Прејди на содржината

Пол Клодел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пол Клодел
Роден/а6 август 1868(1868-08-06)
Вилнев сур Фер, Франција
Починат/а23 февруари 1955(1955-02-23) (возр. 86)
Париз, Франција
Јазикфранцуски
НационалностФранцузин
ОбразованиеLycée Louis-le-Grand
Апсолвент наПариски институт за политички науки
Сопруг/аРејн Сент-Мари Перин
РодниниКамил Клодел (сестра)
Потпис

Пол Клодел (француски: Paul Louis Charles Claudel, роден на 6 август 1868 во Вилнев сур Фер - починал на 23 февруари 1955 во Париз) — француски дипломат, драматург и поет. Брат на вајарката Камил Клодел. Клодел бил номиниран за Нобелова награда за литература во шест различни години[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломатска кариера

[уреди | уреди извор]

Клодел е роден на 6 август 1868 година во Вилнев сур Фер, Франција, во семејството на Луј-Проспер Клодел, висок провинциски работник. Од 1882 година живее во Париз. Во 1885 година дипломирал филозофија, и на универзитетот се запознал со Леон Доде и Ромен Ролан. Во периодот 1887-1888 година работел во Компиен. Потоа во 1989 година студирал право на Факултетот за политички науки.

По дипломирањето од 1890 година работел во Министерството за надворешни работи, а од 1893 година бил на прекугранична дипломатска служба. Работел како заменик-конзул во Њујорк и во Бостон, а во периодот 1895-1909 година бил конзул во Кина.

Пол Клодел имал долга љубовна врска со омажената Розали Веч. На 14 март 1906 година се оженил за Рејн Сент-Мари Перин, и по три дена заминале за Кина. Од овој брак Клоден имал пет деца - Мари, Пјер, Рејн, Хенри и Рене.

Во 1909 година бил испратен да работи како конзул во Прага (1909), генерален конзул во Франкфурт на Мајна (1911), конзул во Хамбург (1913). Потоа бил назначен за министер во Амбасадата во Рио де Жанеиро, Бразил (1916), во Копенхаген (1920). Последователно бил и амбасадор во Токио, Вашингтон и Белгија. Во 1936 година престанал со дипломатската кариера и се населил во замокот Шато Бранже во Изер, со кој се стекнал во 1927 година.

Член на Француската академија од 1946 година и награден со Голем крст на Орденот на Легијата на честа.

Писателска кариера

[уреди | уреди извор]

Паралелно со дипломатската активност, тој ја развивал и писателска кариера. Пол Клодел важи за модерен архетип за религиозен католички поет. Тој спаѓа во редот на оние поети кои своето промислување на светот и на неговите феномени ги изведуваат од едно единствено средиште – Бог. Првата негова драма „Tête d'or“ (Златна глава) била објавена во 1890 година. Првата поетска збирка „Запознавањето на Истокот“ бил објавен во 1896 година. Голем дел од неговите драми биле адаптирани за театарот, филмот и телевизијата.

Пол Клодел починал во Париз на 23 февруари 1955 година.

  • Tête d’or (1890)
  • La Jeune Fille Violaine (1892)
  • La Ville (1893)
  • L'Échange; Tête d’Or (1894)
  • La Jeune Fille Violaine (1901)
  • Le Repos du septième jour (1901)
  • L’Otage (1911)
  • L’Annonce faite à Marie (1912)
  • L’Ours et la Lune (1917)
  • Le Pain dur (1918)
  • Les Choéphores d’Eschyle (1919)
  • Le Père humilié (1920)
  • Les Euménides d’Eschyle (1920)
  • Protée (1920)
  • Le Soulier de satin (1929)
  • Le Livre de Christophe Colomb (1933)
  • Jeanne d’Arc au bûcher (1939)
  • La Sagesse ou la Parabole du destin (1939)
  • L’Histoire de Tobie et de Sara (1942)
  • Le Partage de midi (1948)
  • Protée (1949)}}
  • Connaissance de l’Est (1896)
  • Poèmes de la Sexagésime (1905)
  • Processionnal pour saluer le siècle nouveau (1907)
  • Cinq grandes Odes (1911)
  • Le Chemin de la Croix (1911)
  • La Cantate à trois voix48 (1911 – 1912)
  • Corona benignitatis anni dei (1915)
  • La Messe là-bas (1919)
  • Poèmes de guerre (1914 – 1916) (1922)
  • Feuilles de saints (1925)
  • Cent phrases pour éventails (1942)
  • Visages radieux (1945)
  • Accompagnements (1949)}}

Екранизација

[уреди | уреди извор]
  • 1968 Der Tausch – ТВ филм
  • 1970 De boodschap aan Maria – ТВ филм
  • 1975 Protée – ТВ филм
  • 1976 Christophe Colomb – ТВ филм
  • 1977 Partage de midi – ТВ филм
  • 1981 Conversations dans le Loir-et-Cher – ТВ филм
  • 1982 Le soulier de satin – ТВ филм
  • 1982 Le pain dur – ТВ филм
  • 1985 Le soulier de satin
  • 1991 L'annonce faite à Marie
  • 1993 Edwige Feuillère en scène – ТВ филм
  • 2006 Tête d'or
  • 2007 Jeanne d'Arc au bûcher – ТВ филм
  • 2011 Partage de midi – ТВ филм
  • 2013 Camille Claudel 1915 –

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: