Мјанмар
Република на Унијата Мјанмар Pyidaunzu Thanmăda Myăma Nainngandaw
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Kaba Ma Kyei |
||||||
Местоположба на Мјанмар.
|
||||||
Главен град | Најпјидо 19°45′N 96°6′E / 19.750° СГШ; 96.100° ИГД | |||||
Најголем град | Јангон | |||||
Службен јазик | мјанмарски | |||||
Признаени регионални јазици | џингпоански, кајашки, каренски, чински, монски, ракински, шански | |||||
Службено писмо | мјанмарско писмо | |||||
Народности | Бамари 68% Шани 9% Карени 7% Ракинци 4% Кинези 3% Индијци 2% Монци 2% други 5% |
|||||
Демоним | Мјанмарци
(Мјанмарец/Мјанмарка) |
|||||
Уредување | унитарна претседателска држава | |||||
• | Претседател | Тејн Сејн | ||||
• | Потпретседател | Тин Аунг Мјинт О Сај Маук Кам |
||||
Законодавство | Сојузно собрание на Мјанмар | |||||
• | Горен дом | Дом на националности на Мјанмар | ||||
• | Долен дом | Дом на претставници на Мјанмар | ||||
Основање | ||||||
• | Паганско Кралство | 23 декември 849 | ||||
• | Таунгоанска династија | 16 октомври 1510 | ||||
• | Конбауншка династија | 29 февруари 1752 | ||||
• | Независност од Обединетото Кралство |
4 јануари 1948 | ||||
• | Државен удар | 2 март 1962 | ||||
• | Нов устав | 30 март 2011 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 676,578 км2 (40-та) | ||||
• | Вода (%) | 3.06 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2010 г. | 60,280,000[1] (24-та) | ||||
• | Попис 1983 | 33,234,000 (3) | ||||
• | Густина | 73.9 жит/км2 (119-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2011 г. | |||||
• | Вкупен | $81.553 милијарди[2] (76-та) | ||||
• | По жител | $1,307[2] (163-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $42.953 милијарди[2] (76th) | ||||
• | По жител | $702[2] (155-та) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.524[3] низок · 150та |
|||||
Валута | мјанмарски кјар (K) (MMK ) |
|||||
Часовен појас | MST (UTC+06:30) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .mm | |||||
Повик. бр. | 95 | |||||
1. | Некои влади го признаваат Јангон како главен град.[4] |
Мјанмар, официјално Република на Унијата Мјанмар или позната и по старото име Бурма — независна република во Југоисточна Азија. Мјанмар се граничи со Кина на североисток, со Лаос на исток, со Тајланд на југоисток, со Бангладеш на запад и со Индија на северозапад. На југозапад Мјанмар излегува на Бенгалскиот Залив, додека на јужно од државата се наоѓа Андаманското Море. Мјанмар има брег од околу 1.930 километри. Вкупната површина на Мјанмар е 676.578 км2 каде живеат околу 33.234.000 жители. Службен јазик на Мјанмар е мјанмарскиот јазик, додека главен град на државата е Непјидо.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Официјалното име на државата денес е Република на Унијата Мјанмар или скратено Мјанмар. Поранешното официјално име на државата било Република на Унијата Бурма или скратено Бурма. Името „Бурма“ доаѓа од мјанмарскиот збор „бамар“ () што е разговорна форма од зборот „мјанмар“ () или на старомјанмарски „мјанма“. Двата збора се однесуваат за државата и за мнозинското население, Бамари. Во Мјанмар, името на државата се изговара како Мјанма.
Во 1989 година воената хунта која владее со Мјанмар официјално го сменила името на државата во Мјанмар. Преименувањето на државата било спорно прашање.[5] Различни припадници на малцинските заедници во Мјанмар не го прифаќаат новото име на државата, бидејќи сметаат дека терминот „Мјанмар“ историски се однесува само за мнозинското бамарско население, одошто на земјата како политичка единица.[6][7]
Историја
[уреди | уреди извор]Ран период
[уреди | уреди извор]Археолошките ископувања во Мјанмар потврдуваат дека во земјата имало доста долг период до човекова цивилизација. Најстарите археолошки пронајдоци во Мјанмар се пештерските цртежи кои се наоѓаат во близина на градот Пада Лин и датираат од периодот на холоценот.[8][9]
Во науката се смета дека најстари жители кои ја населиле територијата на Мјанмар се Монците, кои мигрурале во долината на реката Иравади и до средината на 11 век п.н.е. биле доминантен народ во јужен Мјанмар.[10]
Народот Пју, кој е од тибетско-мјанмарските говорни народи, се доселил на територијата на Мјанмар во 1 век п.н.е. и создале неколку моќни град-држави, од кои најмоќна била Пјај во долината на реката Иравади. Монските и пјуските кралства биле важни транзитни зони при трговијата на Индија и Кина. Во 9 век, Пјуското Кралство почнало нагло да слабее и во долината почнала инвазијата на Кралството Нанчао.
