Живово
Живово | |
Поглед на куќи во Живово | |
Координати 41°12′28″N 21°48′59″E / 41.20778° СГШ; 21.81639° ИГД | |
Регион | Мариово |
Општина | Прилеп |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20038 |
Надм. вис. | 950 м |
Живово на општинската карта Атарот на Живово во рамките на општината | |
Живово на Ризницата |
Живово — целосно раселено село во Општина Прилеп, во областа Мариово, југоисточно од градот Прилеп.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Живово е планинско село. Се наоѓа во областа Мариово. Тоа е сместено на планината Козјак, од десната страна на Црна Река (предел познат како Старо Мариово).
Историја
[уреди | уреди извор]Селото Живово за првпат се спомнува во пописните отомански дефтери од 1476 година.
Во XIX век, Живово било село во Мариовската нахија во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Живово живееле 360 жители, од кои 350 Македонци и 10 Роми.[2] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Живово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 58 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Селото броело 250 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле само пет жители, Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Живово немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360 | 400 | 225 | 243 | 250 | 79 | 7 | 5 | 5 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Живово, Витолиште и Врпско.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи.[12].
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Цркви
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Петка“ - Живово — главна селска црква, изградена во 1893 година
- Црква „Св. Петар и Павле“ - Живово - помала селска црквичка
Личности
[уреди | уреди извор]- Трајко Волчев Зојката - војвода и револуционер
- Жртви во војната 1941-1945[13]
- Ѓорѓија Митревски (1906-1941), загинал во Априлската војна, кај Косовска Митровица
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на црквата Св. Петка селото Живово
-
Поглед на црквата Св. Петка селото Живово
-
Поглед на црквата Св. Петка селото Живово
-
Црквата Св. Петар и Павле во Живово
-
Остатоци од темели на разрушени куќи во Живово
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Žrtve rata 1941-1945 (PDF). Muzej žrtava genocida Beograd. 1997. стр. 223.