Саун Томе и Принсип
Демократска Република Саун Томе и Принсип República Democrática de São Tomé e Príncipe (португалски) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Unidade, Disciplina, Trabalho (португалски) „Единство, дисциплина, труд“ |
||||||
Химна: Independência total Целосна независност |
||||||
Местоположбата на Саун Томе и Принсип (темносина) – во Африка (светлосина и темносива) |
||||||
Главен град | Саун Томе | |||||
Најголем град | гл. град | |||||
Службен јазик | португалски | |||||
Признаени регионални јазици | ||||||
Демоним | Саунтомејци | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска република[1] | |||||
• | Претседател | Еваристо Карвалјо | ||||
• | Премиер | Жорге Бом Жезус | ||||
Законодавство | Национално собрание | |||||
Независност | ||||||
• | од Португалија | 12 јули 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1.001 [2] км2 (171-ва) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 199.910[3] (186-та) | ||||
• | Попис 2012 | 178,739 | ||||
• | Густина | 199.7 жит/км2 (69-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупен | $685 милиони[4] | ||||
• | По жител | $3,220[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $355 милиони[4] | ||||
• | По жител | $1,668[4] | ||||
Џиниев коеф. (2010) | 33.9[5] среден |
|||||
ИЧР (2018) | ▲ 0.609[6] среден · 137-ма |
|||||
Валута | Добра (STN ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC ) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .st | |||||
Повик. бр. | +239 |
Саун Томе и Принсип португалски: São Tomé e Príncipe, службено Демократска Република Саун Томе и Принсип (República Democrática de São Tomé e Príncipe) — островска држава во Африка, во центарот на Гвинејскиот Залив. Државата се состои од два острови: Принсип и Саун Томе, разделени меѓу себе 140 км, а додека од брегот на Африка се оддалечени 250 односно 225 км. Двата острови се состојат од венец на изумрени вулкански острови. Саун Томе, поголемиот остров, се наоѓа северно од екваторот и го добил името по Свети Тома, поради тоа што Португалците пристигнале за првпат на островот на самиот ден Св. Тома. Саун Томе и Принсип е втората најмала земја во Африка, во поглед на населението. Исто така, таа е најмалата земја каде се зборува португалски јазик.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Името на државата потекнува од имињата на двата главни острови. Саун Томе (на португалски São Tomé) е португалско име за Свети Тома. Се верува дека островите биле откриени од Европејците на 21 декември 1471, денот на Свети Тома, и по тоа се именувал островот. Другиот остров, Принсип (на португалски Príncipe) е исто така португалски збор и значи „принц“. Принсип бил откриен на 17 јануари 1472 година, ден на Свети Антониј Велики. Така, првото име на островот бил Санто Антао (Свети Антониј), но името било променето во 1502 година во „Принцов Остров“ (Ilha do Príncipe), во чест на принцот на Португалија.
Историја
[уреди | уреди извор]Островите Саун Томе и Принсип биле ненаселени пред доаѓањето на португалците во околу 1470 година. Островите биле откриени од Жоао де Сантарем и Педро Ескобар. Цели три години португалските морепловци го истражувале островот пред да донесат одлука каде да биле изградена почетната база. Португалските морепловци го истражиле островот и одлучиле да останат таму бидејќи биле на добра местоположба. Се смета дека островот Саун Томе бил откриен на 21 декември 1471 година, денот на Свети Тома или на 17 јануари 1472 година, денот на Антониј Велики.[7] Во 1493 година било создадено првото населено место од страна на Алваро Камиња по заповед на кралот Жоау II од Португалија. Во 1500 година на истиот начин било основано и првото населено место на Принсип. Земјата била експлоатирана, а како главни робови служеле донесените евреи, осуденици и робови.[8] Многу бргу островот станал најголемиот производител на шеќер во Африка. Но по развојот на шеќерната трска во Западна Африка, значењето на островот во тој поглед се намалило. Во околу 1800 година започнало да се произведува кафе и какао. Од тој период до денес, Саун Томе и Принсип е најголемиот производител на какао во светот. Во 1875 година било укинето ропството, а во периодот помеѓу 1951—1972, островите станале провинција на Португалија.
Независност (1975)
[уреди | уреди извор]во 1953 година избувнало востание на работниците против португалската власт кое востание завршило по колежот на 1.000 востаници. По ова започнало да се шири националистичката свест и движење чија главна цел било ослободувањето на островите. На 12 јули 1975 година била прогласена независност. За прв претседател бил избран Мануел Пинто де Коста. Саун Томе и Принсип била меѓу првите африкански земји кои во 1990-тите донела демократски реформи и легализација на опозициските партии, така што изборите во 1991 година биле слободни. Мигел Тровада бил избран за претседател на двапати. Во текот на 2009 година во земјата имало обид за државен удар врз Фрадик де Менезес, кој истиот не бил успешен.[9]
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Островите Саун Томе и Принсип се наоѓаат во Алтантскиот Океан на околу 300 и 250 километри оддалеченост од Габон и воедно е втора најмала држава во Африка. Двата острова се дел од камерунската вулканска линија.
Саун Томе е 50 километри долг и 32 километри широк и повеќе е планински одошто Принсип. Највисокиот врв во Саун Томе е 2.024 метри. Принсип е долг 30 километри и 6 километри широк.
Климата во Саун Томе и Принсип е тропска и топла со просечна годишна темепература од 27 °C. Температурата ретко се подига над 32 степен. Ноќите се поладни. Дождната сезона во Саун Томе и Принсип е од октомври до мај.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Саун Томе и Принсип е повеќепартиско општество од 1990 година. Претседателот на Саун Томе и Принсип се избира за мандат од пет години. Еден претседател може да се кандидира за два мандата. Премиерот се избора од страна на претседателот, а додека четиринаесетчлениот кабинет се избира од страна на премиерот.
