Галац
Галац | ||
---|---|---|
Местоположба на градот на картата на Романија | ||
Координати: 45°25′24″N 28°2′33″E / 45.42333° СГШ; 28.04250° ИГД | ||
Земја | Романија | |
Округ | Галац | |
Статус | Седиште на округ | |
Површина | ||
• Вкупна | 246,4 км2 (951 ми2) | |
Надм. вис. | 55 м | |
Население (2011[1]) | ||
• Вкупно | 249,432 | |
• Густина | 0,10/км2 (0,26/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Поштенски код | 800xxx | |
Повик. бр. | +40 x36 | |
Регистарски табли | GL | |
Мреж. место | primaria.galati.ro |
Галац (романски: Galați) — град во југоисточниот дел на Романија и административен центар на округот Галац, во историскиот регион на Молдавија. Областа зафаќа површина од 246.4 км2.
Според пописот на земјата од 2011 година, во градот живееле 249,432 лица[1], што го прави осмиот најнаселен град во Романија.
Историја
[уреди | уреди извор]Во регионот на Галати или Галац биле пронајдени траги на живот уште од времето на неолитот, за што сведочат пронајдените остатоци од керамика, откриени на различни места во реонот. Во 5 век п.н.е. била основана населба од Дакијците. Во 2 век населбата била освоена од страна на Римјаните кои изградиле тврдина околу населбата. Со мали прекини за време на варварските инвазии, населбата била населена постојано од 7 век.
Првото писмено споменување на Галати е во документ издаден од молдавскиот војвода Стефан II во 1445 година. По заземањето на Килија од Османилите во 1484 година, Галац останало единственото пристаниште на Молдавија и неговото значење рапидно пораснало. Во следните векови градот бил важен трговски центар со значителна еврејска популација.
Во 1710 година, за време на Прутската војна, градот бил ограбен од силите на Крим, додека во 1789 година, во Руско-турската војна, од силите на Руското Царство, предводени од генерал Михаил Каменски. Сепак, градот ја задржал својата важност како клучно молдавско пристаниште и главна транзитна точка за молдавскиот извоз на жито. Градот бил седиште на Дунавската комисија по основањето во 1856 година и во текот на речиси целиот 19 век. Во следните децении во Галац биле откриени конзулати на главните европски сили, а кон крајот на 19 век започнала индустријализација на градот.
Во 1907 година во селата околу Галац избувнало востание, во чие гаснење учествувал и идниот генерал Јон Антонеску. За време на Балканската војна во 1912 година 2 лица од Галац се вклучиле како доброволци во Македонско-одринските доброволни чети. Во 1930 година населението на градот достигнало 100 илјади луѓе.
Непосредно по нападот на Германија врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, градот бил окупиран од Црвената армија. Во 60-тите години бил изграден голем металуршки комбинат.
Географија
[уреди | уреди извор]Галац се наоѓа во југоисточниот дел на Романија. Нејговите координати се 45°27' северна географска должина и 28°02' источна географска ширина. Зафаќа површина од 246,4 квадратни километри. Градот се наоѓа во јужниот дел на регионот Молдавија, на западниот брег на реката Дунав, на раскрсницата на реката Сирет (запад) и реката Прут (исток), во близина на езерото Братес.
Градот е оддалечен 80 километри од Црно Море. Најблискиот град е Браила, 15 километри на југ. Градот е изграден на три геолошки тераси. Првиот лежи под „Долината на градот“, со надморска височина од 5 до 7 метри. Другите два имаат надморска височина од 20-25 метри (местото на стариот дел на градот, сега центарот на градот) и 40 метри (на местото на денешниот град). Дунав е втора најдолга река во Европа, со 2.850 километри, со просечен проток на 6.199 кубни метри во секунда во делот градот. Реката Сирет, најголемата притока на дунав во Романија, се влева во реката Дунав, како и реката Прут.
Клима
[уреди | уреди извор]Галац има континентална клима со четири различни годишни времиња. Летата се многу топли со температури понекогаш и до 35 °C, додека зимите се студени и суви со температури во текот на ноќта понекогаш под -10 °C. Просечните месечни врнежи се движат од околу 28 до 68,6 мм во месец јуни.