Паганско Кралство
[уреди | уреди извор]Бамарите, кои припаѓаат на тибетско-мјанмарските народи, започнале да се доселуваат во долината на реката Иравади. Бамарите почнале да се иселуваат од Кралството Нанчао во почетокот на 7 век. Бамарите при нивното доселување затекнале состојба каде немало силна држава, бидејќи Пјуското Кралство се распаднало, и тие ја искористиле таа ситуација и создале своја држава позната како Паганско Кралство во 849 година и главен центар на бамарската држава бил градот Паган. Ова кралство било мало во моќ и територија сè до доаѓањето на власт на кралот Анаврата. Под негова власт, Паганското Кралство го проширило своето влијание низ целата територија на денешен Мјанмар.
Откако Анаврата го зазел главниот град на Монците, Татон, во 1057 година, Бамарите го прифатиле Теравада Будизмот како своја религија. Во тој период исто така и мјанмарското писмо било создадено, кое се засновало на монското писмо. Бидејќи Паганското Кралство имало голема придобивка од трговијата, владетелите на Кралството изградиле голем број пагоди и храмови, од кои голем дел и денес постојат.
Моќта на Паган полека започнала да слабее во 13 век. Кублај Кан заедно со својата моќна монголска војска навлегле на територијата на Мјанмар во 1277 година и го зазеле Паган во 1287 година. Со тоа, Паганското Кралство и моќта на Паган биле завршени.
Малите кралства
[уреди | уреди извор]Монголците кои навлегле и ја зазеле територијата на Мјанмар не можеле долго време да останат на тоа место поради своите зацртани планови и походи. Во меѓувреме, за време на инвазијата на Монголците, во долината на реката Иравади се доселиле Шаните и станале значаен фактор во гео-политичката ситуација во Југоисточна Азија.
Паганското Кралство, кое било покорено од Монголците, се распаднало на неколку помали кралства, како што се:
- Кралство Ава (1364–1555) - ова кралство било наследник на три помали мјанмаризирани шански кралства кои ја контролирале територијата на Горен Мјанмар,
- Кралство Пегу - монско кралство основано од монско-шанскиот крал Вареру кое ја контролирало територијата на Долен Мјанмар,
- Кралство Мраик У (1434–1784) - контролирало територии во западен Мјанмар,
- Неколку шански држави во Качинските Планини во северен Мјанмар.
Овој период од мјанмарската историја е карактеристичен по константните воени судири меѓу Пегу и Ава, и во помали размери меѓу Ава и Шаните. Кралството Ава за краток период (1379–1430) имало контрола над Ракине и биле многу блиско до задавње пораз на Пегу, но никогаш не можеле да го обединат целото старо мјанмарско кралство. И покрај бурниот пилитички и воен период, Мјанмар влегол во културен златен период. Во овој период значаен е подвигот на кралицата Шин Сау Бу која ја издигнала пагодата Шведагон со денешната височина.
Поради зачестените воени судири, до 15 век Кралството Ава било веќе значително ослабено. Неговите периферни територии или станале автономни држави или станале сосема независни. Во 1486 година, кралот Минкјињо (1486–1531) се одделил од Кралството Ава и основал свое независно кралство. Во 1527 година, Шаните конечно го освоиле Кралството Ава. Шаните владееле со Горен Мјанмар сè до 1555 година.
Таунгу
[уреди | уреди извор]Засилено од Бамарите кои пребегнале од Ава, малото Кралтво Таунгу под водство на кралот Табиншвехти го поразил помоќното монско кралство Пегу и со тоа се обединил Долен Мјанмар во 1540 година. Подоцна, наследникот на кралот Табиншвехти, Бајинаунг, поредводел поход за освојување на Манипур, Шанската Држава, Чијанг Мај, Кралството Ајутаја и Лан Санг со што голем дел од Југоисточна Азија била под негова власт и направил план за напад на Ракине.
