Работничко движење
Работничкото движење — колективна акција на работничката класа во борбата за подобрување на работните услови во рацете на нивните работодавци и влади. Организациите на организираното работничко движење се синдикати формирани со цел да ги застапуваат интересите на работниците и работничката класа.
Историја
[уреди | уреди извор]Работничкото движење се појавило со развојот на индустриската револуција, но во нејзините почетоци сопствениците на фабриките се обидувале на секој начин да ја потиснат организацијата на работниците. Периодот од крајот на 18 век. и на почетокот на 19 век бил одбележан со убиствата на работничките лидери кои основале синдикати, акт кој во тоа време бил незаконски. И покрај тоа, организациите кои дејствувале во рамките на движењето биле сè побројни и организирани. Основање на Прва интернационала во Лондон во 1864 година бил првиот обид да се соберат работнички организации под раководство на меѓународно тело. Во тоа време некои од најважните цели на работниците биле правото на самоорганизирање и осумчасовното работно време. Големо значење за работничкото движење од 19 век била основана Париската комуна во 1871 година. Борбата за работничките права ја промовирале сите левичарски групи, во зависност од периодот кога се појавиле на историската сцена, како што се анархистите, социјалдемократите, социјалистите и комунистите.
Бројните акции на работничкото движење довеле до остварување на одредени работнички права во поголемиот дел од светот, како што се правото на одмор за време на викендот, минималната плата, платените годишни празници и обезбедувањето осумчасовно работно време.
Работнички партии
[уреди | уреди извор]Корените на програмите и активностите на современите работнички партии потекнуваат од периодот кога се организираат првите работнички организации во 19 век, како што било Чартистичкото движење во Велика Британија. По Октомвриската револуција од 1917 година, била формирана Третата или Комунистичка интернационала, по што и Комунистичката партија ја усвоила борбата за работничките права во својата револуционерна програма.