и изведувачки стил, групата настапувала низ САД, претежно на мали настани и фестивали.[9]
На крајот од декември 1994 година, групата заминала во Шведска за да сними неколку песни со Макс Мартин и Дениз ПоП, вклучувајќи ја и „We've Got It Goin' On“, која станала нивен прв сингл и била комплетирана во јануари 1995 година.[10] Песната имала мал успех во САД,[11] но се пласирала во топ-5 на топ-листите во Германија, Швајцарија, Австрија, Франција и Холандија.[12] [13]
1996–1999: Светска слава
[уреди | уреди извор]Нивниот прв албум, Backstreet Boys, бил издаден на 6 мај 1996 година,[14] и забележал огромен успех во Европа,[15] Канада и Азија, но не успеал да привлече големо внимание во САД.
По се поголемата популарност надвор од родната земја, групата на 11 август 1997 година го издала вториот албум Backstreet's Back. Backstreet's Back се искачил на прво место во Германија, Норвешка, Швајцарија, Финска, Холандија, Белгија и Австрија,[16] [17] Најуспешни синглови од Backstreet's Back и американскиот деби албум биле: „Everybody (Backstreet's Back)“ и „As Long As You Love Me“.
Литрел покренал тужба против Лу Перлман и Транс Континентал во 1998 година, тврдејќи дека Перлман не бил искрен за заработката на групата.[18] Од 1993 до 1997 година, Перлман и неговата компанија оствариле околу 10 милиони долари приход, а групата добила само 300.000 долари.[19] Следната година, Меклин, Ричардсон и Доро се приклучиле кон тужбата која резултирала со голем број спогодби.[20]
Во октомври 1988 година почнале да го снимаат нивниот трет студиски албум, Millennium.[21] Светскиот хит-сингл „I Want It That Way“, се искачил на врвот на сингл-листите во над 25 земји и го подгреал очекувањето за албумот.[11][12][22][23] Millennium бил објавен на 18 мај 1999 година, а истиот ден „Бекстрит бојс“ добиле голем публицитет во емисијата Total Request Live на MTV.[24]
Албумот дебитирал на прво место на Билборд 200.[25][26] Од албумот биле објавени четири синглови: „I Want It That Way“, која се смета за една од најдобрите поп-песни на сите времиња, „Larger than Life“, „Show Me the Meaning of Being Lonely“ и „The One“. <i id="mwAR8">Millennium</i> станал најпродаван албум во 1999 година во САД.[27][28] Албумот се задржал на Билбордовата топ-листа 93 недели.[29] [30] Во јануари 2013 година, албумот бил на четврто место на списокот на најпродавани албум во САД откако SoundScan започнал со мерење.[31]
2000–2004: Врв на кариерата и пауза
[уреди | уреди извор]Нивниот четврти албум, Black & Blue, бил издаден на 21 ноември 2000 година.[32] За да го промовираат неговото објавување, патувале низ светот и за 100 часа ги посетиле Стокхолм, Токио, Сиднеј, Кејп Таун, Рио де Жанеиро и Њујорк. Педесет и пет часа биле потрошени за патување, а 45 за јавни настапи.[33] Албумот забележал најдобра продажба на албум во светски рамки во една недела во историјата, со продажба од преку 5 милиони примероци во првата недела.[34][35] Во Соединетите Американски Држави, продале 1,6 милиони примероци во првата недела, со што станале прв изведувач по Битлси кој успеал во првата недела да продаде два последователни албуми во милениумски тираж.[36] Од Black & Blue биле објавени три сингла: „Shape of My Heart“, „The Call“ и „More than That“.
По враќањето од турнејата Black and Blue Tour, групата се соочила со тешка загуба во терористичките напади од 11 септември 2001 година. Нивниот сценски реквизитер, Даниел Ли, кој се враќал дома во Лос Анџелес за да ја види својата сопруга, која требало да ги породи второ дете бил меѓу 92-те загинати откако киднапираниот авион се урнал во Северната кула од Светскиот трговски центар.[37]
The Hits – Chapter One, нивниот прв компилациски албум, бил издаден на 23 октомври 2001 година.[38] Од 2002 до 2004 година групата заминала на пауза.
