Васил Куноски
Васил Куноски — македонски поет за деца.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Куноски е роден во Дебар на 20 ноември 1916година. Тој е дете на војната бидејќи бил роден за време на Првата светска војна, поточно за време на бугарската окупација на Вардарскиот дел на Македонија. Починал во Скопје на 13 јуни 1993година. Пред Втората светска војна, завршил учителска школа во Шабац, во денешна Србија. Работел како уредник во редакцијата на Детска радост при НИП Нова Македонија, како и во Македонска книга. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година.[2]
Творештво
[уреди | уреди извор]Васил Куноски е автор е на поголем број книги:[2]
- Волшебното ливче (поема, 1951),
- Гатанки и прашанки, во соавторство со Ванчо Николески (1951),
- Белиот гостин (поема, 1952),
- Песни (1953),
- Каде е клучето (загатки, 1955),
- Вредна рака црта вака (сликовница во стихови, 1956),
- Ѓерданче (1956),
- Зајче безопавче (1957),
- Претпразнични вечери (1960),
- Страшно, пострашно и најстрашно, (1963),
- Ха-ха-ха и две-три ах (1964),
- Светулки над треви (1964),
- Тошо, Снешка и 101 смешка (хумористични песни, 1970),
- Згоди и незгоди (1972),
- Избор (1973),
- Оро весело (поезија за предучилишна возраст, 1979),
- Избор (1980),
- Оро широко (поезија за предучилишна возраст, 1984),
- Птици над рудини (1985)
- Избрани дела I-II (1987).
Куноски е добитник на повеќе книжевни награди: Младо поколење, 13 Ноември, 11 Октомври (награда за животно дело во 1972). Неговите дела се преведувани на српски, хрватски, словенечки, албански, турски и руски јазик.[2]