Прејди на содржината

ROM меморија

Од Википедија — слободната енциклопедија
EPROM

ROM (англиски: Read-Only Memory) меморијата, е компјутерска меморија од која може само да се чита. Основна одлика на оваа меморија е дека таа не ги губи податоците и по исклучувањето на компјутерот, а невозможноста за изменување е последица на технички ограничувања и потреба за заштите на содржината.

ROM меморијата обично се користи за фирмвер - инструкции или податоци кои се потребни за уредот веднаш по вклучувањето и/или без можност за вчитување од некој друг извор (пр. секундарна меморија).

Ќелиите се групирани најчесто по 8. Броевите се меморираат во Персоналниот Компјутер изразени во бинарна форма.