Националното собрание е составено од 55 членови, кои се избрани за четиригодишен мандат. Судската власт во Саун Томе и Принсип е независна.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Саун Томе и Принсип е поделен на две покраини: Принсип и Саун Томе.
Покраините понатака се поделени на седум области, од кои шест се на островот Саун Томе и една на островот Принсип. Принсип има самоуправувачка влада од 29 април 1995.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Од 1800-тите, економијата на Саун Томе и Принсип била заснована на земјоделието. Кога државата се обидувала да стекне независност, португалските поседи на плантажите заземале околу 90% од обработливата земја. После независноста, контролата над поседите потпаднала во рацете на повеќе земјоделски компании. Главна суровина за извоз на Саун Томе и Принсип е какаото и зазема околу 95% од вкупниот извоз.
Демографија
[уреди | уреди извор]Вкупното население на Саун Томе и Принсип е 138.500, од кои 137.500 живеат на Саун Томе, а додека 6.000 жители има на Принсип. Сите се потомци на различни етнички групи, па така досега се забележани:
- Местици - мешано население,
- Анголци - доселеници од Ангола,
- Службеници - работници од различни африкански држави,
- Тонги - деца на работници од различни држави,
- Европејци, особено португалци, и
- Азијци
Иако Саун Томе и Принсип е мала држава таа има четири национални јазици: португалски јазик (официјален), португалски креолски јазик, фороански јазик, анголски јазик и принсипски јазик.
Скоро цело население на Саун Томе и Принсип се христијани, поточно католици и протестанти.
- Христијани - 139,740
- Без Религија - 21,420
- Народна Религија - 4,930
- Други - 4,080
Култура
[уреди | уреди извор]Културата во Саун Томе и Принсип е мешавина на африкански и европски елементи.
Саун Томе е познат по усуата, додека Принсип по деша ритамот. Чилоли е музички танц кој изразува праматична приказна.
Политика
[уреди | уреди извор]Саун Томе и Принсип е една од првите африкански држави кои ја прифатиле демократијата. Оваа држава тоа го направила уште во 1990 година. На претседателските избори одржани во јули 2001 година, кандидатот поддржан од Независната демократска партија Фрадик де Менезес бил избран во првиот круг.
На 16 јули 2003 година мајорот Фернандо Переира ја презел власта во Саун Томе и Принсип со воен удар. Се смета дека воениот удар е последица на работата на владата со нафтените корпорации. По само седум дена преговори бил склучен договор и Переира се повлекол од власт, а Менезес пак ја водел државата.
Односи со други држави
[уреди | уреди извор]Саун Томе и Принсип генерално е во добри односи со повеќето држави. Државата има амбасади во Ангола,Белгија,Габон,Португалија и Соединетите Американски Држави. Член е на сојузот на држави во кои службен јазик е португалскиот јазик.
Војска
[уреди | уреди извор]Оваа држава има прилично мала војска и таа е поделена на четири делови: армија (Exército), морнарица (Guarda Costeira), претседателска гарда (Guarda Presidencial) и државна гарда.
Интересни факти
[уреди | уреди извор]Саун Томе и Принсип е првата држава која ја повлекла одлуката за признавање на Косово. Повлекувањето се случило во 2013 година.
Спорт
[уреди | уреди извор]Спортот е популарен во оваа држава. Фудбалот се истакнува како најпопуларен спорт.Фудбалската репрезентација на Саун Томе и Принсип е под раководство на фудбалската федерацијата на државата. Фудбалската репрезентација е член на Африканската Фудбалска Конфедерација и ФИФА.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Octávio Amorim Neto; Marina Costa Lobo (2010). „Between Constitutional Diffusion and Local Politics: Semi-Presidentialism in Portuguese-Speaking Countries“. Social Science Research Network. SSRN 1644026. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „Ministério Dos Negócios Estrangeiros e Comunidades da República Democrática de São Tomé e Príncipe“. Архивирано од изворникот на 2019-03-08. Посетено на 2017-11-10.
- ↑ „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „São Tomé and Príncipe“. International Monetary Fund. Посетено на 2013-04-17.
- ↑ „GINI index“. World Bank. Архивирано од изворникот 20 December 2013. Посетено на 26 July 2013.
- ↑ „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Архивирано (PDF) од изворникот 25 August 2017. Посетено на 21 March 2017.
- ↑ History[мртва врска]
- ↑ „The Expulsion 1492 Chronicles, section XI: "The Vale of Tears", quoting Joseph Hacohen (1496-1577); also, section XVII, quoting 16th century author Samuel Usque“. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ News
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Саун Томе и Принсип“ на Ризницата ? |
Видете саун томе и принсип во Викиречник, слободниот речник. |
- Влада
- Претседател на Саун Томе и Принсип
- Национално собрание на Саун Томе и Принсип
- Национален институт за статистика Архивирано на 13 ноември 2009 г.
- Централна банка на Саун Томе и Принсип
- Кабинет и шеф на државата Архивирано на 17 септември 2013 г.
- Општо
- Профил на BBC
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Саун Томе и Принсип“ (англиски)
- Саун Томе и Принсип Архивирано на 11 јуни 2010 г.
- Саун Томе и Принсип на Curlie (англиски)
- Вести
- Туризам
- Други
- Gulf of Guinea Conservation Group Архивирано на 10 април 2020 г.
|
|