Дете
Биолошки, дете (множина: деца) — човечко суштество помеѓу фазите на раѓање и пубертет.[1][2] Правната дефиниција на дете генерално се однесува на малолетно лице.
Дете исто така може да се користи за опис на односот со родителот[3] или, метафорички, авторитарна фигура, или за означување на членство во клан, племе или религијата; тоа исто така може да се однесува на некој силно погоден од одредено време, место или околност, како во термините "дете на природата" или "дете на шеесеттите години".[4]
Постојат многу социјални проблеми кои влијаат врз децата, како што се образованието, малтретирањето, сиромаштијата, дисфункционалниите семејства, детскиот труд, гладот и бездомништвото. Децата можат да бидат одгледани од родителите, старателите или делумно во дневен центар.
Правни, биолошки, социјални дефиниции
[уреди | уреди извор]Законски, терминот "дете" може да се однесува на секој под старосната граница. Конвенцијата за правата на детето на ОН го дефинира детето како „човечко суштество под возраста од 18 години, освен ако според законот кој се применува за детето не е одредено поинаку“.[5] Ова е ратификувано од страна на 192 од 194 земји-членки. Терминот „дете“ исто така може да се однесува на некој под друга законски дефинирана старосна граница неповрзана со возраста на полнолетство. Во Сингапур, на пример, „дете“ е правно дефинирано како некој под 14 години според „Законот за децата и младите личности“, додека границата која ја означува возраста изнесува 21 година.[6][7] Според Законот за имиграција на САД, зборот „дете“ се однесува на секој човек под 21-годишна возраст.[8]
Биолошки, дете е секој помеѓу раѓањето и пубертетот. Во многу култури, детето се смета за возрасна личност по извршувањето на обредот за премин, кој обично, но не и секогаш, соодветствува со времето на пубертетот.
Децата обично имаат помалку права од возрасните и се класифицирани како неспособни за донесување на сериозни одлуки и законски секогаш мораат да биде под заштита на одговорна возрасна личност, родител или не. Признавањето на детството како состојба различна од возрасноста почна да се појавува во 16 и 17 век. Општеството почна да се однесува кон децата не како минијатурни возрасни личности, туку како личност на пониско ниво на зрелост со потреба од возрасна заштита, љубов и грижа. Оваа промена се забележува во уметничките дела: Во средниот век, децата биле прикажани во уметноста како минијатурни возрасни личности без детски одлики. Во 16 век, сликите на децата почнаа да се стекнуваат со посебен детски изглед. Од доцниот 17 век па наваму, децата биле прикажани како си играат со играчки, а литературата за деца исто така почна да се развива во овој период.[9]
Развој
[уреди | уреди извор]Секое дете поминува низ повеќе фази на социјален развој. Едно доенче или многу мало дете може да си игра само среќно. Потоа, детето може да си игра со друго дете, постепено учејќи да споделува. Групата расте сè повеќе, на три или четири деца. Пред да влезе во градинка, детето обично може да се приклучи и да ужива во групните искуства.[10]
Како што децата растат, тие изучуваат како да прават некои нешта по хронолошки редослед. Тие учат како да ги приоризираат нивните цели и активности. Нивното однесување се менува како што тие учат нови перспективи од другите луѓе. Тие учат како да претставуваат некои работи симболично и се учат на нови однесувања.[11]
Здравје
[уреди | уреди извор]На децата со ADHD и попречености при учењето им е потребна дополнителна помош за да развијат социјални вештини. Импулсивните одлики на детето со ADHD можат да доведат до лоши односи со врсниците.[10] Здравствените проблеми што влијаат врз децата понекогаш зависат и од полот; на пример, момчиња имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам од девојчињата.[12]
Возраст на одговорност
[уреди | уреди извор]Возраста на која децата се сметаат за одговорни за нивните социјални дејства (на пример бракот, гласањето итн.) исто така се има променето со текот на времето и тоа е рефлектирано во начинот на кој тие се третираат според законот. Во римското време, децата се сметале за неодговорни за кривични дела, позиција подоцна усвоена од страна на Црквата. Во 19 век, се сметало дека децата помлади од 7 години не се способни за криминал. Децата на возраст од 7 нагоре се сметале за одговорни за своите постапки. Затоа, тие би можеле да се соочуваат со кривични пријави, да отидат во затвор и биле казнувале како возрасни со бичевање, брендирање или бесење.[13] Денес, во многу земји како Канада и САД, децата на 12 години се сметаат за одговорни за своите постапки. Тие можат да бидат испратени во посебни воспитно-поправни институции.
