Подмол
Подмол | |
Координати 41°12′59″N 21°33′51″E / 41.21639° СГШ; 21.56417° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 110 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20081 |
Подмол на општинската карта Атарот на Подмол во рамките на општината | |
Подмол на Ризницата |
Подмол — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Прилепското Поле, оддалечено 29 километри југоисточно од Прилеп.
Историја
[уреди | уреди извор]- 3. Павла Чука,Раноантичка монументална кружна гробница на пелагонски владетел, можеби кралот на Пелагонците од 4 век пред н.е. (раководител на наоѓалиштето доцент д-р Антонио Јакимовски, супервизор проф. д-р Виктор Лилчиќ од Филозофски факултет Скопје)
- 4. Колкот, доминантен рид југоисточно над Павла Цука со остатоци од кружна култна градба, со пречник 30 метри за ритуални манифестации.
- 5. Долот од Павла Чука до подножјето на Висока на исток, голема раноантичка некропола на градот Пелагониа (?)
Археолошко наоѓалиште Павлова чука
Македонски тип гробница од Старо Бонче Археолошкото наоѓалиште Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена. Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. На почетокот на засводениот дромос од двете негови страни откриен е ѕид кој во вид на прстен ја окружува целата гробница. Ѕидот е составен од три реда монолитни блокови со 1,5 метри висина. Пречникот на овој ѕид е 32 метри, а вкупната должина на ѕидот би изнесувала околу 100 метри. Засводениот дел на дромосот и ѕидот кој ја окружува гробницата се ѕидани од монолитни гранитни блокови со правоаголна форма, а некои од нив достигнуваат тежина и до 2 тона. Мајданот за овие монолитни блокови се наоѓа на околу 800 метри јужно од гробницата. Тие во аморфни форми се носени до гробницата, а потоа се доработувани на самото место. По засводениот дел на дромосот констатирани се преткомората која има димензии од 1,5 x 3,0 метри и комората со димензии од 4,0 x 3,0 метри, со зачуваната висина од 2 метри. Комората и преткомората се направени од прецизно сечени блокови од бигор со правоаголна форма со димензии 0,50 метри висина, а должината е меѓу 0,80 и 1.20 метри. Зачувани се и два мермерни прага преку кои од засводениот дромос се влегувало во преткомора и комората, а на кои стоеле двокрилни врати. Во предниот дел и надвор од дромосот, поточно источно и западно од дромосот, откриени се 8 детски гробови кои според монетите откриени во нив може да се датираат во крајот на IV и V век. Според позицијата на овие гробови, може да се заклучи дека гробницата била ограбена и разградувана уште во антиката. Во отсуство на материјал од времето кога е изградена гробницата, околу датацијата можеме да се потпреме на архитектурата. Имено, аналогни гробници со овој тип на свод најрано се датирани по средината на IV век пред н.е., односно повеќето кои работеле на оваа проблематика се согласни дека овој тип на свод на македонските гробници започнува да се применува по освојувањата на Александар III Македонски. Дел од ѕидот кој ја окружува гробницата Комората во фаза на истражување Кралска гробница во Бонче Теракота Внатрешноста на засводениот дел на дромосот
Главно селото се занимава со земјоделство, тутун и житни култури. А со сточарство со одгледување на овци и крави.
Во селото живее исклучиво македонско население.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подмол живееле 250 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Подмол имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подмол се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Подмол има 138 жител, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 110 жители, од кои 104 Македонци, 1 Албанец и 5 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 208 | 415 | 487 | 552 | 448 | 343 | 214 | 185 | 138 | 110 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Подмол е македонско село.
Родови во Подмол се:
- Староседелци или стари доселеници со непознато потекло: Димитриовци (14 куќи) се делат на Балтовци, Котевци и др. Основачот на родот се викал Димитрија и имал 3 синови; Торневци (3 куќи) за нив се вели дека од старо време се во селото.
