Прејди на содржината

Западна Африка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Западна Африка ја зафаќа територијата меѓу приморјето на Гвинејскиот Залив и јужните делови на пустината Сахара и од Камерунските Планини на исток до Атлантскиот Океан на запад. Релјефот во Западна Африка е претежно низински, со незначителни територии под висорамнини и планини. Климата во Западна Африка е екваторска и тропска, со големи количества врнежи. Најпознати реки се Нигер, Волта, Сенегал, Гамбија и други.

На територијата на Западна Африка се наоѓаат следниве држави: Бенин, Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Гана, Зелен ’Рт, Либерија, Мали, Нигер, Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне и Того.

Држава Главен град Површина(км2) Население (ООН, 2009)
Бенин Порто Ново 112 622 8 935 000
Брегот на Слоновата Коска Јамусукро 322 460 21 075 000
Буркина Фасо Уагадугу 274 000 15 757 000
Гамбија Банџул 10 380 1 705 000
Гана Акра 238 534 23 837 000
Гвинеја Конакри 245 857 10 069 000
Гвинеја-Бисао Бисао 36 125 1 611 000
Зелен ’Рт Праја 4 033 506 000
Либерија Монровија 111 369 3 477 000
Мали Бамако 1 240 192 14 517 000
Нигер Нијамеј 1 267 000 15 290 000
Нигерија Абуџа 923 768 154 729 000
Сенегал Дакар 196 723 12 534 000
Сиера Леоне Фритаун 71 740 5 696 000
Того Ломе 163 610 6 619 000

Население и стопанство

[уреди | уреди извор]

Се забележува дека Западна Африка зафаќа помалку од една петтина од површината на Африка, или 5,2 милиони км2, но на неа живее една третина од населението во Африка односно околу 287 милиони жители. Со најмногу население се одликува Нигерија. Населението претежно се занимава со земјоделство и со сточарство. Најзастапени земјоделски култури се кафе, какао, пченка, банани, кикирики, маслодајни палми, шеќерна трска и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат говеда, кози и овци. Земјите од Западна Африка поседуваат и разни рудни богатства: железо, бакар, злато, алуминиум, олово, цинк, нафта и дијаманти. Индустријата е во постојан развој.

Поврзано

[уреди | уреди извор]