Истражувањата откриле дека најмалку 25 земји ширум светот немаат специфирана возраст за задолжително образование. Минималната возраст за вработување и склучување на брак исто така се разликуваат низ светот. Во најмалку 125 земји, децата на возраст од 7 до 15 можат да одговараат пред суд и ризикуваат казна затвор за кривични дела. Старосната граница за доброволна/задолжителна воена служба исто така е спорна на меѓународно ниво.[14] Во некои земји, децата се законски обврзани да одат на училиште до 14 или 15 години, но можат да работат пред таа возраст. Правото на образование на децата е загрозено од раниот бракот, детскиот труд и затворот.[15]
Морталитет кај децата
[уреди | уреди извор]За време на почетокот на 17 век во Англија, животниот век беше само околу 35 години, во голема мера бидејќи две третини од сите деца починале пред возраст од 4 години.[17] Во текот на индустриската револуција, животниот век на децата драматично се зголеми.[18]
Според здравствените експерти, стапката на морталитет кај децата паднала остро од 1990-тите години. Околу 12.6 милиони деца под 5-годишна возраст загинале годишно во светот во 1990 година, а 6.6 милиони во 2012 година. Стапката на морталитет кај доенчињата бележи пад од 90 смртни случаи за секои 1,000 раѓања во 1990 година, на 48 во 2012 година. Највисок просек на стапката на морталитет кај доенчињата има во потсахарска Африка, со 98 смртни случаи за секои 1,000 живородени деца - двојно над светскиот просек од 48.
Образование
[уреди | уреди извор]Образованието, во општа смисла, се однесува на акт или процес на стекнување на општи знаења, развој на моќта на расудување и резонирање и интелектуална подготовка за возрасниот живот.[19] Формалното образование најчесто се одвива преку школувањето. Правото на образование е признато од страна на некои влади. На глобално ниво, Член 13 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права на Обединетите нации од 1966 година го признава правото на образование на секое лице.[20] Образованието е задолжително во повеќето места до одредена возраст, но не и присуството на училиште, со што се дадени алтернативни опции како домашното школување или e-учењето кои се признаваат како валидни форми на образование во одредени јурисдикции.
Децата во некои земји (особено во делови од Африка и Азија) често не одат на училиште, или присуствуваат само за кратки периоди. Податоците од УНИЦЕФ укажуваат на тоа дека во 2011 година, 57 милиони деца не одат на училиште; и повеќе од 20% од африканските деца никогаш не посетувале основно училиште или прекинале да одат на училиште пред завршувањето на основното образование.[21] Според извештај на ОН, војните спречуваат 28 милиони деца во светот од добивање на образование, поради ризикот од сексуално насилство и напади во училиштата.[22] Други фактори кои ги држат децата надвор од училиштето вклучуваат сиромаштија, детски труд, социјални ставови и долги растојанија до училиштето.[23][24]
Во 2017, студија на професорот Андреј Цимпиан укажува дека девојчињата на возраст од 6 години можат од општеството да добијат порака дека "генијот" е поверојатно да се најде меѓу машките. Студијата исто така укажа дека ова води до родови стереотипи.[25]
Ставови кон децата
[уреди | уреди извор]Социјалните ставови кон децата се разликуваат низ светот во разните култури. Овие ставови се менуваат со текот на времето. Студија од 1988 година за европските ставови за централноста на децата пронајде дека Италија е повеќе дете-центрична а Холандија помалку дете-центрична, со други земји, како што се Австрија, Велика Британија, Ирска и Западна Германија измеѓу нив.[26]
Во 2013 година, стапките на детскиот брак достигнале 75% во Нигер, 68% во Централноафриканска Република и Чад, 66% во Бангладеш и 47% во Индија.[27]
Заштитата на децата од злоупотреба се смета за важна современа цел. Ова ја вклучува и заштитата на децата од експлоатација, како што е детскиот труд, трговијата со деца и продажбата, детската сексуална злоупотреба, вклучувајќи детска проституција и детска порнографија, искористување на децата за воени цели и нелегалните посвојувања. Постојат неколку меѓународни инструменти за овие цели, како што се:
- Worst Forms of Child Labour Convention
- Minimum Age Convention, 1973
- Optional Protocol on the Sale of Children, Child Prostitution and Child Pornography
- Council of Europe Convention on the Protection of Children against Sexual Exploitation and Sexual Abuse
- Optional Protocol on the Involvement of Children in Armed Conflict
- Hague Adoption Convention
