Xbox 360
Xbox 360 — втората конзола за видеоигри произведена од страна на Microsoft , а била развивана во соработка со IBM , ATI и SiS. Неговиот Xbox Live сервис им овозожува на играчите да се натпреваруваат преку интернет и да преземаат содржини од типот на: аркадни игри , демо-игри , реклами за најнови игри (трејлери) , ТВ-емисии и филмови. Xbox 360 е потомец на неговиот предок , конзолата Xbox и е во конкуренција со конзолите PlayStation 3 на Sony и Wii конзолата на Nintendo како дел од натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација. Xbox 360 за првпат и беше претставен на јавноста на MTV на 12 мај 2005 , со детали за неговото лансирање во продажба, а првите видеоигри наменети за конзолата беа за првпат прикажани на Electronic Entertainment Expo (E3). Тоа е првата конзола која што била масовно купувана во три големи региони: Европа, Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД). Првите примероци исфрлени во продажба беа купени до последен , со исклучок на Јапонија , па од неговото прво официјално лансирање во продажба на 22 ноември 2005 во САД сè до 3 јануари 2008 продадени се повеќе од 17,7 милиони примероци во светски рамки !
Xbox 360 доаѓа во четири изданија : Xbox 360 Core , Xbox 360 Arcade , Xbox 360 Premium и Xbox 360 Elite , секоја со сопствени компоненти и предности .
„Xbox 360“ на Ризницата ? |