Во ноември 2003 година, Меклин се појавил на Шоуто на Опра Винфри и за прв пат јавно зборувал за неговата зависност од алкохол и дрога и за неговите потешкотии да се справи со славата.[39] Остатокот од групата го изненадила со тоа што членовите лично се појавиле во шоуто за да му дадат поддршка, а тоа било прв пат Бекстрит Бојс да се појават заедно во јавност по речиси две години.[39]
2004–2010: Враќање и независна ера
[уреди | уреди извор]The Backstreet Boys во јануари 2004 година почнале да снимаат нов албум.[40] Почнале заедно да настапуваат за да го промовираат враќањето на музичката сцена. Започнале мала азиска турнеја во септември, посетувајќи ги Пекинг, Шангај, Токио и Манила. По успехот на оваа турнеја, тие најавиле мексиканска турнеја, при што ги посетиле Мексико Сити и Монтереј.
На 14 јуни 2005 година, Backstreet Boys го објавиле нивниот албум Never Gone. Албумот дебитирал на трето место на американската топ-листа. Сепак, драстичната промена на стилот била причина за негативни критики од Ролинг Стоун.[41][42] Never Gone не го постигнал успехот на нивните претходни албуми, но сепак ги содржел хитовите „Incomplete“ и „Just Want You to Know“. По турнејата за промоција на „Never Gone“, групата повторно се повлекла од музичката сцена, овој пат поради заминувањето на Кевин Ричардсон, кој одлучил да ја напушти групата за да се насочи на семејниот живот.[43][44][45]
Останатите четворица членови од групата продолжиле да снимаат и настапуваат заедно. Во 2007 година го издале албумот „Unbreakable“, а во 2009 година и албумот „This Is Us“.[46] Овие албуми содржеле нови хитови, но не успеале да ја постигнат популарноста на нивните претходни проекти.
Бекстрит бојс, вклучувајќи го и Ричардсон, на 22 октомври 2010 година снимиле сегмент за шоуто на Опра Винфри. Ричардсон, исто така, настапил со групата во шоуто подоцна истиот ден, што било втор пат да настапува со групата по неговото заминување.[47]
2011–Денес: Враќање на Ричардсон и нови албуми
[уреди | уреди извор]Во мај 2011 година, групата објавила дека ја напуштиле нивната долгогодишна издавачка куќа JIVE Records.[48] Истиот месец, биле на заедничка турнеја со New Kids on the Block под името NKOTBSB.[49] Пред турнејата, издале компилациски албум од нивните најголеми хитови, исто така насловен NKOTBSB.[50] Турнејата траела до јуни 2012 година, при што одржале 80 концерти во Северна Америка, Европа, Австралија и Азија. За време на концертот во Стејплс Центар во Лос Анџелес, во јули 2011 година, Ричардсон повторно ѝ се приклучил на групата на сцената.[51]
Бекстрит бојс на 29 април 2012 година објавиле дека Ричардсон трајно се вратил во групата.[52] Неколку дена подоцна, Меклин и Литрел во одделни прилики откриле дека Ричардсон се вратил во 2010 година, пред да започне турнејата NKOTBSB. Тој бил во преговори да се приклучи на турнејата, но на крајот одлучил да не се приклучува. Тие ја поддржале неговата одлука и го чувале неговото враќање во тајност додека не заврши турнејата.[53][54]
Бекстрит бојс ја прославиле 20-годишнината од основањето со концерт за обожавателите во Холивуд на 20 април 2013 година.[55] [56] Два дена подоцна добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[57] Во 2013 година, Backstreet Boys го издале албумот „In a World Like This“, со кој ја одбележале 20-годишнината. Албумот бил проследен со светска турнеја, која постигнала голем успех.[58]
Групата имала камео во филмот „Ова е крајот“ од 2013 година како измислена верзија од себе и ја извеле нивната песна „Everybody (Backstreet's Back)“,[59] што им донело награда за „Најдобар музички момент“ на MTV Movie Awards во 2014.[60]
Нивниот документарен филм, насловен Backstreet Boys: Show 'Em What You're Made Of, бил објавен на 30 јануари 2015 година.[61] [62] Филмот ја прикажува целата нивна кариера до создавањето на нивниот албум „In a world like this“ во 2013 година.[61]
На 10 април 2015 година, членовите од групата Ричардсон и Литрел биле примени во Музичката куќа на славните од Кентаки.[63]
Во август 2015 година, членовите од групата Картер, Дороу и Меклин снимиле филм кој го напишал Картер под наслов „Мртви 7“.[64] Филмот бил премиерно прикажан на 1 април 2016 година на каналот Syfy.