- Directive 2011/92/EU of the European Parliament and of the Council од 13 декември 2011 година за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и детската порнографија.[28]
Итни случаи и конфликти
[уреди | уреди извор]Итните случаи и конфликти претставуваат детриментални ризици за здравјето, безбедноста и добросостојбата на децата. Постојат многу различни видови на конфликти и итни случаи, на пример, насилство, вооружен конфликт, војна, природни непогоди итн. Во 2010 година околу 13 милиони деца биле раселени поради вооружени конфликти и насилство ширум светот.[29] Каде што насилните конфликти се норма, животите на младите деца се значително нарушени и нивните семејства имаат големи тешкотии при понудата на чувствителна и доследна грижа потребна за здравиот развој на детето. Студиите за ефектот на итните случаи и конфликти врз физичкото и менталното здравје на децата од раѓање до 8 години покажуваат дека кога катастрофата е норма, стапката на PTSD е присутна кај 3 до 87 проценти од засегнатите деца.[30] Сепак, стапките на PTSD кај децата кои живеат во хронично конфликтни услови варира од 15 до 50 проценти.[31][32]
Детето како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Детето како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Детето што не знаело за страв“ — македонска народна приказна.[33]
- „Царското посмртче“ — македонска народна приказна.[34]
- „Детето и мечката“ — влашка народна приказна.[35]
- „Приказна за сирачето“ — турска народна приказна.[36]
- „Еден јазик“ — кус расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.[37]
- „Ек на децата“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2005 година.[38]
- „Разделба со детството“ — песна на Христина Аслимоска од 2005 година.[39]
- „Тагата од моето детство“ — расказ на Христина Аслимоска од 2005 година.[40]
- „Деца и цвеќиња и ѕвезди“ — збирка поезија за деца на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[41]
- „Деца и цвеќиња“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[42]
- „Деца и цвеќиња (второ пеење)“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[43]
- „Деца и пеперуги“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[44]
- „Деца и божурики“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[45]
- „Децата и птиците“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[46]
- „Децата и игрите“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[47]
- „Децата и играчките“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[48]
- „Пролетна игра на дете“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[49]
- „Деца и ѕвезди“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[50]
- „Децата и инженерите“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[51]
- „Деца и морнари“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[52]
- „Децата и пилотите“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[53]
- „Деца и космонаути“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[53]
- „Деца и војници“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[54]
- „Децата и уметниците“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[55]
- „Како растат децата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[56]
- „Ние децата“ — песна за деца на Григор Витез.[57]
- „Детска планета“ — песна за деца на Григор Витез.[58]
- „Песна за сите деца на светот“ — песна за деца на Григор Витез.[59]
- „Кога ќе се раскажат сите приказни“ — песна за деца на Григор Витез.[60]
- „Детство“ — циклус песни на српскиот поет Оскар Давичо.[61]
- „Оливер Твист“ — роман на англискиот писател Чарлс Дикенс.
- „Блаже маже“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[62]
- „Малите ловци“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[63]
- „Лиман“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[64]
- „Талкачки ум“ — кус расказ на Ѓоко Здравески од 2019 година.[65]
- „Горанче“ — кус расказ на Ѓоко Здравески од 2019 година.[66]
- „Не врне, не врне, не дува, не дува“ — кус расказ на Ѓоко Здравески од 2019 година.[67]
- „Децата од нашата улица“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.
- „Орхан“ — збирка раскази за деца на Неџати Зекерија.[68]
- „Кој е смел“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.[69]
- „Пајтонџијата и децата“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.[70]
- „Мали и големи деца“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.[71]
- „Деца фалбаџии“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.[72]
- „Пипи Долгиот Чорап“ (шведски: Pippi Långstrump) — роман на шведската писателка Астрид Линдгрен, издаден во 1945 година.
