Аеродром (населба)
Аеродром | |
---|---|
Населба | |
Источниот дел на Аеродром. Гледано од Џевахир. | |
Координати: 41°59′1.9″N 21°27′35.8″E / 41.983861° СГШ; 21.459944° ИГД | |
Држава | Македонија |
Општина | Аеродром |
Површина | |
• Вкупна | 120,46 ха (29,766 acres) |
Аеродром — населба во истоимената Општина Аеродром.
Географија
[уреди | уреди извор]Населбата граничи со населбите Мичурин на запад, Острово на северозапад, 13 Ноември на север, Јане Сандански на североисток, Ново Лисиче, Реонски Центар на исток и Лисиче на југоисток.
Историја
[уреди | уреди извор]Заднина
[уреди | уреди извор]Населбата го добила своето име по старата местоположба на аеродромот „Скопје“ основан во 1920-тите, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.
Настанок
[уреди | уреди извор]Населбата настанала по Скопскиот земјотрес во 1963 година. По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму била сместена т.н. шаторска населба Аеродром-Вардар наменета за настраданите во земјотресот. Тој камп бил најголемото и најдобро организираното згрижувалиште во Општина Кисела Вода. Кампот во почетокот сместил 700 лица, а потоа бројката пораснала на 4,970 настрадани. Местоположбата на кампот била во близина на цивилниот аеродром. Оваа шаторска населба почнала да биде уредувана на 26 јули во 9 часот и попладнето била готова. Истиот ден почна да биде делена топла храна. Потоа за поголемите семејства биле подигнати бараки. Тука биле сместени жителите на Маџир Маало, Пролет и Ново Маало. Потоа шаторската населба била преселена во Мичурин, поточно во дворот на училиштето „Владимир Назор“.[1]
21 век
[уреди | уреди извор]Со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година, била создадена Општина Аеродром чија територија претходно припаѓала во Општина Кисела Вода. Во неа биле вклучени сите населени места (вклучително и населбата Аеродром) кои се наоѓале северно од пругата Скопје-Велес.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2002, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% се Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 63.764 |
Албанци | 850 |
Турци | 464 |
Роми | 459 |
Власи | 651 |
Срби | 2.125 |
Бошњаци | 403 |
Други | 6.392 |
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Број на избирачко место | Установа кадешто се наоѓа | Женски гласачи | Машки гласачи | Регистрирани гласачи |
---|---|---|---|---|
2686 | ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ" | 265 | 279 | 544 |
2687 | ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ" | 297 | 352 | 649 |
2688 | ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ" | 265 | 323 | 588 |
2689 | ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" | 186 | 289 | 475 |
2759 | ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" | 272 | 323 | 595 |
2752 | ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" | 277 | 332 | 609 |
2753 | ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" | 498 | 588 | 1086 |
2754 | ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" | 317 | 351 | 668 |
2755 | ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" | 282 | 345 | 627 |
2756 | ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" | 316 | 373 | 689 |
2757 | ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "БАМБИ" | 242 | 276 | 518 |
2758 | ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "БАМБИ" | 262 | 292 | 554 |
2760 | СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ "МАРИЈА КИРИ - СКЛОДОВСКА" | 726 | 887 | 1613 |
Вкупно | 4.205 | 5.010 | 9.215 |
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 6.052 жители, каде 49% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 18% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[5]
Образование
[уреди | уреди извор]Средни училишта
[уреди | уреди извор]Основни училишта
[уреди | уреди извор]Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Илија“ - изградена во 1997 година;
- Црква „Св. Петка“ - црква-параклис;
Аеродром како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Бисер и Три бисери“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).[6]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Висококатница во Аеродром
-
Воените кули во населбата Аеродром
-
Мотив од населбата Аеродром
-
Мотив од населбата Аеродром
-
Мотив од населбата Аеродром
-
Мотив од населбата Аеродром
-
Булеварот Васко Карангелески
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Животот во шаторските населби (2)“. okno.mk. 8 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-09. Посетено на 2 јануари 2023.
- ↑ Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
- ↑ Состојба 5.2024.
- ↑ „Избирачки список“.
- ↑ „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во
|title=
во положба 36 (help)[мртва врска] - ↑ Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 47-48.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Аеродром (населба)“ на Ризницата ? |
|
|