Мурат II
Мурат II | |
---|---|
Отомански султан | |
Владеење | 1421–44 |
Владеење 2 | 1446–51 |
Период | Подем на Отоманското Царство |
Роден | јуни 1404 |
Место | Амасија |
Починал | 3 февруари 1451 |
Место | Одрин |
Претходник | Мехмед I |
Наследник | Мехмед II |
Придружба | Алима Хатун Јени Хатун Хума Хатун Хатиџе Халима Хатун Марија Бранковиќ Халима Хатун |
Потомство | Алаудин Бујук Ахмед Мехмед Орхан Хасан Ќучук Ахмед Хатиџе Фатма<br / |
Семејство | Отоманска династија |
Династија | Отоманска династија |
Татко | Мехмед I |
Валиде султан | Емине Хатун |
Мурат II бил шестиот султан на Отоманското Царство. На власт бил од 1421 до 1451 година со исклучок во периодот помеѓу 1444– 1446 година. На власт дошол по смртта на татко му Мехмед I.
Рани години
[уреди | уреди извор]Мурат II е роден во јуни 1404 година во Амасија, центар на владеаните од татко му Мехмед во времето на граѓанската војна. Во тоа време османлиските територии биле расзелени меѓу синовите на Бајазит. По крајот на граѓанската војна, Мехмед II излегол како победник. Мајка на Мурат II била Емине хатун, ќерка на емирот на Дулкадир. Мурат најверојатно поголемиот дел од своето детство го поминал во Амасија. Во 1416 година кога имал само 12 години тој бил дел од армијата на военоначалникот Бајазит паша кој го задушил востанието на Мустафа заедно со Бедредин Симави во Ајден и Сарухан.
Неговиот татко починал во 1421 година, но неговите најблиски соработници ја зачувале тајната до пристигање на неговото тело во Бурса и прогласувањето на Мурат за нов султан, Двајца од неговите браќа, Јусуф и Махмуд биле ослепени и затворени во Бурса. Но тоа не ја спречила расправата за престолот бидејќи византискиот цар Мануил II Палеолог го пуштил Мустафа Челебија од ропство, кој бил последниот жив син на Бајазит I.
Мустафа Челебија бил признаен како вазал на царот и му ветувал значителни територијални отстапки, вклучувајќи го Галиполе. Така на 15 август 1421 година тој му помогнал да замине во Галиполе каде тој ја поразил армијата на Мурат II на чело со Бајазит паша а по ова влегол триумфално во Едрене. По воспоставувањето на контрола над Румелија тој се откажал од договорите со византискиот цар и во зимата своите војски ги насочил кон Бурса. Двете армии се сретнале кај реката Нилуфер, но до конечна пресметка не дошло бидејќи голем дел од луѓето на Мустафа Челебија преминале на страната на Мурат. Со помош на управителот на Џенова, Мурат го проследил на Мустафа кон Румелија каде го заробил и го обесил во Едрене.
По крајот на Мустафа, Мурат своите војски ги насочил кон Византија, кои биле сојузници на Мустафа. На 10 јуни 1422 година била опседната престолнината Цариград во лично присуство на Михаилоглу Мехмед, а во исто време Евреносоглу Барак започнал со осумгодишната опсада на Солун. Додека војските на Мурат ги опсадувале Цариград и Солун, неговиот помлад брат Мустафа ја придобил поддршката од анадолските емири од Гермијан и КараманНа почетокот на септември 1422 година принцот Мустафа заедно со војските на Гермијан и Караман започнале да ја опсадуваат Бурса.
Со приближувањето на муратовите војски, Мустафа побегнал најпрвин во Цариград а потоа во Изник. Кон крајот на јануари 1423 година Мустафа бил убиен.
(1430-1437)
[уреди | уреди извор]Мурат II ги укинал сите кнежевства во Анадолија и под своја власт ги ставил Џандаридите и Караманидите. Додека, Мурат бил зафатен во војната со својот чичко Мустафа и својот помлад брат Мустафа, во Влашка синот на војводата Мирче, Влад Дракул освоил дел од османлиските територии, по текот на реката Дунав. Исто така и Венеција имала претензии кон Солун и Мореја, притоа во летото 1423 година Венецијанците склопиле сојуз со Византија, со што Солун кој бил под османлиска опсада и бил отстапен на Венеција. Османлиите на 22 февруари 1424 година склопиле договор со пратениците на Византија, Лука Нотарас, Мануил Мелахрен и Сфранцес. Со овој договор византискиот цар Мануил II Палеолог се обврзал да му плаќа на султанот 3.000 сребреника годишно и да отстапи дел од градовите по брегот на Црното Море и територијата по текот на реката Струма. На тој начин безмалку Византија се претворила во вазална земја на османлиската држава. Со цел да ја среди внатрешната состојба во државата, Мурат II влегол во војна и со владетелот на Синоп и Кастамонија, Исфендароглу и го поразил.
