Прејди на содржината

Кочули

Координати: 41°18′44″N 22°41′48″E / 41.31222° СГШ; 22.69667° ИГД / 41.31222; 22.69667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кочили

Воздушен поглед на селото Кочули

Кочили во рамките на Македонија
Кочили
Местоположба на Кочили во Македонија
Кочили на карта

Карта

Координати 41°18′44″N 22°41′48″E / 41.31222° СГШ; 22.69667° ИГД / 41.31222; 22.69667
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 53 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04013
Надм. вис. 305 м
Кочили на општинската карта

Атарот на Кочили во рамките на општината
Кочили на Ризницата

Кочули — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот источен дел на територијата на Општина Валандово, на југозападните огранки на планината Беласица, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Струмица.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 305 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 13 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Кочули е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Кале северно од селото.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 442 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 17 хектари, додека на пасиштата 12 хектари.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194896—    
1953105+9.4%
196194−10.5%
197164−31.9%
198181+26.6%
ГодинаНас.±%
1991109+34.6%
199495−12.8%
200250−47.4%
202153+6.0%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 56 жители муслимани.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кочули живееле 30 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[6]

Кочули е мало село, коешто во 1961 година имало 94 жители, а во 1994 година 95 жители, од кои 92 биле Турци, а тројца жители се изјасниле како останати.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кочули имало 50 жители, од кои 49 Турци и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 50 Турци, 1 Бошњак и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 30 96 105 94 64 81 109 95 50 53
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Кочули било целосно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Кочули се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Башибос. Покрај селото Кочули, во ова избирачко место се опфатени и селата Бајрамбос, Башибос и Булунтули.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на водопадот
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Кале — утврдена средновековна населба
Водопади
Реки
  • Карант — мала река во близина на селото

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 160.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 55. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 февруари 2024.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
  15. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-19. Посетено на 19 јануари 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]