- „Игра со дете“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[73]
- „Успивање на болно дете“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[74]
- „Дете заспано крај езеро“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[75]
- „Дете и цвеќе“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[76]
- „Бебенце“ — песна на Васил Куноски.[77]
- „За сите деца“ — песна на Васил Куноски.[78]
- „Дете и два полжава“ — песна на Васил Куноски.[79]
- „Дете и полжав“ — песна на Васил Куноски.[80]
- „Стани, стани, детенце“ — песна на Васил Куноски.[81]
- „Децата што читаа во училишниот двор“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[82]
- „Врвки“ — краток расказ на македонската писателка Калина Малеска.[83]
- „Чудо“ - краток расказ на македонскиот писател Митко Маџунков.[84]
- „Зоки Поки“ — книга на македонската писателка Оливера Николова.
- „Онтологија на детството“ — расказ на рускиот писател Виктор Пелевин од 1991 година.[85]
- „Детето од реката“ (српски: Дечак са реке) — расказ на српскиот писател Радослав Петковиќ од 1998 година.[86]
- „Марта“ — роман на македонскиот писател Горјан Петревски.
- „Каде е детството“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[87]
- „Бојан“ — роман на македонскиот писател Глигор Поповски.
- „Новото дете“ — расказ на Глигор Поповски.[88]
- „Детето што плачеше“ — расказ на Глигор Поповски.[89]
- „Дете и мравка“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[90]
- „Јунак дете“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[91]
- „Јунакот наш Ѓошо денес мина лошо“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[92]
- „Вредно дете“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[93]
- „Дете и светулка“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[94]
- „Птицата, морето детето...“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[95]
- „Ветрот и детето“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.[96]
- „Се викам Арам“ — збирка раскази на американскиот писател Вилијам Саројан.[97]
- „Мојот роднина Дикран, говорник“ — расказ на Вилијам Саројан.[98]
- „Детето е жива слика“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[99]
- „Дете и кловн“ — песна на Стојан Тарапуза.[100]
- „Ние сме деца“ — песна на Стојан Тарапуза.[101]
- „Авантурите на Том Соер“ (англиски: The Adventures of Tom Sawyer) — роман на американскиот писател Марк Твен од 1876 година.
- „Авантурите на Хаклбери Фин“ (англиски: The Adventures of Huckleberry Fin) — роман на Марк Твен.
- „Русокосото дете“ — песна на американскиот поет Јуџин Филд.[102]
- „Вонбрачно дете“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[103]
- „Хајди“ — роман на швајцарската авторка Јохана Шпири од 1881 година.
Детето како мотив во музиката
[уреди | уреди извор]- „Ги мразам децата“ (англиски: I Hate Children) — песна на американската панк-рок група Adolescents од 1981 година.[104]
- „Дете“ — песна на македонската музичка група Анастасија од 1998 година.[105]
- „Децата во Америка“ (англиски: Kids in America) — песна на англиската поп-пејачка Ким Вајлд (Kim Wilde').[106]
- „Диви деца“ (англиски: Wild Children) — песна на ирскиот рок-музичар Ван Морисон (Van Morrison).[107]
- „Спасете ги децата“ (англиски: Save The Children) — песна на американскиот соул музичар Марвин Геј (Marvin Gaye) од 1971 година.[108]
- „Дете на есента“ (англиски: Autumn's Child) — песна на американската рок-група Captain Beefheart And The Magic Band од 1972 година.[109]
- „Убивам деца“ (англиски: I Kill Children) — песна на американската панк-рок група Dead Kennedys од 1980 година.[110]
- „Дете во времето“ (англиски: Child In Time) — песна на англиската хард-рок група Deep Purple.[111]
- „Деца“ (англиски: Kids) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents).[112]
- „Прашање: И децата? Одговор: И децата“ (англиски: Q: And Children? A: And Children) — песна на англиската хардкор-панк група Дисчарџ (Discharge) од 1982 година.[113]
- „Вистинско дете од пеколот“ (англиски: Real Child Of Hell) — песна на американската рок-група X од 1982 година.[114]
- „Момче со проблем“ (англиски: Boy With A Problem) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1982 година.[115]
- „Возрасно дете“ (англиски: Mannish Boy) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).[116]
- „Мало дете побеснува“ (англиски: Little Child Running Wild) — песна на американскиот музичар Куртис Мејфилд (Curtis Mayfield') од 1972 година.[117]
- „Сакајте ги нашите деца засекогаш“ (англиски: Love Our Children Forever) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1987 година.[118]
- „Чудно момче“ (англиски: A Strange Boy) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1976 година.[119]
- „Мамино детенце“ (англиски: Mama's Little Boy) — песна на канадската рок-група Ноуминсноу (Nomeansno) од 1982 година.[120]
- „Момче“ (англиски: Kid) — песна на англиската рок-група Притендерс (The Pretenders) од 1979 година.[121]
- „Среќно дете“ (хрватски: Sretno dijete) — песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште.[122]
- „Момче А“ (англиски: Kid A) — песна од истоимениот музички албум на англиската рок-група Рејдиохед (Radiohead) од 2000 година.[123]
- „Боже, благослови го детето“ (англиски: God Bless The Child) — композиција на американскиот џез-музичар Сони Ролинс (Sonny Rollins) од 1962 година.[124]
- „Деца“ (англиски: The Kids) — песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1973 година.[125]
- „Кој не сака деца“ (англиски: Who Don't Like Kids) — песна на американското дуо Спаркс (Sparks) од 1974 година.[126]
- „Децата од Рарн“ (англиски: The Children Of Rarn) — песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1970 година.[127]
- „Расипано викторијанско дете“ (англиски: Spoilt Victorian Child) — песна на англиската рок-група Фол (The Fall) од 1985 година.[128]
- „Децата се во ред“ (англиски: The Kids Are Alright) — песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1967 година.[129]
- „Градски деца“ (англиски: Urban Kids) — песна на англиската панк-рок група Челси (Chelsea) од 1978 година.[130]
- „За сите деца“ — песна на македонскиот композитор Александар Џамбазов.[131]
- „Десет мали деца“ (англиски: Ten Little Kids) — песна на американската рок-група The Jayhawks од 1994 година.[132]
- „Саботни деца“ (англиски: Saturdays Kids) — песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1980 година.[133]
- „Џериевите деца“ (англиски: Jerry's Kids) — американската хард-кор група, основана во 1981 година.[134]
- „Внимавајте на децата (I)“ (српски: Pazite na decu (I)) — песна на српската рок-група Шарло акробата од 1981 година.[135]
- „Внимавајте на децата (II)“ (српски: Pazite na decu (II)) — песна на Шарло акробата од 1981 година.[135]
Детето како мотив во филмот
[уреди | уреди извор]- „Детето“ (англиски: The Kid) — американски филм од 1921 година, во режија на Чарли Чаплин.[136]
- „Чевлички на асфалтот“ (српски: Ципелице на асфалту) — филм на режисерите Љубомир Радичевиќ и Здравко Рандиќ од 1956 година.[137]
- „Магарешки години“ (српски: Магареће године) — филм на режисерот Ненад Диздаревиќ.[138]
- „Децата на рајот“ — ирански филм од 1997 година, во режија на Маџид Маџиди.[139]
- „Детето“ (француски: L'Enfant) — белгиски филм од 2005 година, во режија на Жан-Пјер Дарден (Jean-Pierre Dardenne) и Лик Дарден (Luc Dardenne).[140]
- „Детство“ (англиски: Boyhood) — американски филм од 2014 година, во режија на Ричард Линклејтер.[141]
- „Венди“ (Wendy) — германски филм од 2017 година, во режија на Дагмар Зојме (Dagmar Seume).[142]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Child“. TheFreeDictionary.com. Посетено на 5 January 2013.
- ↑ „Child“. Oxford University Press. Архивирано од изворникот на 2016-08-21. Посетено на 5 January 2013.
- ↑ „For example, the US Social Security department specifically defines an adult child as being over 18“. Ssa.gov. Архивирано од изворникот на 1 October 2013. Посетено на 9 October 2013.
- ↑ „American Heritage Dictionary“. 7 December 2007. Архивирано од изворникот на 29 December 2007.
- ↑ "Convention on the Rights of the Child" Архивирано на 31 октомври 2010 г. The Policy Press, Office of the United Nations High Commissioner for Human Rights
- ↑ „CHILDREN AND YOUNG PERSONS ACT“. Архивирано од изворникот на 2018-02-03. Посетено на 20 October 2017.
- ↑ „Proposal to lower the Age of Contractual Capacity from 21 years to 18 years, and the Civil Law (Amendment) Bill“. Singapore: Ministry of Law. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 21 October 2017.
