Прејди на содржината

Ахмед III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 05:26, 14 мај 2020; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Биографија: Правописна исправка, replaced: Османлиската Империја → Османлиското Царство using AWB)
   Ахмед III
Отомански султан
Калиф
Владеење28 декември 1703 – 20 септември 1730
ПериодСтагнација на Отоманското Царство
Полно имеАхмед III
ПретходникМустафа II
НаследникМахмуд I
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Ахмед III (отомански јазик: احمد ثالث ahmed-i sālis) (30 декември 1673 - 20 септември 1736 во Цариград)) бил дваесетитретиот султан на Отоманското Царство, син на Мехмед IV (1648-1687) и Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло[1][2][3][4][5][6]. Ахмед III бил роден во Добруџа. Тој го наследи на престолот во 1703 на абдикација на неговиот брат Мустафа II (1695-1703). Ја предводил успешната Прутска војна против Русија во 1711 и неуспешната војна со Австрија и Венеција (1715-1718). Мирот со Петар I ги охрабрил Турците на непријателства против Венеција и Австрија, но војната била изгубена и биле изгубени голем број на територии во Источна Европа, но и во Северна Африка (Алжир, Тунис).Отоманското Царство продолжила да се топи. Управителите умувале дека спасението е во враќање на старите добри обичаи и военото зајакнување: “ бидејќи нашата држава добиена со нож и меч само со нож и меч може да биде одржана.“

Биографија

Ахмед III одржувал добри односи со Франција а неговите две жени биле по потекло од Франција. По Бтката кај Полтава Ахмед му понудил засолниште на шведскиот крал Чарлс XII од Шведска (1682-1718). Сепак, шврдскиот крал го убедил да започне нова војна со Русија во историјата позната како Прутска војна. Во следните години бил разгледуван план за голема војна против Русија кон Москва но истиот не започнал бидејќи во престолнината Цариград пристигнал извештај[7][8] според кој Сефевидите ја нападнале Османлиското Царство.

Султан Ахмед III стана непопуларен поради прекумерниот раскош и луксуз во кој тој и неговите главни везири живееле. На 20 септември 1730 избувнал бунт од страна на јаничарите на чело со Патрона Халил. Востанието било толку големо што довело Ахмед да се откаже од престолот.

Така тој доброволно го предал престолот на неговиот внук Махмуд I (1730-1754). По ова Ахмед бил затворен во кафезот на Топкапи сарај каде починал по шест години.

Владеењето на Ахмед III кое траело 27 години иако било одбележано со големи порази во Големата турска војна, сепак имало и успеси. Тој ги вратил Азовското Море и Мореја и освоил дел од Персија. Тој бил голем покровител на литературата и уметноста. Во негово време била направена првата печатарска преса на арапски и турски јазик во Цариград. Претходно печатарската преса била воведена уште во 1480 година, но сите дела биле објавувани на грчки, ерменски, или хебрејски. Исто така во текот на неговото владеење се појавиле и Фанариотите, грчка елита која зазела голема улога во управувањето на империјата. Во периодот по 1711 година, добар дел од Фанариотите станале господари, војводи или кнезови во дунавските кнежества Молдавија и Влашка.

Неговата жена Амина Михришах султан го родила Мустафа III, додека пак Рабија султан го родила Абдул Хамид I.

Наводи

  1. Baker, Anthony E (1993). The Bosphorus. Redhouse Press. стр. 146. ISBN 975-413-062-0. The Valide Sultan was born Evmania Voria, daughter of a Greek priest in a village near Rethymnon on Crete. She was captured by the Turks when they took Rethymnon in 1645.
  2. Freely, John (1996). Istanbul: the imperial city. Viking. стр. 242. ISBN 0-14-024461-1. Rabia Gulnus a Greek girl who had been captured in the Ottoman invasion of Crete. Râbi'a Gülnûş was the mother of Mehmet’s first two sons, the future sultans Mustafa II and Ahmet III.
  3. Bromley, J. S. (1957). The New Cambridge Modern History. University of California: University Press. стр. 554. ISBN 0-521-22128-5. the mother of Mustafa II and Ahmed III was a Cretan.
  4. Palmer, Alan (2009). The decline and fall of the Ottoman Empire. Barnes & Noble. стр. 27. ISBN 1-56619-847-X. Unusually, the twenty-nine year old Ahmed III was a brother, rather than a half- brother, of his predecessor; their Cretan mother, Rabia.
  5. Sardo, Eugenio Lo (1999). Tra greci e turchi: fonti diplomatiche italiane sul Settecento ottomano. Consiglio nazionale delle ricerche. стр. 82. ISBN 88-8080-014-0. Their mother, a Cretan, lady named Rabia Gulnus, continued to wield influence as the Walide Sultan - mother of the reigning sultan.
  6. Library Information and Research Service (2005). The Middle East. Library Information and Research Service. стр. 91. She was the daughter of a Cretan (Greek) family and she was the mother of Mustafa II (1664-1703), and Ahmed III (1673-1736).
  7. The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire...
  8. Britannica, Istanbul:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.