Маџари
Маџари | |
Влезен знак на населбата | |
Координати 41°59′57″N 21°29′42″E / 41.99917° СГШ; 21.49500° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Гази Баба |
Област | Скопско Поле |
Население | 12.874[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 1040 |
Шифра на КО | 25083 |
Надм. вис. | 236 м |
Маџари на општинската карта Атарот на Маџари во рамките на општината | |
Маџари на Ризницата |
Маџари — населба во Скопје, во рамките на Општина Гази Баба.
Историја
[уреди | уреди извор]Местото е населено уште од новото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Тумба.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано под името Маџарлак и имало 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 52 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 212 жители.[4]
На крајот на XIX век Маџари било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маџари живееле 120 Македонски христијани.[5][6]
На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Маџари имало 128 жители егзархисти.[5][7]
По Првата светска војна селото е преименувано во Душановац. Согласно државната политика за колонизирање на Вардарска Македонија, во селото е создадена колонија претежно од доселени Херцеговци.[8]
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 250 жители. Било дел од Општина Асанбегово.[9]
Во 1925 г. на местото на старата трошна црква е изграден храмот „Свети Спас“ („Вознесение Христово“). Во 1992 г. населението почнало да го преградува храмот од темел.[10]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го завел Маџарлик (Madžarlik) како село со нејасен етнички состав.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци и 50 други жители.[12]
Население
[уреди | уреди извор]Според последниот попис од 2002 година, Маџари има 12.874 жители.[1]
Следува табелa на националната структура на населението[13]
Народ | Жители |
Македонци | 11.450 |
Албанци | 199 |
Турци | 111 |
Роми | 477 |
Власи | 62 |
Срби | 440 |
Бошњаци | 169 |
останати | 171 |
Населението низ историјата
[уреди | уреди извор]Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 128 | 996 | 1.589 | 3.246 | — | — | — | — | 12.874 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
[уреди | уреди извор]Маџари е мешана населба, во минатото Маџари било село, но со тек на време станало населба.
Според податоците од 1950-тите родови во Маџари се.
- Македонски родови: Косолиовци (12 к.) доселени се од Косово. Се сметаат за многу стари доселеници; Кимовци (9 к.), Грујовци (6 к.) и Златановци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Неслатковци (5 к.) доселени се во турско време од Долно Лисиче, таму имаат истоимени роднини, кои се староседелци; Чадлевци (3 к.) доселени се на крајот на 19 век од селото Кадино; Чорбевци (3 к.) и Станковци (9 к.) доселени се од селото Јурумлери; Димковци (3 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Инџиково; Амиловци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Горно Лисиче; Чапкуновци (7 к.) доселени се од соседното селото Ќерамидница; Пацини (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Булачани; Караџини (5 к.) доселени се од селото Галичник, тука живеат од почетокот на 20 век; Корџовци (2 к.) доселени се од Долно Водно; Солњани (2 к.) доселени се од некое од селата Соње кај Водно; Баба Витини (1 к.) доселени се во 1940 година од селото Башино Село кај Велес; Дебрани или Мерџановци (2 к.) доселени се во 1939 година од околината на Дебар; Црногорци (2 к.) доселени се после Втората светска војна од селото Бродец на Скопска Црна Гора; Раштевци или Јовчевци (1 к.) доселени се од селото Раштак; Булачанци (4 к.) доселени се од селото Булачани, тука ги населиле бугарските власти во текот на Втората светска војна; Црешевчани (1 к.) доселени се од селото Црешево; Галичани (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Галичник, гранка се од родот Караџинци; Цветан Четник (1 к.) по потекло од Црешево. Овде населен од бугарските власти во текот на Втората светска војна; Велешани (5 к.) доселени се од Оризари кај Велес; Паланчани (4 к.) доселени се во 1948 година од некое село кај Крива Паланка; Исајловци (1 к.) доселени се од Баница кај Гостивар; Илија Ташак (1 к.) доселен од Скопје.
- Српски родови: Ѓуриќи (5 к.), Беатовиќи (4 к.) и Церовиќи (1 к.) доселени се од Херцеговина, овде дошле после 1918 година; Војводиќи (1 к.) доселени се од околината на Прокупље; Кокановиќи (1 к.) доселени се после Првата светска војна од Црна Гора; Радуловиќи (1 к.) не знаат од каде се доселени; Марјановиќи (3 к.) доселени се од некаде од Србија; Митиќи (5 к.) доселени се во 1936 година од околината на Ниш, ги викаат и Нишлији; Пејиќи (2 к.) доселени се во 1936 година од селото Црн Врв во околината на Лесковац; Врањанци (3 к.) доселени се во 1940 година од околината на Врање.
- Ромски родови: Еминовци (5 к.), Едиповци (2 к.), Бафтијар (1 к.) и Баба Рефкији (2 к.) доселени се од Јурумлери, во Маџари живеат од околу 1912 година; Џемаил (1 к.) и Абазовци (5 к.) од Долно Лисиче се; Јонуз (1 к.) доселени се од Јурумлери; Сефедин (1 к.) доселени се од Сингелиќ (денес Ченто); Приштинци (1 к.) доселени се од Приштина, Косово.
- Останати: Ѓоко (1 к.), Тодор (1 к.), Никола (1 к.) и Иван Козар (1 к.) Руси се, доселени се од Русија, овде живеат од 1938 година; Пепи (1 к.) Словенец, доселен од Словенија, овде е од 1945 година.[18]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Верски објекти
[уреди | уреди извор]Образование
[уреди | уреди извор]- ОУ „Наум Наумовски Борче“ — основно училиште
Спорт
[уреди | уреди извор]- ФК Маџари Солидарност — месен фудбалски клуб
- Стадион „Борис Трајковски“ — матичен стадион на клубот
Културно-историска оставнина
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[20]
- Ограда — населба од римско време
- Тумба — населба од неолитско време
- Улица „Димче Милошевски“ бр. 139 — осамен наод од римско време
- Ф-ка „Газела“ — патоказ од римско време
Личности
[уреди | уреди извор]Личности родени во Маџари:
- Боривоје Милошевски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Веле Ивановски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Пеце Ивановски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Добре Ивановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Божидар Ѓуриќ (1925-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Кирил Петрушевски (1977-2000) — македонски бранител, припадник на МВР
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Улица во Маџари
-
СОС детско село во Маџари
-
Реконструкција на неолитската населба Тумба
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.206
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.
- ↑ Палешутски, Костадин (1983). Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 – 1941. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 26. Посетено на 30 јануари 2014.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Архивирано од изворникот на 2017-05-23. Посетено на 2017-06-14.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. „Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder“, Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2018-01-03.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле. Скопје.
- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 378-379. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|