Пред паѓањето на Солун во 1430 година, османлиската армија на чело со Синан паша се насочила кон Епир каде била освоена Јанина. Во исто време започнале нападите кон Јован Кастриот во денешна Албанија и биле заземени голем дел од неговите територии. Во следните години во регионот постојано избувнувале востанија, а во 1433 година конечно биле ставени под контрола. Јован Кастриот се прогласил за османлиски вазал и во дворот на Мурат го испратил својот син Ѓорги, познат подоцна како Скендербег.
Во 1435 година тој испратил војска во Србија каде било потврдено вазалството на Ѓорги Бранковиќ, а самиот Мурат се оженил за неговата ќерка Марија Бранковиќ. Во 1437 година пак започнал повторно конфликт со Караманија во кои Мурат успеал да ги придобие Бејшехир и Акшехир.
(1437-1444)
[уреди | уреди извор]Смртта на унгарскиот крал Сигисмунд Луксембуршки на крајот на 1437 година го ставил почетокот на новиот судир помеѓу Османлиското Царство и Унгарија. Во почетокот на следната година Мурат повел голема армија во која се вклучил и влашкиот војвода Влад II Дракула, и без да сретне сериозна отпор ја разграбил Трансилванија. Потоа од непознати причини се свртел против христијанските си вазали, го затворил Влад Дракула во Галиполе и го нападнал Жорги Бранковиќ. Во 1438 година ги зазел Зворник и Сребреница, а главниот град на Бранковиќ Смедерево паднало на 29 август по тримесечна опсада.
Во 1440 година починал унгарскиот крал Албрехт Хабсбург и Османлиите се обиделе да го искористат династичниот спор меѓу неговата вдовица и полскиот крал Владислав III. На двапати во текот на 1441 и 1442 година Османлиите влегле во Трансилванија, но биле одбиени од Јанош Хуњади. Во меѓувреме, во текот на летото на 1442 година Мурат го ставил под опсада но без успех Цариград, поддржувајќи го Димитар Палеолог против брат му, императорот Јован VIII Палеолог. Уште во 1439 година била склучена Фирентинска унија, според која византиската црква била ставена под владеење на папата во Рим. Таа дала поттик за создавање на антиосманлиска унија, во која освен папата и Византија се придружиле и Венецијанската Република, Бургундија и Унгарија. Успесите на Хуњади ги поттикнало сојузниците и во 1443-1444 година папата, Венеција и Бургундија започнале со изградба на голема флота за војување во Егејско Море.
Во летото на 1443 година, поттикнати од царот на Византија, емирот на Караманија ги нападнал османлиските територии во Анадолија, достигнувајќи до Гермијан, но откако Мурат преминал во Мала Азија со своите војници бил склучен мир. По враќањето во Едрене Мурат дознал за почнатиот во октомври голем унгарски поход. Нападот ги оставил Османлиите неподготвени и изненадени. Унгарците напредувале успешно на југ зазимајќи ги Ниш, Пирот и Софија. Решителна битка се одвила на просторот меѓу Софија и Златница кога двете армии биле раководени од султанот Мурат и Јанош. Во оваа битка Османлиите излегле како победници, а унгарските сили се повлекле кон Белград, а османлиските кон Едрене. По повторното влегување на Османлиите во Софија започнала убивање на месното население кое претходно ги поддржувало на сојузничките сили.
Кон крајот на 1443 година пак, синот на Јован Кастриоти, Скендербег, ја отфрлил османлиската власт и се прогласил за самостоен владетел на Кројската тврдина. Турскиот гарнизон бил уништен, а востаниците го замениле османлискмото знаме со знаме со црвена основа и двоглав орел кој во тоа време бил симбол на Византија и на христијанството. По освојувањето на Кроја востаниците се упатиле кон централна Албанија каде што ослободиле уште неколку градови. Востанието било поддржано од селаните. По победата, Скендербег во ослободените области формирал принципати, а на чело на еден од нив бил лично тој. Во 1444 година Скендербег го свикал народното собрание на сите главатари коишто всушност биле албанските феудалци и со нив решил да се формира Албанска лига како воено-политички сојуз. Во март 1444 година во Леш албанските феудалци се договориле за командант на војската да биде прогласен Скендербег, и да се формира Лига на албанските феудалци со цел феудалците за да ја поддржат борбата и годишно да собираат по 200.000 златни дукати. Меѓутоа и покрај договореното феудалците ја задржале својата автономија, а Скендербег од нив се разликувал само по тоа што бил прв меѓу еднаквите.