- Доселеници: Кржевци (9 куќи) доселени се од селото Пателе во леринско. Со Степановци во Лопатица не се род иако имаат исто место на старина, го знаат следното родословие: Митре (жив на 54 г. во 1955 година) Ристе-Тале-Мицо-Грујо. Од селото Пателе се иселиле тројца браќа, едниот од нив (Грујо) се населил овде. Додека другите двајца браќа се иселиле во тивкешко, во близина на Градско; Сиџимовци (6 куќи) и Кеновци (5 куќи) доселени се во XIX век од некое село Единаково, денес во Грција; Дабевци (3 куќи) доселени се но не знаат од каде, имаат деленици од Подмол во Лознани (Ралевци) и Српци (Кучкаровци); Саботковци (2 куќи), Јанкуловци (2 куќи) и Московци (2 куќи) доселени се однекаде; Зуберовци (2 куќи) доселени се од Бонче, таму им се род Бабјаковци; Дамјановци (4 куќи) доселени се исто така од Бонче, таму им се род Топчиовци, подалечно потекло од мариовското село Дуње; Чунтевци (1 куќа) доселени се во турско време од Бонче, таму им се род Чулевци; Аџиовци (1 куќа) доселени се од селото Лопатица, каде имаат исотимени роднини доселени од мариовското село Градешница; Прусковци (1 куќа) порано биле ковачи, живееле во разни села; Бешлаковци (5 куќи) доселени се на почетокот на 20 век од селото Мусинци, и таму биле доселени однекаде; Орленци (3 куќи) доселени се во 1917 година од мариовското село Орле.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Археолошки локавитет Павлова чука
Македонски тип гробница од Старо Бонче
Археолошкиот наоѓалиштето Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена. Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. На почетокот на засводениот дромос од двете негови страни откриен е ѕид кој во вид на прстен ја окружува целата гробница. Ѕидот е составен од три реда монолитни блокови со 1,5 метри висина. Пречникот на овој ѕид е 32 метри, а вкупната должина на ѕидот би изнесувала околу 100 метри. Засводениот дел на дромосот и ѕидот кој ја окружува гробницата се ѕидани од монолитни гранитни блокови со правоаголна форма, а некои од нив достигнуваат тежина и до 2 тона. Мајданот за овие монолитни блокови се наоѓа на околу 800 метри јужно од гробницата. Тие во аморфни форми се носени до гробницата, а потоа се доработувани на самото место. По засводениот дел на дромосот констатирани се преткомората која има димензии од 1,5 x 3,0 метри и комората со димензии од 4,0 x 3,0 метри, со зачуваната висина од 2 метри. Комората и преткомората се направени од прецизно сечени блокови од бигор со правоаголна форма со димензии 0,50 метри висина, а должината е меѓу 0,80 и 1.20 метри. Зачувани се и два мермерни прага преку кои од засводениот дромос се влегувало во преткомора и комората, а на кои стоеле двокрилни врати. Во предниот дел и надвор од дромосот, поточно источно и западно од дромосот, откриени се 8 детски гробови кои според монетите откриени во нив може да се датираат во крајот на IV и V век. Според позицијата на овие гробови, може да се заклучи дека гробницата била ограбена и разградувана уште во антиката. Во отсуство на материјал од времето кога е изградена гробницата, околу датацијата можеме да се потпреме на архитектурата. Имено, аналогни гробници со овој тип на свод најрано се датирани по средината на IV век пред н.е., односно повеќето кои работеле на оваа проблематика се согласни дека овој тип на свод на македонските гробници започнува да се применува по освојувањата на Александар III Македонски.
Дел од ѕидот кој ја окружува гробницата
Комората во фаза на истражување
Кралска гробница во Бонче
Теракота
Внатрешноста на засводениот дел на дромосот
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1497 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 123 гласачи.[14]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Повеќето си заминуваат од Подмол во Прилеп или во друг град.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Подмол“ на Ризницата ? |