Прејди на содржината

Manga (band)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манга

Манга (правилно се пишува maNga) е турска рок група формирана во Анкара.

Историја на групата

[уреди | уреди извор]

Манга е турска рок група, создадена во Анкара од сегашниот член Јамур Саргјул (Јамјам) и бившиот член Орчун Шекеруста. Потоа се придружија музичарите Озгјур, Ефе, Ферман и Џем.Авантурата за албум започнува со идејата на Ферман за да настапат на фестивалот "Sing your song" кој го завршуваат со второ место. Во 2004 г. Излегува нивниот прв албум,насловен како “МаNga”. Првата песна со видеоклип “Bir Kadın Çizeceksin” (“Да насликаш жена”) е во стил манга и со неа стануваат познати во цела Турција.

2009-а година е исклучително успешна за МаНга.Групата го издава следниот албум “Şehr-i Hüzün” (“Градот е тага”), од кој излегуваат три хит-синглови: “Dünyanın Sonuna Doğmuşum” (“Роден на крајот на светот”), “Beni Benimle Bırak” (“Остави ме сам со себе”), “Cevapsız Sorular” (“Прашање без одговор”). Првите два ги достигаат првите места на турските рок класифиции и достигнуваат добри позиции на Европските топ листи. Учествуваат во многубројни музички фестивали: İTÜ Пролетен фестивал (Турција), Университетски фестивал - Чукурова (Турција), Фестивал на университетот “Гази” (Турција), Rock the Balkans (Бугарија). Свират и во Лондон на O2 Academy Islington.

Освојуваат ред престижни награди. Во родната земја земаат награди за: “Најдобра турска изведба” на МТВ – Турција, “Најдобра група” на “Златните награди” на Истанбул ФМ, “Најдобра университетска група” на Техничкиот университет Јалдаз, “Награда за најдобрите” и “Најдобра песна” (Роден на крајот на светот) на Пал ФМ, ITU EMOS “Награди за успех”.

На Европските МТВ награди добиваат во категориите “Најдобар турски изведувач” и “Најдобар европски изведувач”. Во 2010 година ја претставуваат Турција на Евровизија со песната "We could be the same" (Можеме да бидеме исти) каде добиваат второ место со 170 бода.

Ферман Акгјул (25.12.1979)

  • Инструмент:Вокал

Роден е во Анкара средното училиште го заврши во Анкара Анадолу Лисеси. Студираше за дизајнер во Универзитетот Гази.Заедно со Џем Бахтијар имаа една група Seven потоа таа група се распадна.Во maNga се вклучи кон крајот на 2001 г.

Јамур Саргјул (26.08.1979)

  • Инструмент: Електрична гитара

Јамур е роден во Анталја.Прекарот му е Јамјам-тоа значи канибал.На 10 години почна да свири на пијано,потоа на 12 години продолжи да свири на виолина и сега свири на електрична гитара.Средното училиште го заврши во Анкара Анадолу Гузел Санатлар Лисеси. Студираше како наставник по музичко во Универзитетот Гази. Тој и бившиот член Орчун ја формираа групата maNga.

Џем Бахтијар (18.01.1979)

  • Инструмент: Бас гитара

Роден е во Денизли.Прекарот му е Вампир. Средното училиште го завршри во Денизли Анадолу Лисеси. Кога тој беше втора година како хоби почна да свири на класична гитара потоа продолжи со бас гитара. Студираше во Универзитетот Билкент.Потоа три години паузираше,не сиреше на бас гитара.И со поканата на Ферман се вклучи во групата maNga.

Ефе Јилмаз (03.10.1979)

  • Инструмент: Турнтејбл

Роден е во Анкара.Средното училичте го заврши во Чанкаја Лисели.Студираше во Америка во University of South Florida, го избра насоката computer networking. Првпат свиреше на тапани и потоа продолжи со турнтејбл. Со Јамур се запознаа преку еден заеднички пријател. И во 2002 г. се вклучи во групата maNga.

Озгур Џан Онеј (21.07.1980)

  • Инструмент: Тапани

Роден е во Анкара.Средното училиште го заврши во Каја Бајазитолу Лисеси,каде и формира една група со име Реблос. Тогаш и почна да свири на тапани. Има студирано за астронаут во Универзитетот Анкара. Во 2002 година се вклучи во групата maNga. Се занимава со спорт особено со kick-box. На 15.09.2010 му се роди син кој се вика Дениз Туна Онеј.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • 2004: maNga (маНга)
  • 2006: maNga+ (маНга+)
  • 2009: Şehr-i Hüzün (Градот е тага)
  • 2010: We could be the same (Можеме да бидеме исти)
  • 2010: A bird's eye (Single)(Очите на птицата)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]