На 23 септември 2016 година, Бекстрит Бојс потврдиле дека од 2017 година ќе одржуваат резидентни концерти во Лас Вегас под наслов Backstreet Boys: Larger Than Life.[65] [66] Од 1 март 2017 година до 27 април 2019 година одржале 80 концерти.
На 25 јануари 2019 година го издале албумот „DNA“, кој постигнал критички и комерцијален успех. Синглот „Don't Go Breaking My Heart“ бил номиниран за Греми награда, а албумот дебитирал на прво место на Billboard 200 топ-листата, и станал нивен прв албум на прво место по повеќе од 20 години.
Во октомври 2022 година, групата го издала првиот божиќен албум, A Very Backstreet Christmas. Премиерата на телевизиската специјална емисија, „A Very Backstreet Holiday“, била откажана, заедно со нивната празнична промоција од 350.000 долари за MeUndies[67] и договорот од 1 милион долари со Vrbo[68] и Expedia, [69] по обвиненијата за сексуален напад од страна на Ник Картер,[70] [71] кој подоцна поднел тужба за клевета од 2,5 милиони долари.[72] Во август 2024 година, биле објавени судски документи кои откриле дека тужбата на Мелиса Шуман против Картер ги чинела Бекстрит Бојс милионски договор.[73]
Членови на групата
[уреди | уреди извор]- Еј Џеј Меклин (1993-денес)
- Хауи Дороу (1993-денес)
- Ник Картер (1993-денес)
- Кевин Ричардсон (1993–2006, 2012–денес)
- Брајан Литрел (1993-денес)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Backstreet Boys (1996)
- Backstreet's Back (1997)
- Millennium (1999)
- Black & Blue (2000)
- Never Gone (2005)
- Unbreakable (2007)
- This Is Us (2009)
- In a World Like This (2013)
- DNA (2019)
- A Very Backstreet Christmas (2022)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Teen pop acts ready for summer tours“. Billboard. February 16, 2001. Архивирано од изворникот August 19, 2020. Посетено на April 20, 2020.
- ↑ „Backstreet Boys - Biography, Albums, Streaming Links“. AllMusic. Архивирано од изворникот July 26, 2020. Посетено на April 20, 2020.
- ↑ Michelson, Noah (June 13, 2010). „Catching Up with the Backstreet Boys“. Out Magazine. Архивирано од изворникот на April 23, 2013. Посетено на October 1, 2012.
But we've always prided ourselves on just being a vocal harmony group.
- ↑ Vartan, Kristin (April 9, 2019). „Backstreet Boys' Nick Carter on Grammy Museum Exhibit & Renewed Success: 'We're Just Living in the Moment'“. Billboard. Посетено на September 21, 2024.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 „Backstreet Boys Biography“. StarPulse.com. Архивирано од изворникот на August 20, 2009. Посетено на March 15, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Murrin, Anita (September 2, 2005). „The Backstreet Boys get back to basics“. Inside Portland. Архивирано од изворникот на January 7, 2009. Посетено на March 10, 2017.
- ↑ „CelebrityAccess Industry Profile: David Renzer“. Celebrity Access. Архивирано од изворникот на November 4, 2013. Посетено на July 21, 2012.
- ↑ Golden, Anna Louise (September 15, 2015). Backstreet Boys: They've Got It Goin' On!. St. Martin's Publishing. ISBN 9781250098207.
- ↑ 11,0 11,1 Празен навод (help)
- ↑ 12,0 12,1 „Backstreet Boys' German singles chart-positions“. Musicline.de. Архивирано од изворникот на September 29, 2012. Посетено на January 24, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys' European chart-positions on We've Got It Going On“. swisscharts.com. Архивирано од изворникот на February 11, 2010. Посетено на January 24, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys: Backstreet Boys (international version)“. swisscharts.com. Архивирано од изворникот на February 11, 2010. Посетено на March 1, 2010.
