Прејди на содржината

Ромен Ролан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ромен Ролан
Роден/а29 јануари 1866(1866-01-29)
Клаиси, Нијевер
Починат/а30 декември 1944(1944-12-30) (возр. 78)
Везле
Занимањедраматург, романописец, историчар, нобелист
НационалностФранцузин
Период1902–1944

Ромен Ролан (француски: Romain Rolland) (Клаиси, 29 јануари 1866Везле, 30 декември 1944) — француски раскажувач, романописец, драматург, музиколог и борец за мир и демократија.

Познати се неговите дела „Жан Кристоф“, „Кола Брењон“, „Маѓепсана душа“, „Дантон“, потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој.

Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература.

Со заострувањето на политичките прилики во Европа сè повеќе се приближува кон левицата и се декларира како припадник на комунизмот. Оставил огромна коресподенција со Толстој, Ганди, Рилке и други истакнати негови современици.