Климатски податоци за Галац | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 17.3 (63.1) |
22.4 (72.3) |
27.8 (82) |
31.8 (89.2) |
36.2 (97.2) |
37.8 (100) |
40.5 (104.9) |
40.4 (104.7) |
35.7 (96.3) |
33.5 (92.3) |
25.6 (78.1) |
20.0 (68) |
40.5 (104.9) |
Прос. висока °C (°F) | 1.1 (34) |
3.0 (37.4) |
8.9 (48) |
16.6 (61.9) |
22.3 (72.1) |
25.9 (78.6) |
27.9 (82.2) |
27.5 (81.5) |
23.5 (74.3) |
16.9 (62.4) |
9.4 (48.9) |
3.4 (38.1) |
15.5 (59.9) |
Сред. дневна °C (°F) | −2.5 (27.5) |
−0.6 (30.9) |
4.0 (39.2) |
10.8 (51.4) |
16.6 (61.9) |
20.2 (68.4) |
22.0 (71.6) |
21.4 (70.5) |
17.2 (63) |
11.1 (52) |
5.3 (41.5) |
0.2 (32.4) |
10.5 (50.9) |
Прос. ниска °C (°F) | −5.3 (22.5) |
−3.5 (25.7) |
0.2 (32.4) |
6.0 (42.8) |
11.2 (52.2) |
14.6 (58.3) |
16.2 (61.2) |
15.8 (60.4) |
12.0 (53.6) |
6.6 (43.9) |
2.1 (35.8) |
−2.4 (27.7) |
6.1 (43) |
Најниска забележана °C (°F) | −26.5 (−15.7) |
−28.6 (−19.5) |
−17.2 (1) |
−5.2 (22.6) |
−0.1 (31.8) |
3.8 (38.8) |
7.3 (45.1) |
6.2 (43.2) |
−1.5 (29.3) |
−6.8 (19.8) |
−17.4 (0.7) |
−20.7 (−5.3) |
−28.6 (−19.5) |
Прос. врнежи мм (ин) | 29 (1.14) |
32 (1.26) |
27 (1.06) |
38 (1.5) |
51 (2.01) |
68 (2.68) |
46 (1.81) |
46 (1.81) |
42 (1.65) |
27 (1.06) |
36 (1.42) |
35 (1.38) |
477 (18.78) |
Прос. снег см (ин) | 9.0 (3.54) |
7.9 (3.11) |
6.4 (2.52) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
10.4 (4.09) |
7.0 (2.76) |
40.7 (16.02) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm) | 5 | 6 | 5 | 6 | 7 | 8 | 6 | 5 | 4 | 4 | 5 | 5 | 66 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 77.0 | 87.2 | 142.0 | 193.7 | 255.0 | 286.9 | 306.3 | 296.9 | 233.7 | 187.1 | 86.0 | 64.7 | 2.216,5 |
Извор бр. 1: NOAA[2] | |||||||||||||
Извор бр. 2: Romanian National Statistic Institute (extremes 1901-2000)[3] |
Градски пејзаж
[уреди | уреди извор]Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Римска населба Тиригина-Барбоси. Во текот од 1959 до 1962 година биле извршени археолошки ископувања каде биле откриени керамика од времето на Дакијците, сребрени монети од 1 век п.н.е., како и монети кои датираат од владеењето на Октавијан Август
- Куќа Ламбриниди. Оваа куќа се наоѓа во близина на универзитетот. Таа била изградена од страна на Ламбриниди Епаминондас, грчки сопственик на мелница. Тој поседувал и продавница за поправка на бродови. Принцот Чарлс бил во куќата за време на посетата на Романија, во април 1879 година. Во текот на времето служила како седиште на Апелациониот суд, на гимназија и седиште на градското собрание.
- Куќа Робеску. Овој објект бил изграден во 1896 година од страна на архитектот Јон Минчу.
- Палатата на навигација. Овој објект бил изграден во 19 век од страна на Петре Антонеску. Овде се наоѓа седиштето на Дунавската морска администрација, која ги контролира пловните патишта.
- Универзитетска палата. Овој објект бил изграден во 1913 година и внатре се наоѓало седиштето на судската администрација, поради кое била позната како „Палата на правдата“. Денеска во неа се наоѓа седиштето на универзитетот.
Верски објекти
[уреди | уреди извор]- Катедрала Свети Андреј. Камен-темелник на катедралата бил ставен на 27 април 1906 година од страна на принцот Фердинанд и кралицата Марија, во присуство на епископот Пимен Георгеску. Изградба продолжила од 1906 до 1917 година. Црквата има една купола. Во 1990-тите години започнала реставрација на црквата. На стогодишнината на црквата во 2006 година, моштите на Свети Нектариј Егински биле донесени во градот.
