Мамуѕу
Мамуѕу Mamoudzou | |
---|---|
главен град, префектура и општина | |
Поглед на пристаништето во Мамуѕу | |
Општината (со црвено) во рамките на Мајот | |
Земја | Франција |
Прекуморски регион и департман | Мајот |
Управа | |
• Градоначалник (2014–) | Мохамед Мажани |
Површина | 41,94 км2 (1,619 ми2) |
Население (2012)1 | 57.281 |
• Густина | 14/км2 (35/ми2) |
INSEE/Пошт. бр. | 98511 / 97600 |
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Мамуѕу (француски: Mamoudzou; маоре: Momoju[1]) — главен град на францускиот прекуморски регион и департман Мајот во Индиски Океан, кој воедно ја сочинува и најнаселената општина. Сместен е на островот Гранд Тер (Маоре), најголем во Мајот.
Историја
[уреди | уреди извор]Сè до 1977 г. административниот центар на Мајот бил во Ѕауѕи, на малиот остров Пети Тер (Паманази), кога е сменет со Мамуѕу. Според пописот во 1985 г. во самиот град живееле 12.026.[2]
Управа
[уреди | уреди извор]Покрај градот, општината опфаќа и 6 села: Кавени, Мцапере, Пасаменти, Ваибе, Цунѕу I и Цунѕу II.
Општината воедно е поделена на 3 кантона; Мамуѕу I, Мамуѕу II и Мамуѕу III.
Од Мамуѕу емитува државното радио на француски и маоре (месниот коморски дијалект). На улицата „Маријаз“ се сместени повеќе државни установи како управите за Земјоделство и шумарство, Образование, Здравство и социјала, Јавни работи, Работа, вработување и Млади и спорт — чии седишта се наоѓаат во градот уште пред да добие статус на главен.[3]. Во Мамуѕу има и отсек на „Франс телеком“.[4]
Демографија
[уреди | уреди извор]1966 | 1978 | 1985 | 1991 | 1997 | 2002 | 2007 | 2012 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
4.556 | 7.798 | 12.026 | 20.307 | 32.774 | 45.485 | 53.022 | 57.281 | |
Официјални пописни податоци. |
Село | 1997 | 2002 | |||
---|---|---|---|---|---|
Кавани | 3.948 | 5.488 | |||
Кавени | 6.206 | 9.604 | |||
Мамуѕу | 5.666 | 6.533 | |||
Мцапере | 6.979 | 10.495 | |||
Пасаменти | 5.173 | 6.008 | |||
Цунцу 1 | 2.093 | 3.058 | |||
Цунцу 2 | 574 | 1.063 | |||
Ваибе | 2.135 | 3.236 | |||
Статистички точно за 1997 г. |
Градот има значајно муслиманско население.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Мамуѕу има банка и трговски центар. Стопански центар на градот е пазариштето (Плас ди Марш), каде се сместени Ер Франс, Ева ер, туристичката служба[6] и редакцијата на островското списание Жана на Лео.[7] Попознати ресторани се „Ле Терас“ (Les Terrasses), „Исижива“ (Hotel Restaurant Isijiva), „Ле Барфли“ (Le Barfly) и „Мамуѕу Ла Каз“ (Mamoudzou La Kaz).[8]
Од градот сообраќа траект до островот Пети Тер, претежно за туристички цели.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Allibert, Claude (2002). Regards sur Mayotte (француски). INALCO. стр. 305. ISBN 978-2-85831-135-4.
- ↑ Wright, John (23 May 2006). New York Times Almanac 2002. Routledge. стр. 1589. ISBN 978-1-135-45586-6.
- ↑ Africa South of the Sahara 2003. Psychology Press. 31 октомври 2002. стр. 243. ISBN 978-1-85743-131-5.
- ↑ Routledge (9 ноември 2007). Africa South of the Sahara 2008. Taylor & Francis.
- ↑ Auzias, Dominique; Labourdette, Jean-Paul (1 јануари 2006). Guide Du Voyageur 2006–2007 (француски). Petit Futé. стр. 267. ISBN 2-7469-1523-5.
- ↑ Hodd, Michael (1994). East African Handbook. Trade & Travel Publications. стр. 706. ISBN 978-0-8442-8983-0.
- ↑ Ottenheimer, Martin (1 јануари 1994). Historical Dictionary of the Comoro Islands. Scarecrow Press. стр. 92. ISBN 978-0-8108-2819-3.
- ↑ Nourault, Gilles; Perrin, François (2003). Mayotte: guide touristique et culturel. Orphie. стр. 315.
- ↑ Madagascar & Comoros. Lonely Planet. 2008. стр. 257. ISBN 978-1-74104-608-3.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мамуѕу“ на Ризницата ? |
- Портал на Мамуѕу (француски)
|
|