Империјата на Бајинанунг почнала да се распаѓа веднаш по неговата смрт во 1581 година. Кралството Ајутаја се одделило од Империјата во 1593 година и започенале акции за заземање на Танинтари. Во 1599 година воените сили на Ракине, а помогнати од Португалците, го зазеле градот Пегу. Португалците ја искористиле оваа ситуација и воспоставиле своја контрола во Танлин, тогаш најзначаен приморски град во Мјанмар. Со ова ситуацијата во Мјанмар станала прекомплицирана.
Бамарите под водство на кралот Анаукпетлун се регрупирале и ги поразиле Португалците во 1611 година. Анаукпетлун повторно основал мало кралство со седиште во Ава кое ги контролирало териториите на Горен Мјанмар, Долен Мјанмар и шанските држави. По владеењето на кралот Талун, бамарското кралство доживеало постепен пад во наредните 100 години. Во овој период, Монците успешно одржале бунт против власта кои биле поддржани од Французите и Тајланѓаните, го отцепиле Долен Мјанмар во 1747 година и со тоа се завршило владеењето на династијата Таунгу во 1752.
Демократска република
[уреди | уреди извор]На 4 јануари 1948 година, Мјанмар станала независна република позната под името „Унија Бурма“. Како прв претседател на новата држава бил Сао Шве Таик, додека прв премиер на државата бил У Ну. За разлика од останатите држави кои некогаш биле британски колонии, Мјанмар не бил дел од Комонвелтот на нациите. Бурманското собрание било дводомно, односно составено од Комора на пратеници и Комора на националности.[11]
Денешните граници и територијата на Мјанмар се засновани со Пандлоншкиот Договор, каде во едно се соединиле Горен Мјанмар и Долен Мјанмар, но и Источните предели. Сите овие за време на колонизацијата имале посебни администрации.[12]
Во 1961 година, У Тант, бурманскиот пратеник во ООН и поранешен Секретар на премиерот, бил избран за Генерален секретар на Обединетите Нации, кој воедно бил прв генерален секретар кој не бил од Западот и ја вршел таа функција десет години.[13]
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Политички систем
[уреди | уреди извор]Административна поделба
[уреди | уреди извор]Мјанмар е поделен на седум држави и седум области.[14] Областите се населени со Бамари. Следува табеларен приказ на административната поделба на Мјанмар.
Бр. | Држава/ Област | Округ | Градска општина | Град | Кварт | Селска област | Село |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Качин | 3 | 18 | 20 | 116 | 606 | 2630 |
2 | Карен | 2 | 7 | 7 | 29 | 79 | 624 |
3 | Каја | 3 | 7 | 10 | 46 | 376 | 2092 |
4 | Чин | 2 | 9 | 9 | 29 | 475 | 1355 |
5 | Сагаин | 8 | 37 | 37 | 171 | 1769 | 6095 |
6 | Танинтаји | 3 | 10 | 10 | 63 | 265 | 1255 |
7 | Баго | 4 | 28 | 33 | 246 | 1424 | 6498 |
8 | Магве | 5 | 25 | 26 | 160 | 1543 | 4774 |
9 | Мандалај | 7 | 31 | 29 | 259 | 1611 | 5472 |
10 | Мон | 2 | 10 | 11 | 69 | 381 | 1199 |
11 | Ракајн | 4 | 17 | 17 | 120 | 1041 | 3871 |
12 | Јангон | 4 | 45 | 20 | 685 | 634 | 2119 |
13 | Шан | 11 | 54 | 54 | 336 | 1626 | 15513 |
14 | Иравади | 5 | 26 | 29 | 219 | 1912 | 11651 |
Вкупно | 63 | 324 | 312 | 2548 | 13742 | 65148 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Религија
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]Мјанмар има население од околу 56 милиони жители.[15] Бројките за населението се проценки бидејќи последниот попис од 1983 година не бил целосен.[16] Уште од 1931 година во Мјанмар не бил спроведен веродостоен национален попис. Во Тајланд има регистрирано околу 600.000 мјанмарски мигранти и уште над милион кои работат нелегално. Околу 80% од вкупните мигранти во Тајланд се Мјанмари.[17] Мјанмар има густина на население од околу 75 жители на километар квадратен што е едно од најмалите во Југоисточна Азија. Покрај границите со Индија, Бангладеш и Тајланд постојат бегалски кампови, но има и неколку илјади бегалци во Малезија. Според проценките, од Мјанмар има околу 295.800 бегалци и воглавно сè до самата граница со Тајланд.[18]
Според УНЕСКО, официјалната стапка на неписменост во Мјанмар во 2000 година била 89.9%.[19] Историски, Мјанмар имал висока стапка на писменост.