- Манастир на Пресвета Богородица. Ова е најстарата зграда во градот, изградена во 1647 година и посветен на Ватопедскиот манастир на Света Гора. Таа била изградена од камен, дрво, тули, вар и песок. Црквата ги преживеала турбулентните периоди од историјата на градот, и била обновена во 1829 и повторно во 1859 година. Од 1953 до 1957 година, црквата била користена како музеј.
- Црква Свети Пантелејмон. Оваа бугарска православна црква била изградена во периодот од 1867 до 1887 година, во нео-византиски стил со словенски влијанија. Во близина на црквата било сместено и бугарско училиште, кое станало центар за бугарските револуционери прогонувани од страна на османлиските власти. Во 1871-1872, националниот поет на Бугарија Христо Ботев живеел во куќата за време на дел од неговиот егзил.
- Грчка црква. Камен-темелник на грчката црква бил поставен на 6 август 1866 година. Црквата е посветена на „Св. Преображение“.
- Црква Света Петка.
Паркови
[уреди | уреди извор]- Парк Михаи Еминеску. Паркот бил дизајниран во 1869 година во чест на Михаи Еминеску, кој живеел во областа, особено во неговиот подоцнежен живот. Некои од дрвјата се од времето на Еминеску. Постои мало езеро и место за рецитали, како и статуа на Еминеску.
Galaţi јавни градини
- Парк на Романските државни железници. Железничкиот парк се наоѓа северно од пругата, во близина на железничкиот тунел, на терминалот на железничките линии (102 и 104) и старечкиот дом.
- Ботаничка градина. Ботаничка градина доминира над левиот брег на реката Дунав. Во јужниот дел од паркот се наоѓа музеј на природата, кој содржи збирки на тропски и суптропски растенија, повеќе од 200 видови на рози, повеќе од 3000 примероци на видови дрвја.
- Зоолошка градина
Театри
[уреди | уреди извор]- Драмски театар Фани Тардини. Театарот бил отворен во 1955 година и именуван по глумицата Фани Тардини (1823-1908).
- Театар Гуливер. Театарот бил отворен во 1952 година и содржи театар за деца икуклен театар.
- Театар Нае Леонард . Театарот бил отворен во 1956 година.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Галац ја има најголемата фабрика за железо и челик во Романија, ArcelorMittal Galați, која била во државна сопственост до 2001 година е сè уште често се нарекува „Sidex“, негјзиното старо име.
Најголемото бродоградилиште во Романија се наоѓа во Галац.
Население
[уреди | уреди извор]Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1900 | 62.678 | — |
1912 | 71.641 | +14.3% |
1930 | 100.611 | +40.4% |
1948 | 80.411 | −20.1% |
1956 | 95.646 | +18.9% |
1966 | 151.412 | +58.3% |
1977 | 238.292 | +57.4% |
1992 | 326.141 | +36.9% |
2002 | 298.861 | −8.4% |
2011 | 249.432 | −16.5% |
Извор: Census data |
Образование
[уреди | уреди извор]Училиштето бр. 24 е најстарото училиште во округот, основано во 1832 година. Универзитетот Галати бил основан во 1974 година и се состои од 11 факултети и 3 колеџи. Универзитетот Данубиус е приватна институција со одделенија по правни, економски и социјални студии.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Во градот се наоѓа Железничката станица Галати, која го поврзува градот со Букурешт, Констанца, Брашов и Јаш.
Јавниот транспорт е обезбеден од страна на автобуси, трамваи и тролејбуси управувани од страна TRANSURB, и минибуси управувани од страна на голем број на приватни компании.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Population at 20 October 2011“ (романски). INSSE. 5 July 2013. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 5 July 2013.
- ↑ „Galați Climate Normals 1961-1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на March 21, 2015.
- ↑ „AIR TEMPERATURE (monthly and yearly absolute maximum and absolute minimum)“ (PDF). Romanian Statistical Yearbook: Geography, Meteorology, and Environment. Romanian National Statistic Institute. 2007. Посетено на March 21, 2015.
- ↑ „Coventry - Twin towns and cities“. Coventry City Council. Архивирано од изворникот на 2013-04-12. Посетено на 2013-08-06.
- ↑ Griffin, Mary (2011-08-02). „Coventry's twin towns“. Coventry Telegraph. Посетено на 2013-08-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Галац“ на Ризницата ? |
- Матична страница (романски)
|
|
|