Терзели
Терзели | |
Воздушен поглед на местоположбата на селото Терзели | |
Координати 41°21′01″N 22°31′20″E / 41.35028° СГШ; 22.52222° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04020 |
Надм. вис. | 175 м |
Терзели на општинската карта Атарот на Терзели во рамките на општината | |
Терзели на Ризницата |
Терзели — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Денес, од селото скоро и да нема никакви видливи остатоци.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Турското име на селото е Терсели или Тересли. Името на селото се поврзува со турскиот збор „терес“ што означува „стројник“. Друго објаснува е дека потекнува од зборот „терзи“ што се поврзува со занаетот кројач.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на јужните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 175 метри. Се наоѓа во средишниот дел на Општина Валандово, северозападно од градот Валандово.[3]
До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Калково, до кое има асфалтен пат.
Низ селото тече рекичката Ак Бунар, која на југ завршува во наводнувачките канали во полските села.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на отоманскиот период селото било познато под името Терсели или Тересли.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мал и зафаќа површина од само 3 км2.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 14 домаќинства со 38 жители муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Терзели живееле 55 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[6]
Селото било наполно раселено по 1981 година, когашто броело 21 жител, македонско население.[3] Во периодот пред Втората светска војна селото доживеало битен пораст. Ситуацијата се променила во 1950-тите, кога населението опаднало повеќе од двојно. Во текот на следната деценија продолжило да паѓа, сведувајќи се на 8 жители. Во 1970-тите бројот се искачил на 21 жител, но во наредните години селото наполно се испразнило.
Според пописот од 2002 година, во селото Терзели немало жители.[7] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 55 | — | 97 | 111 | 44 | 8 | 21 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Терзели било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Терзели се наоѓале селата Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Јосифово, во која влегувале селата Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Покрај селото Терзели, во ова избирачко место се опфатени и селата Плавуш, Калково, Вејсели и Ајранли.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 277 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[14]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 160. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 296.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-14. Посетено на 24 февруари 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|