Владата на Мјанмар признава околу 135 различни етнички групи кои живеат во државата. Иако е тешко да се провери оваа проценка, сепак најмалку 108 етнолингвистички групи живеат во Мјанмар, голем дел од тибетско-бурманските народи, но и даички, хмонгмјенски и монкмерски народи.[20] Бамарите се мнозинско население во државата и сочинуваат околу 68% од вкупното население.[21] Околу 10 % од населението се Шанци[21], Карените се 7%[21], Ракинците се 4% и Бурманските Кинези се околу 3% од населението.[21][22] Малцинствата се нарекиваат „етнички националности“. Покрај овие наведени, во Мјанмар живеат и останати етнички групи.
Јазици
[уреди | уреди извор]Мјанмар е дом на четири јазични семејства, синотибетски јазици, крадајски јазици, австроазиски јазици и индоевропски јазици.[23] Најмногу зборувани јазици од сите овие семејства се синотибетските јазици, меѓу кои: мјанмарски јазик, каренски јазик, џингпоски јазик, чински јазик и кинески јазик. Основниот крадајски јазик е шанскиот јазик. Од австроазиските јазици застапени се монски јазик, палаунски јазик и васки јазик. Од индоевропските јазици најзастапени се палискиот јазик кој е литургиски јазик и англискиот јазик.[24] Единствен службен јазик во Мјанмар е мјанмарскиот јазик.
Мјанмарскиот јазик е мајчин јазик на Бамарите и е сроден јазик со тибетскиот и кинескиот јазик.[24] Јазикот се пишува со мјанмарско писмо кое е составено од кружни и полукружни букви кои потекнуваат од монското писмо, кое пак потекнува од индиското писмо настанато во 8 век. Најраниот натпис на мјанмарско писмо потекнува од 11 век. Ова писмо се користи и за запишување на палискиот јазик, но и останати малцински јазици како на пример шанскиот јазик, некои каренски дијалекти и каренскиот јазик.[25] Бурманскиот јазик е јазик кој вклучува учтивост при зборувањето и е внимателен за староста на говорниците.
Религија
[уреди | уреди извор]Околу 89% од вкупното население на Мјанмар се будисти. Покрај нив застапени се и христијанството со 4%, исламот со 4%, хиндуизмот со 1% и останати локални религии со 2%.
Во Мјанмар се застапени повеќе религии. Најголема религија во државата е будизмот и во државата се одржуваат голем број фестивали и прослави тесноповрзано со оваа религија. Христијанското и муслиманското население претрпуваат притисок во Мјанмар па така за тоа население кое не е будистичко во Мјанмар не му се гарантира дека ќе може да биде дел од војската или да успее во државата.[26] Оваа ситуација е доста застапена во Источен Мјанмар каде 3.000 села биле уништени во изминатите 10 години.[27][28][29] Повеќе од 200.000 муслимани се преселиле во Бангладеш во изминатите 20 години.[30]
Култура
[уреди | уреди извор]Мјанмар како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Бурманските денови“ - книга на британскиот писател Џорџ Орвел од 1934 година.[31]
- „Мисија во Бурма“ (Mission of Burma) - американска рок-група.[32]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ <http://www.adb.org/Documents/Fact_Sheets/MYA.pdf Архивирано на 26 декември 2018 г.>. Retrieved 8 July 2010.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Burma (Myanmar)“. International Monetary Fund. Посетено на 6 May 2011.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ „CIA – The World Factbook – Burma“. Архивирано од изворникот на 2010-10-06. Посетено на 2012-04-02.
- ↑ Houtman, Gustaaf (1999). Mental culture in Burmese crisis politics. ILCAA Study of Languages and Cultures of Asia and Africa Monograph Series No. 33. Institute for the Study of Languages and Cultures of Asia and Africa. стр. 43–47. ISBN 978-4872977486. Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 2010-08-17.
- ↑ Myint-U, Thant (2001). The Making of Modern Burma. Cambridge: Cambridge Univ. Press. ISBN 0-521-79914-7.
- ↑ The Burma Road from the Union of Burma to Myanmar, Mya Maung, Asian Survey, Vol. 30, No. 6, June 1990, p 602
- ↑ U Aung Thaw. „Mon history“ (PDF). Burma Research Society; Yangon University, Yangon, Myanmar. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-25. Посетено на 25 February 2009.