- ↑ 8 U.S.C. § 1101(b)(1)
- ↑ . „Essays on childhood“. Elizabethi.org. Посетено на 9 October 2013.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ 10,0 10,1 „Socialization stages“. Childdevelopmentinfo.com. Архивирано од изворникот на 28 March 2014. Посетено на 9 October 2013.
- ↑ „Why Children Need Play | Scholastic“. Посетено на 2017-11-16.
- ↑ Dworzynski, Katharina, et al. "How different are girls and boys above and below the diagnostic threshold for autism spectrum disorders?." Journal of the American Academy of Child & Adolescent Psychiatry 51.8 (2012): 788-797
- ↑ Fikadu Satena. „Juvenile courts“. Law.jrank.org. Посетено на 9 October 2013.
- ↑ Yun, Seira (2014). „Breaking Imaginary Barriers: Obligations of Armed Non-State Actors Under General Human Rights Law – The Case of the Optional Protocol to the Convention on the Rights of the Child“. Journal of International Humanitarian Legal Studies. 5 (1–2): 213–257. SSRN 2556825.
- ↑ Melchiorre, A. (2004) At What Age?...are school-children employed, married and taken to court?
- ↑ Infant Mortality Rates in 2012 Архивирано на 14 јули 2014 г. , UNICEF, 2013.
- ↑ W. J. Rorabaugh, Donald T. Critchlow, Paula C. Baker (2004). "America's promise: a concise history of the United States". Rowman & Littlefield. p.47. ISBN 0-7425-1189-8
- ↑ "Modernization - Population Change". Encyclopædia Britannica.
- ↑ „Education | Define Education at Dictionary.com“. Dictionary.reference.com. Посетено на 3 August 2014.
- ↑ ICESCR, Article 13.1
- ↑ „Out-of-School Children Initiative | Basic education and gender equality“. UNICEF. Архивирано од изворникот на 2014-08-06. Посетено на 3 August 2014.
- ↑ „BBC News - Unesco: Conflict robs 28 million children of education“. Bbc.co.uk. 1 March 2011. Посетено на 3 August 2014.
- ↑ „UK | Education | Barriers to getting an education“. BBC News. 10 April 2006. Посетено на 3 August 2014.
- ↑ Melik, James (11 October 2012). „BBC News - Africa gold rush lures children out of school“. Bbc.com. Посетено на 3 August 2014.
- ↑ Gallagher, James (2017-01-27). „Girls feel 'less talented' by age six“. BBC News (англиски). Посетено на 2017-01-27.
- ↑ „Rachel K. Jones and April Brayfield, Life's greatest joy?: European attitudes toward the centrality of children. Social Forces, Vol. 75, No. 4, Jun 1997. 1,239-69 pp. Chapel Hill, North Carolina“. Popindex.princeton.edu. Архивирано од изворникот на 2013-10-06. Посетено на 9 October 2013.
- ↑ „Child brides around the world sold off like cattle“. USA Today. 8 March 2013.
- ↑ Official Journal of the European Union
- ↑ UNICEF. 2010. The State of the World’s Children Report, Special Edition. New York, UNICEF.
- ↑ Shannon, M. P., Lonigan, C. J., Finch, A. J. and Taylor, C. M. 1994. Children exposed to disaster: I. Epidemiology of post-traumatic symptoms and symptom profiles. Journal of American Academy of Child and Adolescent Psychiatry, Vol. 33, pp. 80-93.
- ↑ De Jong, J. T. V. M. 2002. Trauma, War, and Violence: Public Mental Health in Socio Cultural Context. New York, Kluwer.
- ↑ Marope, P.T.M.; Kaga, Y. (2015). Investing against Evidence: The Global State of Early Childhood Care and Education (PDF). Paris, UNESCO. стр. 118–125. ISBN 978-92-3-100113-0.
- ↑ Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 5-9.
- ↑ Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 36-37.
- ↑ Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 41-42.
- ↑ Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 77-79.
- ↑ Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 12-15.
- ↑ Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 8.
- ↑ Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 5.
- ↑ Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 39-40.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 3.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 4-5.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 6.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 7.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 8.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 14.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 15.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 16.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 17.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 19.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 20.
- ↑ 53,0 53,1 Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 22.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 23.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 24.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 7.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 83.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 89.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 91.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 92-93.