- ↑ Предлошка:Cite certification
- ↑ „Backstreet Boys' German albums chart-positions“. Musicline.de. Архивирано од изворникот на August 13, 2011. Посетено на January 24, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys' European chart-positions on Backstreet's Back“. swisscharts.com. Архивирано од изворникот на February 11, 2010. Посетено на January 24, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys: Local manager milked millions“. Orlando Business Journal. September 14, 1998. Архивирано од изворникот на August 11, 2010. Посетено на August 13, 2012.
- ↑ Carlson, Peter (November 6, 1999). „THE MUSIC MACHINE: 'Big Poppa' Pearlman Takes Kids and Turns Them Into Stars. Then They Sue Him“. The Washington Post. ProQuest 1707922510.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Backstreet Boys Settle With Pearlman, Record New Album“. MTV. Архивирано од изворникот на January 9, 2010. Посетено на March 3, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys – I Want It That Way“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на May 30, 2015. Посетено на February 12, 2011.
- ↑ „Backstreet Boys' European chart-positions on I Want It That Way“. swisscharts.com. Архивирано од изворникот на February 11, 2010. Посетено на March 1, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys album Millennium“. MTV. Архивирано од изворникот на January 7, 2010. Посетено на March 1, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Britney Scores Second Best Soundscan Week“. AllBusiness. May 24, 2000. Архивирано од изворникот на January 8, 2009. Посетено на January 18, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Soundscan Annual Report 1999“. Backstreet.net. January 5, 2000. Архивирано од изворникот на November 7, 2018. Посетено на June 18, 2012.
- ↑ Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
- ↑ „Search Result: Backstreet Boys“. RIAA. May 24, 2000. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на January 18, 2010.
- ↑ „The Nielsen Company & Billboard's 2012 Music Industry Report“. MarketWatch. January 4, 2013. Архивирано од изворникот на June 15, 2013. Посетено на January 22, 2013.
- ↑ „Backstreet Boys album Black & Blue“. MTV. Архивирано од изворникот на January 7, 2010. Посетено на March 3, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys Launch Black & Blue Tour“. ABC News. Архивирано од изворникот на June 4, 2011. Посетено на March 3, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Charts: Backstreet Boys score another No. 1 with Black & Blue“. SoundSpike. November 29, 2000. Архивирано од изворникот на July 14, 2014. Посетено на February 9, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Air Canada Centre, Toronto – September 12, 2001“. Canoe.ca. September 13, 2001. Посетено на August 28, 2012.
- ↑ „The Hits: Chapter One“. AllMusic. Архивирано од изворникот на March 30, 2013. Посетено на March 14, 2013.
- ↑ 39,0 39,1 „Backstreet Boys Inspired By Oprah To Hit Studio Again“. MTV. December 4, 2003. Архивирано од изворникот на February 12, 2010. Посетено на March 5, 2010.
- ↑ Friedman, Roger (February 9, 2004). „Justin Timberlake Gets Debut Movie Role“. Fox News. Архивирано од изворникот на September 13, 2009. Посетено на March 5, 2010.
- ↑ „Backstreet Boys 'Never Gone'“. Rolling Stone. June 16, 2005. Архивирано од изворникот на May 15, 2009. Посетено на August 24, 2017.
- ↑ „Backstreet Boys 'Never Gone'“. CBS News. June 14, 2005. Архивирано од изворникот на May 12, 2013. Посетено на April 20, 2020.
- ↑ Hochbaum, Leah (November 30, 2006). „Cute, menschy boy bands make traditional tunes cool“. The Jewish Journal of Greater Los Angeles. Архивирано од изворникот на July 13, 2012. Посетено на January 7, 2012.
- ↑ Grossberg, Josh (July 25, 2007). „Backstreet Boys Unite!“. E! Entertainment Television. Архивирано од изворникот на October 30, 2013. Посетено на January 7, 2012.
- ↑ „Kevin Richardson Quits Backstreet Boys“. MTV. June 26, 2006. Архивирано од изворникот на February 12, 2010. Посетено на March 4, 2010.
- ↑ Glastetter, Jason (July 28, 2009). „Backstreet Boys are back, alright! July 28, 2009“. Theendofirony.net. Архивирано од изворникот June 21, 2010. Посетено на June 18, 2012.
- ↑ „The Backstreet Boys Reunite“. Oprah.com. Архивирано од изворникот на April 25, 2012. Посетено на May 23, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ (2 мај 2011). "Rising Pop Star Ashlyne Huff is Set to Join This Summer's NKOTBSB Tour as the Opening Act". Соопштение за печат.