- ↑ John N. Miksic (2003). Earthernware in Southeast Asia. NUS Press; National University of Singapore, Singapore. ISBN 9789971692711. Посетено на 25 February 2009.
- ↑ George Aaron Broadwell. „Mon history“. Dept. of Anthropology; University at Albany, Albany, New York. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 11 July 2006.
- ↑ „The Constitution of the Union of Burma“. DVB. 1947. Архивирано од изворникот 2006-06-15. Посетено на 7 July 2006.
- ↑ Smith, Martin (1991). Burma -Insurgency and the Politics of Ethnicity. London and New Jersey: Zed Books. стр. 42–43.
- ↑ Aung Zaw. „Can Another Asian Fill U Thant's Shoes?“. The Irrawaddy September 2006. Посетено на 12 September 2006.
- ↑ „Administrative divisions“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. 29 June 2006. Архивирано од изворникот на 2007-09-11. Посетено на 9 July 2006.
- ↑ „POPULATION AND SOCIAL INTEGRATION SECTION (PSIS)“. UN Economic and Social Commission for Asia and the Pacific. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2010-08-17.
- ↑ „Conflict and Displacement in Karenni: The Need for Considered Responses“ (PDF). Burma Ethnic Research Group. 2000. Посетено на 13 July 2006.
- ↑ „Thailand: The Plight of Burmese Migrant Workers“. Amnesty International. 8 June 2006. Архивирано од изворникот 2006-03-23. Посетено на 13 July 2006.
- ↑ „Myanmar Refugees in South East Asia“ (PDF). UNHCR. 2006. Посетено на 13 July 2006.
- ↑ „Adult (15+) Literacy Rates and Illiterate Population by Region and Gender for“. UNESCO Institute of Statistics. 2006. Архивирано од изворникот (XLS) на 2007-06-25. Посетено на 13 July 2006.
- ↑ Gordon, Raymond G., Jr. (2005). „Languages of Myanmar“. Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. SIL International. Посетено на 13 January 2007.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 „Background Note: Burma“. Bureau of East Asian and Pacific Affairs. U.S. Department of State. 2005. Посетено на 7 July 2006.
- ↑ Mya Than (1997). Leo Suryadinata (уред.). Ethnic Chinese As Southeast Asians. ISBN.
- ↑ Gordon, Raymond G., Jr. (2005). „Languages of Myanmar“. SIL International. Посетено на 14 July 2006.
- ↑ 24,0 24,1 Gordon, Raymond G., Jr. (2005). „Language Family Trees: Sino-Tibetan“. Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. SIL International. Посетено на 9 July 2006.
- ↑ „Proposal for encoding characters for Myanmar minority languages in the UCS“ (PDF). International Organization for Standardization. 2 April 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-07-23. Посетено на 9 July 2006.
- ↑ "Ethnic and Religious Diversity: Myanmar's Unfolding Nemesis", Matthews, Bruce, Institute of South East Asian Studies, Visiting Researcher Series, Volume 2001, No. 3. 2001.
- ↑ Thailand Burma Border Consortium (2007). „Internal Displacement in Eastern Burma 2006 Survey“. Архивирано од изворникот на 2007-05-15. Посетено на 4 February 2007.
- ↑ Priestly, Harry (17 January 2006). „The Outsiders“. The Irrawaddy. Посетено на 7 July 2006.
- ↑ Samuel Ngun Ling (2003). „The Encounter of Missionary Christianity and Resurgent Buddhism in Post-colonial Myanmar“ (PDF). Payap University. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-03-02. Посетено на 14 July 2006.
- ↑ Burmese exiles in desperate conditions. BBC News. 29 September 2007.
- ↑ Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
- ↑ Официјално мрежно место - Mission of Burma (пристапено на 13.5.2017)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Влада
- Владин портал на Мјанмар
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 7 февруари 2012 г.
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Мјанмар“ (англиски)
- Мјанмар на UCB Архивирано на 5 декември 2009 г.
- Myanmar на Викимедииниот атлас
Википатување има туристички водич за Myanmar. - Burmese/Myanmar Пребарувач на мјанмарски
- Велосипедизам во Мјанмар Архивирано на 21 јуни 2010 г.
- Хронологија на мјанмарската историја
- MyanmaThadin
- Myanmar Law Firm
Административна поделба на Мјанмар Окрузи: Иравади | Баго | Магве | Мандалај | Сагаин | Танинтаји | Јангон Држави: Чин | Качин | Каја | Карен | Мон | Ракајн | Шан Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао Самоуправувачки округ: Ва Сојузна територија: Непјидо Нормативна контрола