Зворник
Зворник | ||
---|---|---|
Зворник и реката Дрина | ||
местоположба на Зворник во БиХ | ||
Држава | Босна и Херцеговина | |
Област | Република Српска | |
Управа | ||
• Градоначалник | Зоран Стевановиќ (СП) (Сојуз на независни социјалдемократи) | |
Површина | ||
• Градска | 376,14 км2 (145,23 ми2) | |
Надм. вис. | 146 м | |
Население (попис од 2013) | ||
• Градско | 12.674 | |
• Густина | 169,3/км2 (438/ми2) | |
• Градскo | 63.686 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Повик. бр. | 56 | |
Мреж. место | opstina-zvornik.org |
Зворник — град во североисточна Босна и Херцеговина низ кој минува реката Дрина. Градот се наоѓа јужно од Бијељина. Зворник првпат се споменува во 1410 година, и претставувал врска на Босна со источните земји. За време на Отоманското Царство градот бил еден од шесте најголеми бродоградителски центри.[1] Градското население значително се намалило за време на Босанската војна.[2]
Главна атракција во градот е „Кула град“, село кое е дел од општина Зворник, и во него се наоѓа средновековна тврдина изградена во 12 век. Зворник има и градски музеј. Во градот секоја година во август се одржува културно лето. Локалниот клуб ФК Дрина Зворник настапува во првата фудбалска лига во Босна и Херцеговина. Од градот е и кошаркарскиот клуб КК Дрина.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1991, градот Зворник имал вкупно 14,584 жители, од кои:
- Бошњаци - 8,854 (60.71%)
- Срби - 4,235 (29.03%)
- Југословени - 944 (6.47%)
- Хрвати - 76 (0.52%)
- Други - 475 (3.25%)
Според пописот од 2013, општината Зворник имала вкупно 58,856 жители, од кои:
- Бошњаци - 19,885 (33.78%)
- Срби - 38,579 (65.54%)
- Хрвати - 106 (0.18%)
- Други - 316 (0.53%)
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Самир Муратовиќ, фудбалер
- Сека Алексиќ, пејачка
- Раде Ѓокиќ, фудбалер
- Сеад Салиховиќ, фудбалер
- Денис Омербеговиќ, фудбалер
- Златко Јунузовиќ, фудбалер
- Саид Хусеиновиќ, фудбалер
- Ермин Бичакчиќ, фудбалер
- Горан Икониќ, кошаркар
- Абдула Сидран, писател
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Godis̆njak grada Beograda. Beogradske novine. 1979. стр. 35. Посетено на 7 September 2013.
Ипак градња бродова се посебно везивала за шест санџака: никопољски, видински, смедеревски, зворнички, пожешки и мохачки.
- ↑ „'Ethnic Cleansing Operations' in the northeast-Bosnian City of Zvornik from April through June 1992“. Ludwig Boltzmann Institute of Human Rights.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Зворник“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Туристички водич низ градот
- Drinariver.com Архивирано на 8 февруари 2011 г.