- ↑ (11 април 2011). "The Fans Have Spoken! NKOTBSB Track Listing Revealed!". Соопштение за печат.
- ↑ „Kevin Richardson joins Backstreet Boys and New Kids on the Block in Los Angeles“. Pop2it – Zap2it. July 2, 2011. Архивирано од изворникот на June 4, 2012. Посетено на May 23, 2012.
- ↑ „Special Announcement from London!“. April 29, 2012. Архивирано од изворникот на May 1, 2012. Посетено на April 30, 2012.
- ↑ „Brian Littrell Q&A! (Melbourne 19/5)“. May 19, 2012. Архивирано од изворникот на 2023-04-05. Посетено на September 29, 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „AJ McLean & Jonathan Knight Interview“. Novum. Архивирано од изворникот (Video) на July 29, 2013. Посетено на July 19, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Clare, Donna (April 21, 2013). „The Backstreet Boys Celebrate 20 Years“. CNN. Архивирано од изворникот на June 11, 2013. Посетено на April 22, 2013.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „2014 Year End Top 100 Worldwide Tours“ (PDF). Pollstar Pro. Архивирано (PDF) од изворникот December 31, 2015. Посетено на January 12, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Clark, Cindy (April 13, 2014). „2014 MTV Movie Awards winner's list“. USA Today. Архивирано од изворникот на April 14, 2014. Посетено на April 13, 2014.
- ↑ 61,0 61,1 Garibaldi, Christina (December 2, 2014). „Backstreet Boys Are Back With A New Movie: Find Out When It Hits Theaters“. MTV. Архивирано од изворникот на December 15, 2014. Посетено на December 3, 2014.
- ↑ „international : Backstreet Boys“. Backstreetboys.com. Архивирано од изворникот на January 10, 2015. Посетено на January 9, 2015.
- ↑ Papadatos, Markos (April 12, 2015). „Backstreet Boys members inducted into Kentucky Music Hall of Fame“. Digital Journal. Архивирано од изворникот на April 22, 2015. Посетено на April 13, 2015.
- ↑ „First Images from Dead 7 Feature the Backstreet Boys in the Wild West“. Dread Central. August 20, 2015. Архивирано од изворникот на July 26, 2020. Посетено на April 20, 2020.
- ↑ „Backstreet Boys To Perform Las Vegas Residency“. Fox News. September 24, 2016. Архивирано од изворникот на September 24, 2016. Посетено на September 24, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Jr, Anthony Palliparambil. „The Backstreet Boys and MeUndies just launched festive underwear for the holidays“. USA TODAY.
- ↑ Naumann, Ryan (13 August 2024). „Nick Carter Sues Sexual Assault Accuser for $2.5 Million“. In Touch Weekly. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ „x.com“. X (formerly Twitter). Посетено на 28 May 2024.
- ↑ Holmes, Martin (9 December 2022). „Backstreet Boys Holiday Special Pulled by ABC Following Nick Carter Rape Allegation“. TV Insider. Посетено на 6 September 2023.
- ↑ „ABC Pulls Backstreet Boys Holiday Special Following Nick Carter Rape Allegations and Lawsuit“. Peoplemag (англиски). Посетено на 6 September 2023.
- ↑ „Judge Says Nick Carter Can Continue to Pursue Counterclaim Against Sexual Assault Accuser“. Peoplemag (англиски). Посетено на 6 September 2023.
- ↑ Naumann, Ryan (13 August 2024). „Nick Carter Sues Sexual Assault Accuser for $2.5 Million, Says She Cost Him 7-Figure Deal“. In Touch Weekly. Посетено на 14 August 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Backstreet Boys на Ризницата ?
- Мисли поврзани со Backstreet Boys на Викицитат
- Матична страница
|
- Добитници на MTV Europe музички награди
- Американски поп музички групи
- Американски вокални групи
- Американски современ ритам и блуз групи
- Музички групи основани во 1993
- Добитници на Светски музички награди
- Добитници на Џуно награда
- Музички групи од Орландо
- Американски квинтети
- Добитници на Ехо-награда
- Тин-поп групи
- Денс-поп групи
- Американски денс-групи