Телефон
Телефон (од грчки: „теле“ (τηλέ) што значи „оддалечен“ и „фон“ (φωνος) што значи „звук“) е уред за комуникација на далеку, којшто се користи така што прима и пренесува звук (главно, човечки говор) од едно место на друго и обратно.
Вовед
уредиПостојат три основни начини за поврзување на корисник на телефонската мрежа: традиционален (фиксен телефон), кој е поврзан со кабли на една одредена физичка локација; безжичен и радио телефон, коишто користат или аналогни или дигитални сигнали; сателитски телефон, кој користи телекомуникациски сателити; и VoIP врски (од англиското „Voice over IP“ што значи Говор преку Интернет протокол) што се користи при Интернет врска. Врската помеѓу крајните корисници, може да се врши преку оптичко влакно, микробранови, сателитска врска или со комбинација на овие. До скоро, кога би се рекло телефон, главно се мислело на фиксен телефон. Безжичните и мобилните телефони се сега распространети ширум светот, при што се очекува мобилниот телефон на крајот потполно да ги замени „традиционалните“, фиксни телефони. За разлика од мобилните телефони, безжичните се сметаат за „фиксни“ телефони, зашто обично имаат домет од 150 до 300 метри и се поврзуваат на базна станица којашто е поврзана со кабeл на мрежата на фиксната телефонија.
Делови на телефонот
уредиДеловите на телефонот се:
- МТК (Микротелефонска комбинација), односно слушалка,
- Тастатура или бројчаник, зависно од моделот, макар што денес сè повеќе се користат телефони со тастатура
- ѕвоно
- и други делови
Историја
уредиОстанува неразрешено кој го измислил првиот телефон, зашто Антонио Меучо, Јохан Филип Рајс, Александар Бел и други - сите се кандидати за оваа титула. Важно е да се запамети дека не постои „единствен пронаоѓач на телефонот“. Состојбата на телефонијата каква што е денес е резултат на работа на многу раце, од кои секоја помош била доста вредна.
Безжични телефони
уредиБезжичните телефони прв ги измислил Тери Пол, во 1965 година. Тие се составени од базна станица којашто преку кабел е споена со мрежата на фиксната телефонија, и слушалка којашто со радиобранови е споена со оваа базна станица. Тоа на корисниците им дозволува да ја носат слушалката без базна станица, во досегот на базната станица. На базните станици им е потребен напон за да комуницираат со преносната слушалка, така што безжичниот телефон во принцип не функционира доколку нема струја. Безжичните телефони во почетокот ја користеле честотата од 1,7 MHz за комуникација помеѓу базата и слушалката. За да се подобри квалитетот и за да се надминат проблемите со ограниченоста на досегот, ова подоцна се променило така што се користи FM на повисоки честоти (49 MHz, 900 MHz, 1,8 GHz, 2,4 GHz, и 5,8 GHz). Телефоните кои работат на честота од 2,4 GHz често се мешаат со одредени безжични мрежни протоколи (802,11 b/g) затоа што ја користат истата честота. Денес, досегот на безжичните телефони обично е 150-500 метри.
Телефонот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиТелефонот како мотив во книжевноста
уреди- „Телефонски басни“ - поетска збирка на словенечкиот писател Густав Крклец.[1]
- „Најдобриот другар на Лука“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[2]
- „Јаков и телефонот“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[3]
- „Љубов преку жица“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[4]
- „Сакав само да телефонирам“ — расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес [5]
- „Телефонски разговор“ — расказ на македонската писателка Цветанка Трпкова.[6]
- „Смртта на бројот 180“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[7]
- „Телефон“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[8]
- „Слушалка“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[9]
Телефонот како мотив во популарната музика
уреди- „Телефонски повик од Истанбул“ (англиски: Telephone Call From Istanbul) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[10]
- „Лоша врска“ (англиски: Bad Connection) — песна на англиската електро-поп група Јазу (Yazoo) од 1982 година.[11]
- „Телефон“ (англиски: Telephone) - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.[12]
- „Меѓуградски телефонски повик“ (англиски: Long Distance Call) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).[13]
- „Телефонски повик“ (англиски: The Telephone call) - песна на германската електро-поп група Крафтверк (Kratfwerk) од 1986 година.[14]
- „Црвениот телефон“ (англиски: The Red Telephone) — песна на американската рок-група Лав (Love) од 1967 година.[15]
- „Висејќи на телефон“ (англиски: Hanging on the telephone) - песна на американскиот музичар Џек Ли (Jack Lee).[16]
- „Телефон“ - песна на македонската група ПМГ Колектив од 2012 година.[17]
- „Телефонски повик“ (англиски: The phone call) - песна на британската рок-група Притендерс (Pretenders) од 1979 година.[18]
- „Њујоршки телефонски разговор“ (англиски: New York Telephone Conversation) — песна на американскиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1972 година.[19]
- „Телефонска секретарка“ (англиски: Answering Machine) - песна на американската рок-група Риплејсментс (Replacements) од 1984 година.[20]
- „Телефон“ - песна на југословенската рок-група Фит.[21]
- „634-5789“ — песна на американскиот соул-музичар Еди Флојд (Eddie Floyd).[22]
- „Телефонско нешто“ (англиски: Telephone Thing) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1990 година.[23]
- „Телефон“ (англиски: Telephone) — песна на американската рок-група Флипер (Flipper) од 1993 година.[24]
- „Девојка на телефон“ (англиски: Girl On The Phone) — песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1980 година.[25]
Телефонот како мотив во филмот
уреди- „Мобилен телефон“ - кинески филм од 2003 година, во режија на Сјаоганг Фенг.[26]
Наводи
уреди- ↑ „Хронологија“ во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 43-44.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 45-46.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 47-48.
- ↑ Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008.
- ↑ Цветанка Трпкова, Раздавање на душата. Скопје: Темплум, 2023, стр. 81-88.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 39.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 244-246.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 313.
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ Yazoo – Upstairs At Eric's (пристапено на 12.12.2023)
- ↑ YouTube, Telephone - Captain Beefheart & His Magic Band (пристапено на 3.10.2017)
- ↑ Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023)
- ↑ YouTube, Kraftwerk - The Telephone Call (пристапено на 1.7.2017)
- ↑ Love – Forever Changes (пристапено на 1.3.2023)
- ↑ YouTube, Blondie - Hanging on the Telephone (пристапено на 18.3.2017)
- ↑ www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
- ↑ YouTube, Pretenders Pretenders Debut Full album vinyl LP (пристапено на 5.6.2017)
- ↑ Lou Reed – Transformer (пристапено на 7.2.2024)
- ↑ YouTube, Replacements- Answering Machine (пристапено на 24.11.2019)
- ↑ YouTube, Fit - 13 Telefon (Live Uz Rijeku) HQ (пристапено на 8.4.2017)
- ↑ YouTube, 634-5789 - Eddie Floyd (пристапено на 9.6.2021)
- ↑ YouTube, The Fall - Extricate (1990)(full album) (пристапено на 29.6.2017)
- ↑ YouTube, Flipper - Telephone (пристапено на 11.9.2022)
- ↑ DISCOGS, The Jam – Setting Sons (пристапено на 3.6.2020)
- ↑ Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017.