- ↑ Оскар Давичо, Песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1958, стр. 5-56.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 36-37.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 114-115.
- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 78-79.
- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 82-83.
- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 84.
- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 85.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 7-8.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 17-19.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 33.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 38-39.
- ↑ Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 22-26.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 94.
- ↑ Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 44.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 12.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 82.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 64.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 44-45.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 42.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 34.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 63-64.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 224.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 84.
- ↑ Виктор Пелевин, Синиот фенер. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 276-288.
- ↑ Radoslav Petković, Izveštaj o kugi. Beograd: Laguna, 2020, стр. 93-97.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 17.
- ↑ Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 20-21.
- ↑ Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 22-23.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 9.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 45.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 50-51.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 43.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 22.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 36.
- ↑ Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 42-44.
- ↑ Вилијам Саројан, Се викам Арам. Скопје: Македонска книга, 1970.
- ↑ Вилијам Саројан, Се викам Арам. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 67-75.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 14.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 15.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 16.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 51-53.
- ↑ Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 43-44.
- ↑ Discogs, Adolescents – Adolescents (пристапено на 3.12.2021)
- ↑ DISCOGS Anastasia (3) – Nocturnal (пристапено на 10.6.2018)
- ↑ Discogs, Kim Wilde – Kids In America (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ Van Morrison – It's Too Late To Stop Now (пристапено на 25.4.2024)
- ↑ Discogs, Marvin Gaye – What's Going On (пристапено на 31.10.2022)
- ↑ Discogs, Captain Beefheart And The Magic Band – Clear Spot (пристапено на 26.6.2020)
- ↑ Discogs, Dead Kennedys – Fresh Fruit For Rotting Vegetables (пристапено на 9.9.2022)
- ↑ Deep Purple – Made In Japan (пристапено на 25.6.2022)
- ↑ Descendents – Somery (пристапено на 3.7.2022)
- ↑ Discharge – Hear Nothing See Nothing Say Nothing (пристапено на 25.6.2022)
- ↑ X (5) – Under The Big Black Sun (пристапено на 16.12.2023)
- ↑ DISCOGS, Elvis Costello And The Attractions* – Imperial Bedroom (пристапено на 13.5.2022)
- ↑ Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023)
- ↑ Discogs, Curtis Mayfield – Super Fly (пристапено на 15.4.2022)
- ↑ Discogs, Meat Puppets – Mirage (пристапено на 21.3.2023)
- ↑ Joni Mitchell – Hejira (пристапено на 26.4.2023)
- ↑ Discogs, Nomeansno – Mama (пристапено на 21.5.2023)
- ↑ YouTube, The Pretenders - Kid (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ Novi val osamdesetih, City records, CD 000 395, 2005.
- ↑ Discogs, Radiohead – Kid A (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ Sonny Rollins – The Bridge (пристапено на 22.2.2024)
- ↑ YouTube, Lou Reed - The Kids (audio) (пристапено на 31.3.2020)
- ↑ Sparks – Propaganda (пристапено на 30.8.2019)
- ↑ T. Rex – T. Rex (пристапено на 5.3.2024)
- ↑ Discogs, The Fall – This Nation's Saving Grace (пристапено на 7.4.2022)
- ↑ Discogs, The Who – The Who Sings My Generation (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ Discogs, Chelsea (2) – Urban Kids / No Flowers (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
- ↑ Discogs, The Jayhawks – Tomorrow The Green Grass (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ DISCOGS, The Jam – Setting Sons (пристапено на 4.1.2022)
- ↑ Discogs, Jerry's Kids (пристапено на 25.10.2022)
- ↑ 135,0 135,1 Šarlo Akrobata – Bistriji Ili Tuplji Čovek Biva Kad ... (пристапено на 17.2.2024)
- ↑ IMDb, The Kid (1921) (пристапено на 27.2.2016)
- ↑ Ципелице на асфалту (пристапено на 23.1.2023)
- ↑ Магареће године (пристапено на 28.4.2023)
- ↑ Djeca raja, iranski film (пристапено на 26.12.2019)
- ↑ IMDb, L'enfant (2005) Awards (пристапено на 28.2.2015)
- ↑ „Триумф за „Човекот-птица“ со четири оскари“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 14.
- ↑ Wendy, njemački film (2017.) (пристапено на 2.12.2023)
„Дете“ на Ризницата ? |