И покрај притисокот на папата и Венеција за продолжување на војната, Унгарците биле воздржани и во текот на летото на 1444 година склучиле десетгодишно примирје со Мурат II, а Бранковиќ го вратил градот Смедерево. Сепак само неколку дена подоцна Владислав бил убеден од папскиот легат Јулијан да го наруши мирот и да започне нов поход против Османлиите. Причина за тоа била и благопријатната воено-политичка ситуација. Во тоа време Обединетата папско-венецијанско-бургундска флота пристигнала на Дарданелите, а емирот на Караманија извршил повторно напад врз Османлиите. Од овој конфликт Караманија повторно ги вратила градовите Бејшехир и Акшехир, но нејзиниот емир се прогласил за вазал на османлискиот султан.
кон крајот на август или почетокот на септември 1444 година, според неразјаснети причини Мурат II абдицирал од престолот во корист на својот син Мехмед. Според некои извори, причината за неговата абдикција била преголемата тага по својот син Алаедин кој бил убиен за време на војната со Караманија.
(1444-1451)
[уреди | уреди извор]Абдикцијата на Мурат и формалното преземање на власта од страна на неговиот дванаесетгодипен син Мехмед од страна на христијанските сојузници било сметано како внатрешно ослабување на државата. Во почетокот на октомври 1444 година станало јасно за голем воен поход организиран од страна на Унгарија. На чело на походот застанале Владислав III, Јанош Хуњади и папскиот претставник Џулијано Чезарини. Христијанските сојузници успеале да преземат неколку тврдини и се упатиле кон Варна.
Овие настани во престолнината Едрене била примена во паника, па градот бил дополнително евакуиран. Во исто време Мурат бил повикан од Маниса. Бидејќи Дарданелите биле блокирани, Мурат навлегол во Румелија преку Босфорот на 15 октомври со помош на Џенова. По пристигнувањето на Едрене, Мурат го оставил својот син во заштитениот град, а самиот тој се насочил кон Несебар и Црно Море. Така, на 10 ноември 1444 година се одвила Битката кај Варна, во која христијанските сојузници доживеале пораз. Ова битка воедно е и последен опит Отоманското Царство да биде протерена од Балканскиот Полуостров, како и една од последните во т.н. Крстоносни војни.[1][2]. По крајот на битката, Мурат повторно се повлекол во Маниса.
Во почетокот на 1446 година во престолнината избувнале немири предизвикани од страна на јаничарите. По ова, големиот везир Халил започнал да го убедува на Мехмед да се откаже од престолот. Мехмед го прифатил предлогот и Мурат повторно застанал на чело на земјата. Веднаш по ова, Мурат објавил поход кон Константин Палеолог во Пелопонез. Константин по ова станал османлиски вазал.
Во меѓувреме на Балканот своите територии ги проширил Скендербег и ги загрозил позициите на Венеција. Во 1448 година Мурат со поддршка од Венеција започнал поход против Скендербег зазимајќи го Светиград, но по ова тој се повлекол поради можната опасност од Унгарија. Во август 1448 година Мурат започнал со нова мобилизација на армијата и издвоил последователна победа на Косово. Унгарците сметале дека на Косово ќе добијат помош од страна на албанските сили на Скендербег, но до тоа не дошло главно поради разбивањето на унгарската војска. Во оваа битка не учествувал српскиот деспот Ѓурак Бранковиќ, бидејќи сметал дека османлиската војска е премногу силна за да се сопре нејзината инвазија. Затоа, Јанош Хунади, Србија ја сметал за непријател во војната. Главно поради ова, по неговото повлекување Јанош Хунади бил заробен од страна на српските сили. Бранковиќ побарал огромен откуп за Хунади. По неколкумесечните преговори, тој бил ослободен за 100.000 дукати.
Во 1450 година Мурат II ја опседнал Кроја. Опсаата на Кроја започнала на 14 мај 1450 година, и истата траела до 23 ноември 1450 година. Неуспешната опсада на Османлиите ги чинела околу 20.000 мртви војници наспроти само околу 1.000 Албанци. Според Марин Берлети, самиот султан починал од болест по видената слика во Кроја.[3] Сепак, познато е дека тој починал во Едрене во 1451 година.[4] Се смета дека Мурат бил приморен да ја повлече опсадата поради доаѓањето на зимата.[5] Сепак, најверојатно се повлекол поради големите загуби кои биле предизвикани од страна на албанските герилски сили.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bodnar, Edward W. Ciriaco d'Ancona e la crociata di Varna, nuove prospettive. Il Veltro 27, nos. 1-2 (1983): 235-51
- ↑ Halecki, Oscar, The Crusade of Varna. New York, 1943
- ↑ Historia de vita et gestis Scanderbegi Epirotarum principis by Marin Barleti
- ↑ Gibbon p. 465, note 42.
- ↑ Housley p. 90.
- ↑ Francione p. 93.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мурат II“ на Ризницата ? |
- Encyclopædia Britannica Архивирано на 8 декември 2012 г.
|
|